Црна хроника
Скопјанец му ја украл “ладата“ на велешанец и си ја преправил за да превезува дрва

Скопската полиција поднесе кривична пријава за дело „тешка“ кражба за 21-годишен скопјанец кому му е одреден осумдневен притвор, кој кон крајот на август кај Железничката станица во Скопје украл возило „лада нива“, кое потоа ја преправал за да може да ја користи за превоз на дрва.
Имено, пријавениот идентификуван со иницијалите на А.П. 24-ти август, половина час по полноќ на паркингот под Железничката станица Скопје, го забележал паркираното возило „лада нива“со велешки регистарски ознаки, по што ја обил бравата од возачката врата ја отворил и влегол, а потоа со погоден предмет го ставил возилото во погон и побегнал.
„Ладата“ потоа ја паркирал во гаражата која се наоѓа во дворот од неговиот дом, додека регистарските ознаки ги демонтирал и ги уништил. Потоа извршил замена на предните гуми и бандажи, при што ставил стари бандажи и гуми, а извадените бандажи ги продал, додека гумите ги подготвил за продажба. Резервната гума со бандажот како и предните трепкачи ги извадил и демонтирал од предметното возило и нив ги продал.
ака преправеното возило го користел за лични потреби, односно превоз на дрва од блиската планина до неговиот дом.
По добиени оперативни сознанија дека возилото се наоѓа во домот на пријавениот од страна на полициски службеници по судска наредба извршен е претрес при што пронајдени се две возила „лада нива“ од кои е утврдено дека едното е предмет на кривичното дело , а додека кај другото возило бил исечен и отстранет бројот на шасија. При претресот пронајдени се и повеќе делови од возило „лада нива“ кои со потврда за привремено одземени предмети истите биле одземени./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.