Спорт
Батиста се одлучи за Тевез во тандем со Меси

Селекторот на Аргентина, Серхи Батиста се одлучи на првиот меч од Копа Либертадорес против Колумбија, во нападот да го стави Тевез во тандем со Меси.
Селекторот на Аргентина, Серхи Батиста се одлучи на првиот меч од Копа Либертадорес против Колумбија, во нападот да го стави Тевез во тандем со Меси.Помалку е изненадувачки, имајќи предвид дека селекторот и Тевез имаа несогласувања и пред еден месец. Тевез воопшто не беше спомнуван за настап на Копа Либертадорес. Од друга страна, на клупата треба да остане одличниот Ангел Ди Мариа.Но Батиста има објаснување. Наместо блиц напади со брзиот Ди Мариа, Аргентинците ќе се обидат да имаат што поголем посед на топката, а головите да бидат резултат на постојан притисок на голот на Колумбија. Дали ќе се исполнат плановите на Батиста ќе се дознае на денешната средба во Ла Плата.Составот на Аргентина којашто ќе настапи во формација 4-3-3 ќе го сочинуваа: Ромеро – Занети, Бурдисо, Милито, Ројо – Банега, Маскерано, Камбијасо – Лавеци, Меси, Тевез. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“