Uncategorized
САД ветија јавна истрага за масакрот во Хадита
Американските власти ветија јавна истрага за масакрот во Хадита, каде 24 лица беа убиени од американски маринци во ноември 2005.
Американските власти ветија јавна истрага за масакрот во Хадита, каде 24 лица беа убиени од американски маринци во ноември 2005.
Претседателот Буш е загрижен од извештаите во медиумите, но побара прво војската да ја заврши истрагата, која ќе биде отворена и јавна, изјави денеска портпаролот на Белата Куќа Тони Сноу.
Претходно и ирачкиот премиер Нури Малики вети истрага на ирачките власти, додавајќи дека „постои граница на прифатливи извинувања“ за цивилни жртви.
Би-Би-Си јави дека американскиот Пентагон е блиску до завршување на истрагата околу убиствата и обидот за прикривање на настанот, кој првично беше објаснуван како судир со милитанти.
Американските медиуми беа тие што го открија колежот во Хадита – најпрво Тајм, а пред неколку дена со детали излезе „Вашингтон пост“.
Според деталите, маринците извршиле упад во една населба во Хадита лути поради тоа што од бомба загинал еден нивен колега и пукале во мажи, жени и деца, убивајќи 24 лица.
За настанот сведочеше и 12 годишната Сафа Јунис, девојче кое го преживеала масакрот, преправајќи се дека е убиено.
„Американските војници, ја скршија вратата од куќата, го застрелаа татко ми и фрлија рачна граната во спалната. Тие продолжија да пукаат, јас се преправав дека сум мртва, а тие не забележаа“, изјави Јунис за ирачката група за човекови права „Хамураби“.
Капларот Роел Рајанс Брионс од Калифорнија, кој бил дел од маринците за расчитување на масакрот во денот на инцидентот, сведочеше за „Лос Ангелес Тајмс“, дека жртви на колежот „ беа и мали бебиња и деца, како и возрасни мажи и жени“.
„Никогаш нема да бидам во состојба да го исфрлам тоа од мојата глава. Се уште ја чувствувам мириста на крвта“, изјави капларот – очевидец и дел од тимот за расчистување. Тој тврди дека ги фотографирал жртвите.
Според американските медиуми, војниците и офицерите кои учествувале во масакрот ќе се соочат со кривични обвиненија по неколку основи.
Посматрачите во Вашингтон пак, оценуваат дека скандалот со масакрот во Хадита може да има многу посериозни последици врз вкупната американска политика во Ирак, отколку што беше скандалот со мачените Ирачани во затворот Абу Граиб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.