Свет
Сомнителни купопродажни договори
Иако акционерско друштво „Тутунски комбинат Куманово“ моментно е под контрола на Бајруш Сејдии и неговото семејство, комбинатот практично е доведен во ќор-сокак уште по изборите 2002.
СЛУЧАЈ „ТУТУНСКИ КОМБИНАТ КУМАНОВО“ (2)
Зоран Божиновски
Иако акционерско друштво „Тутунски комбинат Куманово“ моментно е под контрола на Бајруш Сејдии и неговото семејство, комбинатот практично е доведен во ќор-сокак уште по изборите 2002. Свесен дека ќе ги загуби позициите во тутунскиот бизнис, Стевчо Коцевски како генерален директор на Македонија табак АД, но и како сопственик на контролниот пакет акции во ТКК, преку делчевската фирма Бугармакс ДООЕЛ – зема кредит. Неколку дена пред изборите во септември 2002 година зема девизен кредит во Тутунска банка, во износ од 750 илјади евра, а како хипотекарен залог го става контролниот пакет акции во ТКК. Вкупно заложува 282.965 обични акции. ВМРО-ДПМНЕ ги губи изборите, а Коцевски останува без неопходната политичка поддршка. Позициите ги губи и неговата родена сестра Весна Таковска, која дотогаш го контролира „Табак осигурување“. Синдикалците на ТКК и Миодраг Ѓорѓиевски како претседател на синдикатот, ги предводат вработените во нови штрајкови против Коцевски и неговите соработници.
Една година подоцна, по земањето на кредитот во Тутунска банка, поради невраќање на главницата, но и нередовно плаќање на ратите од него, Стевчо Коцевски штотуку ослободен од неколку месечниот притвор, во судска постапка го губи контролниот пакет акции во ТКК. За овој предмет до судот на 19 февруари 2003 г. стигнува и допис од Републичкиот судски совет потпишан од Ленче Софрониевска како претседател на овој орган: „Ве замолуваме да се забрза постапката за стекнување сопственост над хипотеката, за да можат тие акции веднаш потоа да се продадат на вработените во ТК Куманово. Со тоа целиот спор ќе заврши во корист на 410 вработени, кои сега се наоѓаат во тешка материјална состојба поради наведениот спор“.
Основниот суд Скопје 1 ја реализира хипотеката во корист на банката и со решение И. Бр 3945/03 од 19 ноември 2003 година пакетот акции станува сопственост на Тутунска банка. Почнува да се бара странски партнер што би ги задоволил барањата на двете страни – и на банката и на вработените. Кон крајот на 2003 година во игра влегуваат бившиот генерален директор на ТКК, Тодор Чушкаровски, и неговите блиски пријатели и соработници од тутунскиот бизнис. Нивниот пријател од зделките со кипарската фирма „Алдемур трејдинг“, Јанис Стамудис, станува главен посредник за носење на американскиот инвеститор со грчко потекло, Василис Морфопулос и неговата компанија „БИД холдингс“ од САД, со филијала и на Кипар. Вработените, на чело со синдикалците Миодраг Ѓорѓиевски и Часлав Стојановиќ го прифаќаат Морфопулос за инвеститор.
Го прифаќа и менаџментот на Тутунска банка. Берзанската трансакција се изведува преку брокерската куќа Тутунска брокер. На 10 декември 2004 година Морфопилос ги купува акциите на берза за 64 милиони денари или за сума од приближно еден милион евра. Акционерите и вработените здивнуваат и се надеваат дека конечно некој асален дошол во комбинатот и дека ќе тргнат работите напред. Но, Морфопулос по купувањето на контролниот пакет акции одбива да се договори со Стамудис, Чушкаровски, Нелковски и Папеш. Не им ги дава поволностите и привилегиите што ги посакуваат и на кои навикнале претходните неколку децении. Чушкаровски пак бара помош од синдикатот, но Миодраг Ѓорѓиевски и неговите колеги првпат одбиваат слепо да го слушаат својот директор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Инцидент во Словенија: член на паравоена група се обидел да му даде пиштол на премиерот Голоб
Попладнево, полицијата интервенираше пред зградата на словенечката влада во Љубљана, кога припадник на т.н. Штаерската гарда, паравоена група и самопрогласена милиција, се обиде лично да му предаде нелегален пиштол на премиерот на Словенија, Роберт Голоб.
Инцидентот се случи еден ден откако Голоб објави закон што ќе овозможи доброволно предавање на нелегално оружје без последици, јавува агенцијата СТА.
Канцеларијата на премиерот одби да коментира за инцидентот, истакнувајќи дека очекува полицијата да постапи во согласност со законот.
Јавноста првпат дозна за Штаерската гарда во 2018 година, кога на Интернет беше објавено видео на кое се гледа група од неколку стотици маскирани мажи во воена опрема, некои од нив со секири и автоматски пушки, наредени во шума. Подоцна рекоа дека станува збор за воздушни пиштоли.
Видеото предизвика загриженост за паравоената природа на групата и нејзиното потенцијално влијание врз јавниот ред.
Групата често е критикувана за своите екстремни ставови и напори да влијае врз политичките процеси во земјата со употреба на насилство или закани.
Водачот на групата, Андреј Шишко, беше осуден на осум месеци затвор за обид за поткопување на уставниот поредок.
Свет
Макрон: Франција ќе им помогне на Палестинците да изработат устав за идната држава
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе ѝ помогне на Палестинската самоуправа во изработката на устав за идната палестинска држава. Изјавата ја даде по средбата со Махмуд Абас во Париз.
Макрон најави формирање заеднички француско-палестински комитет кој ќе работи на правните, институционалните и организациските аспекти на идниот устав. Тој додаде дека Франција ќе обезбеди 100 милиони евра хуманитарна помош за Газа до крајот на годинава.
Абас истакна дека Палестина се залага за „држава посветена на дијалог, мир и владеење на правото“.
Франција, Велика Британија, Канада и Австралија годинава ја признаа палестинската држава, со што се приклучија на повеќе од 140 земји кои го поддржуваат нејзиното создавање. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, го осуди овој чекор, оценувајќи дека со тоа „се наградува Хамас“.
Регион
Загреб ја забрани „За дом спремни“ на концерти и јавни настани
Градското собрание на Загреб денес гласаше за Заклучок со кој се повикува градоначалникот да преземе сите потребни мерки за да се спречи употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучително и „За дом спремни“, на сите јавни површини и настани под надлежност на градот, пренесе хрватски „Индекс“.
Одлуката се однесува на областите управувани од градските институции и комерцијалните компании, како и на сите јавни површини за кои Градот издава дозволи за одржување настани. Целта, рекоа претставниците, е да се заштити јавниот простор од пораки што поттикнуваат омраза, насилство и ексклузивност.
Претходно денес беше соопштено дека употребата на усташки симболи ќе биде забранета во просторите управувани од Градот Загреб, но дека концертот на Марко Перковиќ Томпсон на 27 декември сепак ќе се одржи, бидејќи претходно беше потпишан договор за него.
Ива Ившиќ, претседателка на Клубот на претставници „Можеме“, истакна дека Заклучокот се базира на антифашистичките вредности на Уставот на Република Хрватска и ставовите на Уставниот суд и Европскиот суд за човекови права.
„Уставниот суд јасно кажа дека „За дом спремни“ е усташки поздрав на Независната Држава Хрватска и дека не е во согласност со Уставот, додека Европскиот суд за човекови права во случајот Шимуниќ против Хрватска утврди дека неговата јавна употреба не е заштитена со слобода на изразување бидејќи поттикнува омраза“, потсети Ившиќ.
Таа нагласи дека одлуката не се однесува на забраната за уметност, музика или слобода на изразување, туку јасно ја поставува границата дефинирана со член 39 од Уставот на Република Хрватска, кој забранува поттикнување на национална, расна или верска омраза и насилство.
Платформата „Можемо“ соопшти дека овој Заклучок има за цел да го заштити јавниот простор од пораки што ја уништуваат социјалната кохезија.
„Во време кога сме сведоци на раст на нетолеранцијата и насилството кон другите и кон оние кои се различни, наша должност е да го заштитиме јавниот простор – бидејќи им припаѓа на сите. Загреб мора да биде град каде што училиштата, градинките, културните центри и улиците се безбедни места, каде што се воспитуваат генерации кои знаат дека почитта, солидарноста и еднаквоста се основа на добро општество“, рекоа претставниците.

