Спорт
Продолжи агонијата на Рома, Интер на врвот во Серија А

Фудбалерите на Рома и по четвтрото коло во Серија А се без победа, вицепрвакот на Италија со само два бода се наоѓа на 18-то место на табелата.
Фудбалерите на Рома и по четвтрото коло во Серија А се без победа, вицепрвакот на Италија со само два бода се наоѓа на 18-то место на табелата.
Во четвртото коло, Рома загуби во Бреша со 2:1. Бреша со оваа победа се наоѓа на второто место на табелата со само еден бод помалку од лидерот Интер.
Интер во ова коло го порази Бари со 4:0, два гола постигна Милито, а два пати од белата точка беше прецизен Ето. Горан Пандев започна во стартниот состав на Интер и го одигра целиот натпревар.
Малото дерби во Џенова помеѓу домаќинот и Фиорентина заврши без победник 1:1. Катанија и го нанесе првиот пораз во сезоната на Чезена, на Сицилија домаќинот победи со 2:0. Болоња со голот на ветеранот Марко ди Вајо постигнат во 90-та минута го совлада Удинезе со 2:1. Лече и Парма ги поделија бодовите играјќи 1:1, додека Киево го изненади Наполи победувајќи го во Неапол со 3:1.
Во дербито на колото во Рим на „Олимпико“, Лацио и Милан ги поделија бодовите. Ибрахимовиќ го постигна голот за Милан, израмнувачкиот гол за Лацио е дело на Флокари.
Четвртото коло во Серија А вечерва ќе биде комплетирано со натпреварот помеѓу Јувентус и Палермо. крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Касано: Во Реал бев дебел, јадев „Нутела“ од тегла

Антонио Касано, контроверзното момче на италијанскиот фудбал, открил зошто не успеал да направи кариера во најпознатиот светски клуб, Реал Мадрид.
Касано, како голем талент од Бари се пресели во Рома, со „волчицата“ ја освои Серија А, а во 2006 година направи трансфер во Реал. На „Сантијаго Бернабеу“ не успеа да се докаже, на 29 натпревари постигна само четири гола.
Касано, во Реал, имаше проблеми со тежината. Во Мадрид пристигнал со 12 килограми повеќе, успеал да дојде до посакуваната телесна маса, а „благодарение“ на клупскиот спонзор „Нутела“, во еден момент имал 14 килограми повеќе.
„Во Реал Мадрид, некако успеав да ја намалам тежината, скинав 12 килограми, но кога во клубот дојде Фабио Капело, повторно се здебелив. Клупски спонзор беше „Нутела“. Добивавме по 5 килограми месечно од нивните производи“, рекол Касано за Бобо ТВ и дополнил.
„Кога дојде Капело постигнав два гола во два натпревари, се чувствував како крал на светот. Потоа ме извади од игра против Лион, се искарав со него во Херез и тој ме исфрли од тимот. За седум месеци додадов 14 килограми. Јадев Нутела од тегла, ми беше гајле за се“.
Касано по заминувањето од Реал играше во Сампдорија, Интер и Милан.
Спорт
„Дерби на Италија“ за потписот на Џовани Рејна

Дерби на Италија ќе се води за потисот на младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна. „Билд“, тврди дека сериозен интерс за 18-годишниот фудбалер покажале Интер и Јувентус.
„Билд“ пишува дека доколку сакаат да го донесат Рејна во своите редови, италијанските клубови ќе мора да платата 40 милиони евра.
Рејна е роден во Англија, а игра за репрезентацијата на САД. Оваа сезона за Борусија, одиграл 26 натпревари, постигнал четири гола и забележал пет асистенции.
Џовани е син на поранешниот репрезентативец на САД, Клаудио Рејна, кој во кариерата играл за Баер Леверкузен, Волфсбург, Глазгов Ренџерс, Сандерленд, Манчестер сити и Њујорк Ред Бул.
Спорт
Милан две недели без Кјер

Столбот на одбраната на Милан, Симон Кјер, нема да може да им помогне на соиграчите најмалку две недели. Данецот, го повреди мускулот, на почетокот на дербито со Интер, одигран во вторникот, во Купот на Италија. Интер го победи Милан со 2: и се избори за полу-финален меч со Јувентус.
Покрај Кјер, повреда на мечот со Интер, заработи и младиот Шпанец Брахим Дијаз.
Милан, во сабота ќе игра против Болоња. Овој меч покрај Кјер и Дијаз, ќе го пропушти и Хакан Чалханоглу, кој полека се враќа во тимот, откако беше во изолација поради коронавирусот.
Добра вест за Стефано Пиоли е враќањето на Исмаел Бенасер. Алжирецот месец и пол отсуствуваше поради повреда.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома