Свет
Кардиналите денеска за деталите на погребот на Папата
Кардиналите на Римокатоличката црква на денешниот состанок во Ватикан ќе донесат одлука за датумот на погребот на Папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата во 21,37 часот.
Кардиналите на Римокатоличката црква на денешниот состанок во Ватикан треба да донесат одлука за датумот на погребот на Папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата доцна навечер. Телото на Папата облечено во посебна одежда три дена ќе биде изложено во Базиликата свети Петар во Ватикан. Погребот на Папата по правило треба да се одржи четири до шест денови од неговата смрт, а датумот ќе го определат кардиналите на денешниот состанок во Ватикан. Денеска треба да биде отворен тестаментот на Јован Павле Втори. Доколку Папата не изнел некоја посебна желба тој ќе биде погребан во крипта во Базиликата Свети Петар. Римокатоличката црквата до изборот на нов Папа ја управуваат кардиналите, координирани во кардиналот Камерленго, а сега таа должност ја извршува шпанецот Едуардо Мартинез Сомало./крај/а/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ерол Маск: Путин е вистински човек, би сакал да бидам во неговиот тим
Таткото на американскиот претприемач Илон Маск, Ерол Маск, го опиша рускиот претседател Владимир Путин како вистински и разумен човек.
„Го гледав како зборува во многу наврати, долго пред да дојдам тука, од љубопитност. Бидејќи повремено се појавуваше на RT, а исто така и на меѓународни состаноци и така натаму. И слушав што зборуваше, и секогаш ми се чинеше дека е многу избалансиран и смирен човек. Не се возбудува, не е груб или нешто слично. И секогаш мислев дека зборува разумно“, рече Маск во интервју за ТАСС.
„Како што реков претходно, тој е како вистински човек, знаете. Она што би го рекол е дека би сакал да бидам во неговиот тим или да го имам во мојот тим“, додаде тој.
Фото: принтскрин
Регион
Додик: БиХ е завршена приказна, нека оди по ѓаволите
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, денес повторно се послужи со националистичка реторика и закани за отцепување на Република Српска од БиХ, а причина за тоа беше одлуката на Уставниот суд на БиХ да ја отфрли неговата жалба против пресудата со која беше осуден на една година затвор и за која го изгуби мандатот.
„Јасно е дека Уставниот суд на БиХ е дел од клан чија цел е да го укине Дејтонскиот мировен договор“, рече Додик на прес-конференцијата што ја одржа во седиштето на неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) во Бања Лука. Додик е сè уште претседател на партијата, иако постојат толкувања според кои тој не можел ниту да ја извршува таа функција откако Судот на БиХ го осуди на шестгодишна забрана за политичка активност покрај затворската казна.
Ова моментално се дискутира помеѓу Судот на БиХ и општинскиот суд во Бања Лука, каде што е регистрирана СНСД. Сепак, Додик се претстави како претседател на РС, иако тој мандат му беше одземен по сила на закон, а парламентот ја назначи Ана Тришиќ Бабиќ за привремен претседател до изборите закажани за 23 ноември.
Тој рече дека зборува од просториите на СНСД „само од формални и правни причини“ и го искористи своето појавување пред печатот за да испрати порака дека БиХ ќе се распадне, а РС ќе стане независна држава. „Сè што кажавме дека се наши политички цели ќе продолжи да нè води во иднина“, рече тој.
Додаде дека за него, БиХ е „завршена приказна“ и најави дека ќе следи општа парализа на државно ниво. Во февруари, парламентот на РС донесе низа закони со кои де факто се обидоа да спроведат сецесија, но овие закони беа откажани под притисок на американската администрација, која пак ги укина санкциите врз Додик.
Американскиот претставник во Советот за безбедност на ОН минатата недела разјасни дека администрацијата на Доналд Трамп сега очекува „деескалација и стабилност“ во БиХ, но Додик денес посочи дека не се откажува од реториката што го доведе до санкции.
Тој рече дека „обединетите муслимани и глобалисти“ упорно го уништуваат Дејтонскиот поредок, па затоа БиХ всушност се распадна поради тоа. „РС и јас како претседател веруваме дека не постои уставна БиХ. Постои БиХ во слободен пад и сакам да кажам нека оди по ѓаволите“, рече Додик.
Тој ја обвини Европската Унија за поттикнување на бездржавност и желба да ги одземе сите права на РС, а ја именуваше европската комесарка Марта Кос како главен виновник. „Ако нè влечат во ЕУ без статус и право на глас, јас сум против тоа. РС ќе биде против тоа“, рече тој.
Регион
Првиот човек на грчката пошта поднесе оставка по најавата за затворање 200 филијали
Планираното затворање на 204 поштенски филијали скапо го чинеше директорот на Грчката пошта (ЕЛТА), Григорис Скликас, кој поднесе оставка, пренесе весникот „Катимерини“.
Скликас ја поднел оставката откако многу граѓани дознале дека нивните локални пошти биле затворени преку ноќ, што предизвикало остри реакции. И покрај оставката, владата останува при планот за затворање на околу една петтина од вкупно нешто повеќе од илјада пошти.
Директорот се бранел дека работат со застарена опрема и несоодветна дигитална инфраструктура. Грчката пошта се соочува со недостиг од персонал и милионски загуби, а долгот изнесува околу 140 милиони евра.
Портпаролот на владата, Павлос Маринакис, изјави дека планот за реструктурирање и затворање на филијалите е конечен, но призна дека одлуката за нивно затворање без претходна консултација со граѓаните била погрешна.
Тој најави дека реформата ќе се спроведе по дијалог со јавноста и дека целта е сите граѓани да имаат пристап до поштенски услуги.

