Контакт

Свет

Здравството е болно од многу политики

Објавено пред

Здравството тапка во место, реформите се бавни и неефикасни, апаратите во болниците се застарени, платите на лекарите се ниски, аптеките се празни, приватизацијата на стоматолозите е промашена, а пациентите разочарани

dobivaj vesti na viber

Адријана ГеоргиевАлександра Мишовска

Здравството тапка во место, реформите се бавни и неефикасни, апаратите во болниците се застарени, платите на лекарите се ниски, аптеките се празни, приватизацијата на стоматолозите е промашена, а пациентите разочарани. Ова се оцените на лекари и на експерти што беа изнесени на вчерашната трибина „Каде оди здравствениот денар“, која ја организира „Време“.

Претставници на Владата се согласија дека здравството со години е заложник на различните политички програми. Според податоците, во Буџетот за оваа година на сметката на Фондот за здравствено осигурување се префрлени повеќе од 255 милиони евра. Споредбените податоци покажуваат дека од 1998 година наваму буџетот на Фондот се зголемил за околу 70 милиони евра.

Владо Димов, министер за здравство, Андреј Арсовски, директор на Клиничкиот центар, и Никола Пановски, директор на Фондот за здравство, тврдеа дека парите од Фондот биле наменски потрошени, а здравствениот сектор оттогаш многу напреднал. И покрај тоа што признаа дека има проблеми, поради работните обврски ја напуштија трибината без да ги слушнат критиките од лекарите и од експертите. Професорот Тоше Пиперковски рече дека здравствениот денар исчезнува во јавните набавки и во потрошувачката на лекови. Според него, парите од Фондот, кои се пари на граѓаните, се трошат ненаменски, а здравствениот стандард стагнира.

– Фондот за здравство е нетранспарентна и затворена институција. Тој ја креира здравствената политика, а треба да биде само сервис, банка што ги собира и издава парите. Во Фондот треба да работат стручњаци, а нивната работа мора редовно да се контролира. Оваа институција треба да се подели на сектори, кои меѓу себе ќе си конкурираат – вели Пиперковски.

Директорот на Фондот пред присутните презентира информација за извршена ревизија на работата на Фондот за неколку години. Пановски тврди дека работата на Фондот е јавна и дека долгот од 60 милиони евра не е преголем.

Според министерот Димов, состојбите во здравството ќе се решат доколку тие успеат да создадат систем што нема да прави нови загуби.

– Буџетот во здравството мора да биде проектиран точно, да се знае што е битно и каде да се насочат парите. Во Фондот мора да бидат претставени и граѓаните, оние што се корисници на здравствените услуги – смета Димов.

Според докторот Ангел Саздов, претседател на Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар, реформите што ги турка Владата отвораат нова дилема за лекарите. Тој вели дека за нормално функционирање на здравствените институции се потребни повеќе пари.

– Имаме недостиг, а не загуба на пари. Македонското здравство пати од лоша опременост и од ниски плати. Оние 250 милиони евра што се предвидени во Фондот не можат да заменат ни дел од застарените апарати во Клиничкиот центар. Дилемата што не ја реши Министерството е дали лекарите да се држат до концептот за искуство што сега го промовираат или до концептот за хуманост. Значи – или да работиме економски ефикасно и да не трошиме пари за скапи лекови за мал број пациенти или, пак, да работиме по принципот на хуманост по кој работевме досега – вели Саздов.

Ромил Санџаковски, директор на Бирото за лекови, се согласи дека досега во здравството се водела лоша политика.

– Клучен проблем во здравството се реформите што мора да кореспондираат со средствата што државата ги одделува за здравството. Проблем е и тоа што од 1998 година до денес се сменија девет министри, од кои секој имаше различна програма за тоа во која насока треба да се движат реформите. Лошата политика се рефлектира и на пациентите. На крајот добивме една хаотична состојба од која се обидуваме да се извлечеме. Конечно изградивме концепти и ставови и, доколку правилно ги спроведеме, ќе го осовремениме здравството – рече Санџаковски.

Покрај искажувањата на надлежните, поголем дел учесници на трибината заклучија дека никој во државата не дава конкретен одговор за тоа каде се потрошени 255 милиони евра од буџетот, предвидени за Фондот за здравство.

– Кои апарати се купени, има ли нови одделенија, дали со нив се зголемени платите на лекарите или, пак, се реновирани болниците. Кај нас реформите се прават само пред избори и без претстава за тоа што од нив ќе произлезе. Затоа тие не ги даваат очекуваните резултати – рече Владо Јовановски, лекар.

АРСОВСКИ: РАБОТИМЕ СО МУЗЕЈСКИ АПАРАТИ

Дури 90 отсто од опремата во Клиничкиот центар се музејски примероци, можеме да отвориме музеј на историјата на медицината, вели Андреј Арсовски, директор на Клиничкиот центар.

– И покрај старата опрема, ние постојано работиме со пациентите. Апаратот за магнетна резонанца се вжештува од работа. Чекалниците ни се полни. Тоа јасно покажува колку пациенти се третираат дневно. Во амбулантата каде што работам чекаат по триесетина пациенти дневно, а замислете каква е состојбата во примарното здравство – вели Арсовски.

Тој став на генералниот директор на Клиничкиот центар не го прифатија некои од учесниците на трибината. Во болниците има многу апарати што стојат неискористени. Пратеничката Лилјана Поповска праша зошто не се користи мамографот дониран од Вилма Трајковска и зошто не е распакувана баровата комора, која чини неколку стотини илјади евра.

– Многу апарати во Клиничкиот центар стојат како споменици, иако за нив биле потрошени многу пари. Од друга страна, недостига апарат како оној за мокра хемија, кој дијагностицира широк спектар болести. Овој апарат користи реагенси што се многу поевтини од другите што се користат на Институтот за биохемија – вели Поповска.

Директорот на Фондот за здравство, Никола Пановски, вели дека се работи за скапи апарати што е најдобро да се продадат за да се купи опрема за повеќе намени.

ПАНОВСКИ: ИМАМ ФАКТУРИ ЗА ПАРИТЕ

Има фактури за тоа каде се трошат парите во здравството. Од 2002 до 2004 година биле зголемени квалитетот и квантитетот на здравствените услуги, рече Никола Пановски, директор на Фондот за здравство. Тој изнесе податоци според кои парите биле трошени за зголемениот број пациенти на хемодијализа, за цитостатици и за лекови за болните од рак, за инсулинска терапија и за повеќе реагенси и апарати.

– Првпат се набавени концентрати за современо лекување на хемофилија, за што се потрошени 60 милиони денари. Од нив само за спасување на животот за едно дете лани потрошивме 20 милиони денари за набавка на „фактор 7“, кој во 2002 година не беше достапен. Детето денес е живо. За ортопедски помагала во 2004 година се потрошени 64 милиони денари повеќе, но поради тоа што се намали партиципацијата од 40 на 10 отсто. Исплатени се 109 милиони денари повеќе на Воената болница и 84 милиони денари на кардиохирургијата „Филип Втори“ – рече Пановски



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Американски конгресмен со повик САД да излезат од НАТО

Објавено пред

Американскиот конгресмен Томас Меси предложи закон со кој бара САД да се повлечат од НАТО, тврдејќи дека Алијансата претставува финансиски и дипломатски товар за земјата.

dobivaj vesti na viber

Во објава на мрежата X тој напиша дека НАТО е реликт од Студената војна и дека парите треба да се вложуваат во одбраната на САД, а не на социјалистички држави. Според него, НАТО ги чини американските даночни обврзници трилиони долари и носи ризик да ги втурне САД во туѓи војни.

Во предложениот закон се наведува дека европските членки имаат доволно економска и воена моќ за сопствена одбрана и дека членството на САД во НАТО не е во согласност со националните интереси. Законските тврдења исто така посочуваат дека распадот на Варшавскиот пакт и Советскиот Сојуз го сменил безбедносното окружување и ја направил НАТО-мисијата за колективна одбрана нерелевантна, како и дека алијансата започнала голема источна експанзија од 1999 година.

Контекстот доаѓа по најновите изјави на Доналд Трамп, кој за „Политико“ рече дека европските лидери се слаби и „=препремногу политички коректни, додавајќи дека Европа „не знае што да прави“. Трамп претходно повика земјите од НАТО да го зголемат воениот буџет од 2% на 5% од БДП и предупреди дека оние што нема да го исполнат условот може да бидат исклучени од алијансата.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Снимен моментот кога авион слета врз автомобил на автопат во Флорида

Објавено пред

На социјалните мрежи се појави снимка што го прикажува моментот кога мал авион слета врз автомобил што се движел на автопатот I-95 во округот Бревард на Флорида.

dobivaj vesti na viber

Според властите, возачката на автомобилот и двете лица во авионот добиле само полесни повреди. Ударот го снимиле татко и син кои возеле веднаш зад возилото што било погодено.

Полицијата соопшти дека двомоторниот авион Beechcraft 55 во понеделник околу 17:45 часот локално време морал присилно да слета на јужната лента од автопатот. При слетувањето удрил во автомобил Toyota Camry со 57-годишна жена. Во авионот биле 27-годишен пилот од Орландо и 27-годишен патник.

Таткото и синот, Џејмс и Питер Кофи, изјавиле дека авионoт нагло почнал да паѓа пред нив.

„Бев преплашен, сфативме колку беше блиску до трагедија“, рекол Џејмс. Питер додал дека дури следниот ден сватил колку среќа имале.

Авионот бил отстранет од автопатот.

Причината за присилното слетување сè уште не е утврдена, а истрагата продолжува. Според проценка на службата, можно е авионот да останал без гориво.

Прикажи повеќе...

Свет

Децата во Австралија го измамија системот: забраната за социјални мрежи има големи пропусти

Објавено пред

Првиот ден од австралиската забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години покажа бројни слабости во системот. Многу деца успеале да ги заобиколат новите правила користејќи ВПН, манипулации со датумот на раѓање или трикови при скенирање на лицето.

dobivaj vesti na viber

Родители од различни делови на земјата за „Еј-би-си“ сведочат дека нивните деца без проблем добиле пристап до „Снеплет“, „Инстаграм“ или „Тик-Ток“, иако формално би требало да им биде забранет.

Во повеќе случаи, системите за проверка на возраст погрешно утврдиле дека децата имаат над 16 години — дури и кога станува збор за 11- или 13-годишници. Некои тинејџери успеале да ја измамат технологијата со шминка или прикривање на делови од лицето. Социјалните мрежи признаа дека постојат технички предизвици и дека родителите можат да пријават профили за деца под 16 години кои ќе бидат суспендирани.

Стручњаците објаснуваат дека технологијата за процена на возраст има маргина на грешка од една до три години, што овозможува заобиколување на забраната. На „Тик-ток“ веќе се појавија објави од деца кои се потсмеваат дека „успешно ја преживеале“ забраната.

Владата најавува дека пропустите ќе се отстрануваат постепено. Премиерот Албанезе посочи дека околу 440.000 „Снепчет“ профили, 150.000 „Фејсбук“ профили и 350.000 „Инстаграм“ профили во сопственост на деца од 13 до 15 години ќе треба да се деактивираат. Повеќе од 200.000 „Тик-ток“ профили веќе се затворени.

Министерката за комуникации Анника Велс нагласи дека ова е „маратон, не спринт“ и дека децата кои денес ја заобиколиле забраната нема да можат да го прават тоа постојано.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет10 часа

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија11 часа

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ12 часа

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ13 часа

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија13 часа

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија15 часа

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде и еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче однатре и однадвор да...

Македонија17 часа

Kривична пријава против Оливер Спасовски: како министер за внатрешни работи ги злоупотребил положбата и овластувањата

Вчера, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О. С. (49) од Куманово...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски за пари прифаќа мигранти, нема да има шатори, но ќе има социјални станови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно рече дека е повеќе од очигледно дека постои...

Топ18 часа

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија19 часа

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС, ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денес во...

Македонија20 часа

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ-уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет20 часа

„Европа го подготвува својот крај“: турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки процени од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа21 час

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 отсто до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион21 час

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа22 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет22 часа

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија1 ден

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија2 дена

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...