Спорт
Чави и Гвардиола му честитаа на Реал, но одат на „поголеми риби“
Најдобриот фудбалски плејмејкер, играчот на Барселона Чави не е премногу загрижен од поразот од Реал Мадрид во финалето на Копа дел Реи, додека неговиот тренер Гвардиола и покрај поразот е задоволен од играта.
Најдобриот фудбалски плејмејкер, играчот на Барселона Чави не е премногу загрижен од поразот од Реал Мадрид во финалето на Копа дел Реи, додека неговиот тренер Гвардиола и покрај поразот е задоволен од играта.„Ние ја игравме својата игра, а тие не фатија на една контра и го освоија купот. Првото полувреме беше изедначено, но потоа ние бевме подобрата екипа, но тоа не успеавме да го претвориме во голови. Реал не не’ изненади тактички, се трудат да ја забават нашата игра и стриктно да не’ маркираат. Му честитам на Реал, но сега одиме во лов на поголеми риби, домашното првенство и Лигата на шампионите“, вели Чави Хернандез.Дека Барса била подобра од Реал, убеден е и Серхио Бускетст кој вели дека нема што многу да се објаснува – „тоа е фудбал и се случува да загуби подобриот тим“.Поразот во финалето од шпанскиот куп е први пораз за тренерот на Барселона, Хосеп Гвардиола од Реал Мадрид откако пред три години ја предводи каталонската гордост, и тоа во 1-3 минута со погодокот на Кристијано Роналдо. „Мислам дека игравме добро. Знам дека тоа звучи чудно откако ќе загубите меч. Но навистина така мислам. Реал беше добар во првото полувреме, но по паузата успеавме да го подигнеме ритамот и во второто полувреме и во продолжетоците игравме добро. Но кога играте против тим како Реал, кој има многу одлични фудбалери, морате да бидете подготвени и на тоа дека понекогаш и ќе загубите“, изјави Гвардиола за шпанските новинари. Новинарите ги интересираше дали поразот ќе влијае на состојбата во клубот пред полуфиналниот двобој во Лигата на шампионите, кои ќе се одиграат на 27-ми април во Мадрид и на 3-ти мај во Барселона. „Секогаш подобро се чувствувате по победа. Но од овој меч останува само еден факти, имате победник и поразен, ни помалку ни повеќе. Во сабота не очекува првенствениот натпревар со Осасуна, прво мораме да ја добиеме неа, а потоа да се фрлиме на следната цел, пласманот во финалето од Лигата на шампионите“, вели Гвардиола./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конор Галагер во Тотенхем
Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.
Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.
Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.
Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.
Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.
Спорт
(Видео) Мане повторно подобар од Салах – Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп
Сенегал го победи Египет со 1:0 и се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации. За втората титула во историјата на земјата Сенегал ќе игра против победникот од натпреварот Мароко-Нигерија.
Сенеглаците заслужено ќе се борат за трофејот на Африканскиот куп, откако го надиграа Египет во првото полуфинале. Египет, излезе со јасна цел, да го одбрани својот гол, колку беа инфериорни Египѓаните говори и податокот дека во првите 70 минути не упатија ниту еден удар во хголот на противникот.
Сенегал го контролирае поседот, константно се обидуваше да нападне, а наградата за таквиот пристап дојде во 78-та минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Foto/ EPA
Спорт
Заедно за Македонија! Почнува ЕУРО 2026 – да навиваме како едно срце!
Утре во Шведска започнува едно од најголемите спортски случувања во Европа – Европското првенство во ракомет ЕУРО 2026, а македонската ракометна репрезентација повторно излегува на терен со срце, борбеност и гордост да ја претставува Македонија.
Како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, компанијата Гранд Ауто, заедно со брендот CHERY – официјален партнер, упатуваат силен и гласен повик до сите навивачи:
Да бидеме заедно, да навиваме гласно и да ја испратиме нашата енергија до Шведска!
Репрезентацијата секогаш црпела сила од поддршката на навивачите, а сега, повеќе од кога било, е време да покажеме дека Македонија знае да стои зад своите херои – без разлика каде играат.
🎉 Навивај и добиј!
За да ја засилиме навивачката енергија и да ја споделиме радоста со фановите, CHERY подготви специјални подароци:
🎽 оригинални и потпишани дресови од македонската репрезентација
🤾♂️ официјални ракометни топки
Овие подароци се симбол на заедништвото, страста и вербата во нови победи на ЕУРО 2026 а ќе се делат преку официјалните канали на социјалните мрежи на CHERY:
Да навиваме со срце, да бодриме со гордост и да покажеме дека кога Македонија игра – сите сме на теренот!
Со среќа, момци!
Македонија е со вас!
ПР

