Свет
Нов напад на НАТО врз Триполи, бунтовниците напредуваат
Авионите на западната воена алијанса во текот на ноќта кон средата извршиле нов напад врз либиската престолнина Триполи, откако либиските бунтовници ги принудија на повлекување силите лојални на лидерот Моамер ел-Гадафи на три фронта, со што напредувале кон главниот град на Либија, јавувa Reuters.
Авионите на западната воена алијанса во текот на ноќта кон средата извршиле нов напад врз либиската престолнина Триполи, откако либиските бунтовници ги принудија на повлекување силите лојални на лидерот Моамер ел-Гадафи на три фронта, со што напредувале кон главниот град на Либија, јавувa Reuters.Воздушните напади на НАТО уследија по затишјето во бомбардирањето на Триполи кои траеја целиот вторникот, но во вечерните часови силни експлозии го потресле градот проследени со облаци од чад кои се издигнуваат високо од источните квартови на либиската престолнина, како и постојано надлетување на сојузничките авиони, пренесува агенцијата.Либиската државната телевизија соопшти дека бомбите погодиле воени и цивилни цели во Фиранг, еден од најнаселените квартови во главниот град, како и населбата Аин Зара. Според телевизијата, во нападите на НАТО имало жртви, но нивниот број не е соопштен.Како доказ за повлекувањето на силите лојални на Гадафи, се наведува податокот дека бунтовниците го зазеле градот Кикла, 150 километри југозападно од Триполи. Тие, исто така, напредувале неколку километри западно од нивното упориште Мисрата, на периферијата од провинцијата Злитан којашто е под контрола на владините сили. Претходно во вторникот бунтовниците се обидоа да напредуваат во источниот дел од земјата, кон градот Брега каде се сместени значајни нафтени постројки со што ќе ја прошират својата контрола врз регионот, епицентарот на четиримесечниот бунт против четири децениското владеење на Гадафи.Министрите за одбрана на членките на НАТО се состанаа во вторникот во Белград при што разговараа и за мисијата во Либија, а американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс обвини некои европски сојузници за недоволен ангажман за да се постигне успех во мисијата.Притоа висок командант на НАТО го постави и прашањето во врска со способноста на Алијансата да се справи со долгорочна интервенција во Либија.„Ние ја спроведуваме оваа операција со сите средства што ги имаме на располагање, и најдобро што можеме. Ако операцијата биде долготрајна, се разбира, се поставува прашањето за ресурсите“, изјави генералот Стефан Абрил./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

