Свет
Прва пациентка излечена од бактеријата еширихија коли
Во Хамбург, епицентарот на ширење на заразата која го предизвика новиот вирус на бактеријата ешерихија коли, успешно е излечена првата пациентка.
Во Хамбург, епицентарот на ширење на заразата која го предизвика новиот вирус на бактеријата ешерихија коли, успешно е излечена првата пациентка. До сега од заразата починаа 19 луѓе, а две илјади се заболени само во Германија, додека 90 пациенти се пријавени во десет европски земји и САД. Четириесетиедногодишната Николета Пабст од Хамбург се разболела минатата недела и во четвртокот изутрината била примена во болница. „Во четврток изутрината по ноќта која беше ужасна, бев сместена во болница. Ми беше се полошо и полошо и бев сама во собата, изолирана и никој не се осмели да влезе. Навистина бев исплашена“, вели Пабст. Николета веднаш била приклучена на инфузија.„Четвртокот и петокот беа тешки. Немав веќе чувство за време. Не знаев колку долго лежам во болница, но не ја изгубив свеста“, рече Николета. Лекарите од болницата во Хамбург одлучија да ја лекуваат со антибиотици. Терапија која се покажа успешна.Николета поминала седум дена во болница, а нејзиниот случај може да помогне во решавањето на мистеријата на мутираниот вирус ешерихија коли. Експертите се поделени во однос на изворот на инфекцијата-едните тврдат дека новиот вид на бактерија е во доматот, краставиците и зелената салата, додека другите веруваат дека изворот на ширењето на инфекцијата треба да се бара во месото./крај/блиц/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

