Македонија
Митриновски тешко болен седницата на Судскиот совет одложена
Судскиот совет ја одложи расправата за случајот со поранешниот претседател на Апелациониот суд во Скопје, Јордан Митриновски, за кој е побарано разрешување
Причина за презакажувањето на седницата е лошата здравствена состојба на поранешниот пртседател на Апелацискиот суд Скопје, Јордан Митриновски. Неговиот адвокат Ефто Спировски пред петчлениот совет појасни и даде документација дека Митриновски има ангина пекторис, проблеми со срцето и со рамнотежата со психата. Според адвокатот ваквата здравствена состојба на судијата Митриновски е по настаните околу случајот кога тој одлучи, а Врховниот суд му ја преиначи одлуката – босот на цигарите Бајруш Сејдии да биде пуштен од притвор. Поради таа одлука Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, поднесе барање до Судскиот совет да се разгледа работата на Митриновски да се одлучи дали тој ќе биде разрешен од судија. Седницата траеше половина час за кое време членовите на советот одлучуваа дали да ја одложат седницата на која и самиот Митриновски сака да присуствува и да ја каже вистината за предметот со Бајруш. Советот реши да ја одложи седницата со напомена дека следно одложување нема да има и седницата ќе се одржи и без Митриновски бидејќи неговото присуство не е задолжително, а веќе една седница била одложена на која тој не споменал дека има здравствени проблеми. На ова жестоко реагираше неговиот адвокат кој ги обвини членовите на советот дека се сомневаат во здравјето на нивни колега кој доколку му се влоши уште повеќе здравствена состојба може да се случи и најлошото. Адвокатот пред медиумите изјави дека оставката од претседателското место Митриновски ја дал под силен притисок и закани за неговото семејство од високи судски структури. “Aко неколкупати се сугерира Митриновски да даде оставка , може да се заклучи дека одлуката е донесена. За да комисијата си ја покрие работата иако е на мислење дека нема потреба од разрешување, тогаш најлесно е да си даде оставка. Потешко би им било без оставка да го разрешат на очигледно законска работа”, изјави адвокатот Спировски. Тој најави дека Митриновски на судскиот совет ќе му достави десетина слични одлуки кои се законски за кои никој не повел постапка. „Постапката е законска, а за какви и да се притисоци и закани не сум информиран. Доколку ги има како и за сите така би постапиле и за Митриновски”, изјави подносителот на пријавата претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зегин во духот на хуманоста и желбата за сплотеност повторно го поддржа големиот празник Богојавление (Водици)
Големиот Христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата Зегин. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната Скопска манифестација а истата се одржа и во останатите Скопски општини како и во градовите ширум цела држава.

Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година како и сите оние кои со голема храброст влегоа во светите води.

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува и на овој Христијански празник со тоа што обезбеди награди за преку 70 општини во земјата.

Со овој празник се заокружуваат дванаесетте „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници.

Компанијата Зегин посакува многу здравје, среќа, успех и мир на сите оние кои беа дел од манифестацијата, како и на нивните семејства.

ПР
Македонија
Македонски Концепт упати Дипломатски манифест до САД: Веруваме дека Македонија припаѓа во кругот на стабилни, демократски и доверливи западни сојузници
„Политичката партија Македонски Концепт, како легитимен политички субјект во Република Македонија со јасна про-западна, демократска и реформска ориентација, упатува Дипломатски манифест до САД, со цел да придонесе кон јасно, отворено и одговорно преиспитување на состојбата на билатералните односи. Ние веруваме дека демократијата има право и обврска да се брани“, соопштуваат од Македонски Концепт.
„Манифестот беше усвоен од страна на Националниот Комитет на МК на 19.02.2026 година, кој констатира дека стратешкото партнерство со САД претставува клучен столб на националната безбедност, политичката стабилност и про-западна ориентација. Секое сериозно нарушување или релативизирање на ова партнерство создава вакуум кој ја зголемува институционалната ранливост, отвора простор за деструктивни влијанија и ја поткопува довербата во демократските процеси.
Со особена загриженост го констатираме фактот дека Република Македонија во одредени контексти се третира во ист ранг со држави кои се соочуваат со сериозни безбедносни и институционални колапси. Тоа не е резултат на еден настан, туку на долгорочна државна слабост и недоволна решителност во справувањето со појави на верски радикализам, антизападни и прокомунистички идеолошки наративи и институционална корупција и недоследно владеење на правото.
Во таа насока, Манифестот ја афирмира потребата од политичка и економска декомунизација, лустрација, заштита на христијанско културно – историско наследство и сузбивање на појавите на нелегалната миграција која ги уништува традиционалните вредности во нашите општества. Искажуваме политичка волја за јасна корекција кон донесување на законодавни и институционални механизми против верски радикализам, јасно дистанцирање од комунистичката и секоја тоталитарна идеологија, системска борба против корупцијата, со мерливи и проверливи резултати.
Македонски Концепт ја поддржува идејата за продлабочен билатерален стратешки и безбедносен компактен однос меѓу Македонија и САД, а како членка на НАТО и деклариран сојузник, имаме легитимно право на отворен дијалог, фер проценка и почитување на постојните договори за стратешко партнерство. Охрабруваме директна комуникација, јасни критериуми и заемна одговорност, како основа за обновување на довербата.
Македонски Концепт верува дека Македонија припаѓа во кругот на стабилни, демократски и доверливи западни сојузници. Овој Дипломатски Манифест, го упатуваме како израз на сериозна политичка намера, вредносна усогласеност и подготвеност за одговорно партнерство со Соединетите Американски Држави“, соопштуваат од Македонски Концепт.
Македонија
Започна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во Бирарија
Денес, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во населбата Бирарија. Проектот има за цел трајно решавање на проблемот со собирање и задржување на отпадните атмосферски води, кои поради специфичната теренска конфигурација често предизвикуваат потешкотии, особено при пообилни врнежи од дожд. Станува збор за значајна инфраструктурна инвестиција, финансирана од буџетот на Општина Кисела Вода, информираат од општината.
-Изградбата и обновата на подземната инфраструктура, како што е и денешниот проект, се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и за долгорочен, одржлив развој на општината- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Таа додаде дека вакви и слични проекти ќе продолжат и во периодот што следи, со цел системско унапредување на инфраструктурната мрежа.
-Ќе работиме во сите населби и населени места, со јасна заложба за рамномерен развој и еднаков пристап до квалитетна инфраструктура за сите жители, нагласи градоначалничката.

