Црна хроника
Милионска кражба во битолско
Во неделата, во селото Буково, битолско, од куќа, украдени се евра, долари, денари и злато, во вредност од речиси 2,5 милиони денари, соопшти полицијата.
Имено, во неделата, во село Буково, битолско непознат сторител со прекачување преку прозорец влегол во куќа сопственост на В.П.(59) и извршил тешка кражба. Тој украл, 33.500 евра, 3.000 долари, 6.500 денари и златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.350.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило удрен пешак во Струшко, со тешки повреди пренесен на клиника
Денеска во 01.50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од с.Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Приведен криминалец баран по потерница
Вчера во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле М.А.(34) од село Корешница, демиркаписко, кој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Неготино за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
М.А. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
Црна хроника
Подигнал пари од банка со полномошно од сметка на починато лице, поднесена кривична пријава
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Х.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, од девизна сметка на починато лице, на кое бил полномошник, во два наврати извадил парични средства во вредност од 18.550 американски долари и 11.750 евра и покрај тоа што знаел дека со смртта е прекинато и полномошното.