Контакт

Спорт

Пјаниќ: Реал Мадрид падна од препотентност

Објавено пред

Младиот босански репрезентативец, Миралем Пјаниќ, го урна Реал Мадрид и многу е задоволен од своето постигнување. Тренерот на Реал, Пелегрини, бара од играчите да одлучат дали да остане на чело на клубот

dobivaj vesti na viber

Шеста година по ред, кралскиот клуб, Реал Мадрид, не успева да влезе во четрвртфиналето на Лигата на шампионите, овојпат по заслуга на Пјаниќ, играчот кој на Лион му го донесе потребниот гол.„Многу  ни е мило што се квалифициравме, особено затоа што изјавите на ииграчите на Реал Мадрид пред натпреварот беа многу препотентни. Не е лесно да се игра против екипа како Реал, но покажавме дека можеме да се носиме и со најголемите“, изјави деветнаестгодишниот Пјаниќ по натпреварот.Финалето на Лигата на шампионите, оваа сезона ќе се игра на Сантјаго Бернабе, но без клубот што таму „живее“, Реал Мадрид.Пред почетокот на сезоната кралскиот клуб ги купи Кристијано Роналдо, Кака, Карим Бензема…, а потроши повеќе од 250 милиони евра на зајакнување. Лигата на шампионите, од вчера, остана без Реал, а што ќе се случи во Примерата, останува да видиме.Шпанските медиуми вќе го исфрлаат чилеанскиот стратег, Мануел Пелегрини, од редовите на Реал.Свесен за ситуацијата Пелегрини вели: „Јас сум првиот што треба да се смета за виновен за овој чекор назад. Дали ќе останам зависи од клупската политика“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Полската репрезентација патува ослабена на Европското првенство: Џереми Сочан го пропушта шампионатот поради повреда

Објавено пред

Кошаркарскот репрезентативец на Полска, Џереми Сочан ќе го пропушти овогодинешното Европско првенство поради повреда на листот.

dobivaj vesti na viber

Иако не се смета за сериозна, повредата бара одмор и рехабилитација, што го исклучува Сочан од учеството за полската репрезентација на помалку од три недели до турнирот, објави официјалната веб-страница на Европското првенство.

„Многу ни е жал што летото на Џереми со репрезентацијата завршува толку брзо. Тој е ценет член на нашиот тим и има одличен однос со тимот“, рече селекторот на полската репрезентација Лукаш Кошарек.

Сочан е играч на Сан Антонио, а минатата сезона во Американската професионална кошаркарска лига (НБА) имаше просек од 11,4 поени, 6,5 скока и 2,4 асистенции.

Полска е еден од домаќините на овогодинешното Европско првенство, кое ќе се одржи од 27 август до 14 септември, а во групата Д ќе играат со репрезентациите на Франција, Словенија, Израел, Белгија и Исланд.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Модриќ дебитираше во дебаклот на Милан

Објавено пред

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го одигра својот прв натпревар за Милан откако пристигна како слободен агент.

dobivaj vesti na viber

„Росонерите“ дожевеаја дебакл на „Стемфорд Бриџ“, на генералната проба пред почетокот на новата сезона.

„Сините“ ги декласираа со резултат од 4:1, а Модриќ го одигра целото второ полувреме за гостите од Милано.

Во моментот на влегување во играта, Челзи водеше со автогол на Андреј Кубиш во петтата минута, и голот на Жоао Педро во осмата минута. Романскиот дефанзивец дефинитивно беше трагичара, бидејќи заработи директен црвен картон во 18-та минута.

Лиам Делап го зголеми резултатот од пенал во 67-та минута, а Јусуф Фофана го постигна почесниот гол за Милан во 70-та минута.

Делап ги постави конечните 4:1 во 90-та минута и ја запечати победата на Челзи, кој следната недела ќе го пречека Кристал Палас.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Палас на Ливерпул му го „украде“ првиот трофеј во сезоната

Објавено пред

Фудбалерите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во сезоната, откако го победија Ливерпул во популарниот Комјунити Шилд на „Вембли“ по подобро изведување на пенали.

dobivaj vesti na viber

Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше 2:2. Ливерпул двапати поведе во текот на натпреварот, но двата пати освојувачите на ФА Купот успеаја да се вратат во живот и да победат на пенали.

Нови играчите од Бундеслигата доминираа, Флоријан Вирц му асистираше на Уго Екитике во 4-та минута за првиот гол на натпреварот.

Жан-Филип Матета возврати во 17-та минута од пенал, што најави нов спектакуларен дуел на „Вембли“.

Сепак, само четири минути подоцна, гол постигна уште еден играч кој лртово го засили Ливерпул, Џереми Фримпонг постигна гол за Ливерпул, на асистенција на Доминик Собослај. Во 77-та минута, Ибрахима Сар изедначи на 2:2.

Немаше повеќе голови, па веднаш се шутираа пенали. Во пенал серијата доминираше голманот на Палас, Дин Хендерсон.

Тој ги одбрани ударите на Мекалистер и Елиот, додека Салах промаши, што беше доволно Палас да направат уште едно големо изненадување.

Матета, Сар и Девени погодина за вториот голем трофеј во историјата на Палас, во рок од два и пол месеци еден од друг.

Foto/ EPA/TOLGA AKMEN

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет42 минути

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп-Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет3 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на Ал Џезира

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа,...

Европа3 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија3 часа

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија3 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија16 часа

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија17 часа

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ17 часа

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ18 часа

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...

Македонија19 часа

Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите загинати кај Љуботенски бачила

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија...

Македонија20 часа

На 12 и на 14 август ќе биде полагањето на двата екстерни испита од државната матура

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не...

Македонија23 часа

Храбрите и неуморни пожарникари изгаснаа 21 пожар, активен е само уште еден

Центарот за управување со кризи информира дека до 9 часот наутро, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор. Од...

Македонија1 ден

Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав...

Топ2 дена

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во...

Македонија2 дена

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија2 дена

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија2 дена

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...

Свет2 дена

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на...