Македонија
Иванов:Разочарани сме од одлагањата, сега требаше да се исправи грешката од Букурешт
Нема да кријам дека нашите граѓани, лидерството на Република Македонија се целосно разочарани од досегашните одлагања. Сега беше потребно да се поправи грешката и неправдата од Букурешт.
Ова во понеделник го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на денешниот состанокот на шефови на држави и влади учеснички во мисијата ИСАФ (Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грузија), во Чикаго, откако состанокот го отвори американскиот претедател Барак Обама, заедно со генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.
„Жалиме што Грција не најде сили да се однесува одговорно кон преземените обврски со Времената спогодба. Ваквото однесување е целосно во спротивност со очекувањето на Судот дека Грција нема да го повтори противправното однесување од Букурешт. Очигледно имаме второ кршење на Времената спогодба од страна на Грција. Ќе повторам, разочарани сме од новото одлагање. Но, за нас, прашањето никогаш не било дали Македонија ќе стане членка на НАТО, туку кога. И, што поскоро, тоа подобро“, рече Иванов.
Тој најави дека Македонија и во иднина ќе продолжи да се однесува како де факто земја-членка на Алијансата и максимално да го спроведува делот од одговорностите, онака како што се очекува од секоја земја-членка на НАТО.
„Политиката е безмилосна кон македонските мировници кои што секој ден го ризикуваат животот за да донесат слобода и безбедност во Авганистан. Но политиката е безмилосна и кон сите граѓани на Македонија кои не можат да ги користат придобивките од членството во Алијансата. Таа е резултат на неодговорни политичари кај нашиот сосед, кои криејќи се зад консензусот, не само што го ставаат НАТО во една непријатна ситуација да брани неодбранливи, од аспект на меѓународното право, позициии, туку спротивно на сите правила и норми на однесување не придонесуваат за стабилноста и безбедноста на нашиот регион. Уверен сум дека сите вие што ме слушате овде го знаете ова. И знаете дека ова одлагање не е наш неуспех“, истакна претседателот Иванов.
Тој додаде дека граѓаните на македонија никогаш не потклекнувале пред предизвиците.
„Со истрајна работа кон заедничките цели и вербата дека правдата и разумот секогаш победуваат, иако понекогаш доцнат, остануваме доследни на преземените обврски“, истакна Иванов. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

