Спорт
Панчев жали што не прифатил фунција во Звезда
Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев за Б92 изјави дека жали што не прифатил функција во Црвена Звезда, клубот каде што ја доживеа својата најголема слава.
Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев за Б92 изјави дека жали што не прифатил функција во Црвена Звезда, клубот каде што ја доживеа својата најголема слава.„Во неколку наврати ме повикаа од Црвена Звезда да се преселам во Белград и да работам во клубот како технички или спортски директор. Некакво модел веќе ќе се пронајдеше, но едноставно не бев подготвен. Најнапред добив едно дете, па второ и не бев психички подготвен за таков чекор“, вели Панчев.Познатиот голгетер од сегашна временска дистанци смета дека може би погрешил, бидејќи Звезда е голем клуб.„Истотака, сметам дека во Белград и во Србија односот кон познатите личности сосема е поинаков отколку во Македонија. Да ја прифатев понудата, тоа можеше за мене д абиде само добро, никако лошо, но јас сум тука роден, тука се моите пријатели и затоа решив да останам“, изјави Панчев за Б92. /крај/б92/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милевски ја презеде одговорноста за дебаклот во Велс
Серијата од две години без пораз во офоцијални натпревари, вкупно 14, во која се наоѓаше фудбалската репрезентавција на Македонија, заврши на „Милениум“ стадионот во Кардиф.
Велс, во последното коло во Ј групата, за пласман на Светското првенство, ја прегази Македонија со 7:1. Ова е вториот најтежок пораз во историјата на националниот тим. Втор пат Македнија прими седум гола на еден натпревар, претходно тоа се слуи на „Олд Трафорд“ против Англија (7:0).
Резултатот најдобро ја отсликува немоќта на македонските фудбалери на овој натпревар. По мечот селекторот Благоја Милевски ја презеде одговорноста за дебаклот.
„Немавме одговор за агресивната игра на Велс. Одговорноста е моја и секогаш ќе биде, начинот на кој загубивме боли повеќе“, рече Милевски.
Македонија сега ја очекува баражот за пласман на Мундијалот. Полуфиналните и финалните двојки ќе бидат извлечени в четврток во Цирих. Познато е дека во полуфиналето противник на Македонија ќе биде една од овие четири селекции: Италија, Данска, Турција или Украина.
Foto/ ffm.mk
Спорт
Можни противни во полуфиналето се Италија, Данска, Турција и Украина
Завршија европските квалификации за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Германија, Холандија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Шпанија и Шкотска го обезбедија своето место на планетарната смотра.
Европа на Мундијалот ќе биде застапена со 16 селекции. Последните четири ќе бидат познати во март наредната година кога ќе се одигра плејофот.
Меѓу 16-те репрезентации се наоѓа и Македонија, која место во плејофот избори преку Лигата на нации.
Репрезентациите ќе бидат распределени во четири шешири, според рејтингот. Правилата се дека репрезентација од првиот ќе игра против репрезентација од четвртиот шешир, а оние од вториот за противник ќе имаат селекции од третиот шешир во полуфиналето.
Потоа победниците ќе играат во финалето, а само победниците од четирите финални натпревари ќе се пласираат на Мундијалот.
Прв шешир: Италија, Данска, Турција, Украина
Втор шешир: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Трет шешир: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Четврти шешир: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска
Македонија во полуфналето ќе игра на гостински терен, а можно противници се Италија, Турција, Данска или Украина.
Ждрешката за баражот ќе биде извршена во четврток, во Цирих, со почеток во 13 часот.
Foto/ EPА
Спорт
(Видео) Ножичките на Мектоминеј, проектилот на Тирни и голот од половина терен ан Меклин ја однесоа Шкотска на СП
Фудбалерите на Шкотска ја победија Данска со 4:2 (1:0) во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 во групата.
Со овој триумф, Шкотланѓаните обезбедија директен пласман на Муднијал следната година, Данска ќе бара место на Светското првенство преку баражот.
Во спектакуларен натпревар во Глазгов, Шкотланѓаните водеа три пати, Данците се вратија двапати и со играч помалку, а потоа Меклин го постави конечниот резултат во осмата минута од судиското продолжение, со гол од половина терен.
Лудиот меч на „Хампден парк“ го најави Скот Мектоминеј во третата минута, кога со ножички постигна спектакуларен гол.
На Шкотланѓаните им беше потребна победа за директен пласман на Светското првенство, додека на Данска ѝ беше доволен и нерешен резултат на овој натпревар, за да бидат први од Групата Ц.
Данците не се предадоа, израмнија на 1:1 во 57-та минута, кога стрелец беше Хојлунд од пенал.
Само четири минути подоцна, Данска остана со 10 играчи, бидејќи Кристенсен доби втор жолт картон.
Добро се држеа Данците и со играч помалку имаа иницијатива и ја контролираа играта.
Нивната одбрана не издржа во 78-та минута кога, резервниот напаѓач Лоренс Шкаланд постигна гол за 2:1.
Шкотланѓаните беа на 12 минути од директен пласман на СП, а потоа Данците повторно израмнија четири минути подоцна, а овој пат Доргу беше прецизен за 2:2.
Кога се чинеше дека сè е готово, во третата минута од судиското продолжение, Киран Тиерни брилијантно погоди од 20 метри.
За крај на спектаклот, дојде и спектакуларниот гол на Кенај Меклин. Во осмата минута од судиското продолжение, фудбалерот на Норич го лобуваше Шмајхел од половина терен.
Foto/ EPA

