Црна хроника
По 20 години затвор за сопружниците за убиството на Мевљана

Сопружниците Џемаил Браими и Јасмина Махмуд се осудени на по 20 години затвор за убиството на тригодишното девојче Мевљана кое беше претепано до смрт минатата година на 21 март.
Обвинителот во овој случај, Дарко Јакимовски во завршните зборови побара да се казнат двајцата сопружници, бидејќи како што рече, заштитата на детето е највисоко на пиедесталот во секое современо општество и никој нема право независно дали за тоа постои причина да посегнува по животот на детето.
Обвинетите пак, до последното рочиште тврдеа дека не го убиле девојчето, туку дека се случил несреќен случај.Пред неколку дена измина точно една година од смртта на малечката Мевљана. Според обвинението, двајцата сопружници ја чувале Мевљана и нејзиното братче додека мајка им била на работа.Невенчаните сопружници ја претпале малата Мевљана оти се измокрила на тепихот.Вештачењето покажало дека девојчето било тепано со тупаници, клоци, притискање со нога, а на вратот имало и знаци на давање. Нејзината мајка побара обвинетите да бидат во затвор додека се живи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.