Свет
Уапсени и притворени уште четворица осомничени
Во истражното одделение во Основниот суд 1 во Скопје вчера беа сослушани четворица осомничени за случајот Бачило. За сите истражната судијка Катица Јовановска одреди мерка притвор од триесет дена.
СЕ ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА СЛУЧАИТЕ БАЧИЛО И ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
Во истражното одделение во Основниот суд 1 во Скопје вчера беа сослушани четворица осомничени за случајот Бачило. За сите истражната судијка Катица Јовановска одреди мерка притвор од триесет дена.
Притворени се нотарот Михаил Ќосев, ветеринарот од Камењане Арифи Мухамет, полицаецот Душан Стојанов и пензионерот Крсто Иловски. Дознаваме дека нотарот Ќосев склучувал хипотекарни договори. На дел од тие договори стоело името на пензионерот Иловски. На сметка на пензионерот полицијата пронашла поголема сума девизи, и тоа неколку стотици илјади евра. Полицијата се сомнева дека овие пари се добиени незаконски. Ветеринарот Арифи е осомничен дека направил три лажни потврди за преглед на убиени овци, а полицаецот составил службена белешка за извршен увид на 27 јуни 2001 година за гранатираното бачило на овчарот Иснифарис Џемаили.
Полицијата најави дека истрагата продолжува и ќе има нови апсења.
Досега веќе два месеца во истражниот затвор во Шутка се десет осомничени за случаите Бачило и денационализација, а 11 осомничени се бранат од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Еруптира вулканот Ибу во Индонезија, третото ниво на предупредување е во сила
Вулканот Ибу на островот Халмахера во Индонезија еруптира околу пет минути исфрлајќи пепел високо пет километри во воздухот, соопшти индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности.
Засега не се издадени наредби за евакуација, јавува „Ројтерс“. Во сила е третото ниво на предупредување од вкупно четири, а забранети се сите активности во радиус од пет километри, изјави раководителот на Центарот, Хендра Гунаван.
„Ако почне да паѓа пепел, им препорачуваме на луѓето што се во близина на вулканот да носат маска и очила“, додаде Гунаван.
Индонезија, архипелаг на кој живеат приближно 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани, а се наоѓа во т.н. пацифичкиот огнен прстен, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи предизвикувајќи зголемена сеизмичка активност.
Свет
Сергеј Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена
Доколку западните земји сакаат да ја решат украинската криза на бојното поле, тогаш Москва е подготвена за тоа, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Тоа е нивно право, ако сакаат да бидат на бојното поле, ќе бидат на бојното поле“, рече Лавров за време на консултациите во Советот на Федерацијата за неговото повторно именување за министер за надворешни работи, пренесува „РИА новости“.
Зборувајќи за конференцијата за Украина во Швајцарија, која е закажана за јуни и на која Русија не беше поканета, Лавров ја спореди ситуацијата со „укор за ученик“.
Свет
Украина: Непријателот постигнува тактички успеси
Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.
Руските сили се обидуваат да се пробијат во тој регион, што предизвика тревога во Киев и кај западните сојузници за потенцијална голема офанзива врз Харков – вториот по големина во Украина, кој се наоѓа на триесет километри од руската граница.
„Непријателот моментно постигнува тактички успеси“, објави украинскиот Генералштаб.
По освојувањето неколку села во областа Харков, во моментот се водат борби во близина на градот Вовчанск, кој се наоѓа на пет километри од руската граница, пишува ДПА.
Украина тврди дека Русија бележи големи загуби, но дека и покрај тоа испраќа многубројни сили во Вовчанск кон кој се движат пет баталјони. Русија веќе го окупира Вовчанск на почетокот на војната.
Русија почна уште еден пробив кон регионот Харков на 10 мај. Во последните два дена освоила девет села, тврди руското Министерство за одбрана.