Свет
Организиран криминал во "Бачило"
Владата вчера ги разгледуваше фактите околу исплатата на отштетата од 720.000 евра
Владата вчера ги разгледуваше фактите околу исплатата на отштетата од 720.000 евра
Владата на вчерашната седница ги задолжи надлежните институции да ги испитаат сите можности за повторување на судската постапка во „случајот Бачило“ поради сомневање дека исплатата на 720.000 евра отштета на лицето Иснифарис Џемаили е случај на корупција и организиран криминал. Истовремено, Кабинетот на премиерот Бучковски ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Македонија и Одделението за организиран криминал да ги преземат сите мерки за целосно расчистување на случајот, како и за поведување постапка за утврдување на одговорноста. Владата ќе почне и постапка за утврдување на објективната одговорност на јавниот правобранител на Македонија во предметот за исплатата на отштетата за гранатираното бачило во Тетовско за време на воениот конфликт во 2001 година.Ова се заклучоците по вчерашната расправа на владината седница на која, како што беше соопштено, била во целост разгледана информацијата за исплата на штетата и препораките и заклучоците од Државната комисија за спречување на корупцијата
Гордана Дувњак
Владата на вчерашната седница ги задолжи надлежните институции да ги испитаат сите можности за повторување на судската постапка во "случајот Бачило" поради сомневање дека исплатата на 720.000 евра отштета на лицето Иснифарис Џемаили е случај на корупција и организиран криминал. Истовремено, Кабинетот на премиерот Бучковски ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Македонија и Одделението за организиран криминал да ги преземат сите мерки за целосно расчистување на случајот, како и за поведување постапка за утврдување на одговорноста. Владата ќе почне и постапка за утврдување на објективната одговорност на јавниот правобранител на Македонија во предметот за исплатата на отштетата за гранатираното бачило во Тетовско за време на воениот конфликт во 2001 година.Ова се заклучоците по вчерашната расправа на владината седница на која, како што беше соопштено, била во целост разгледана информацијата за исплата на штетата и препораките и заклучоците од Државната комисија за спречување на корупцијата.
Неофицијално дознаваме дека расправата за "случајот Бачило" траела повеќе од час и пол.На седницата присуствувала и јавната правобранителка на Македонија, Зоја Лега-Станоевска, на која Ј биле упатувани конкретни прашања околу содржината на подготвената информација за случајот. Сепак, во расправата најмногу учествувале премиерот Бучковски и ресорниот министер за одбрана, Јован Манасиевски, кои инсистирале да се расчисти овој случај, бидејќи штетата е на товар на државата.
Државниот јавен обвинител Александар Прчевски во вчерашниот телефонски разговор кусо изјави за "Утрински весник" дека "ќе го почекаат заклучокот на Владата и ќе постапат во рамките на нивните овластувања".
"Случајот Бачило" прв го отвори државниот ревизор, кој изрази сомневање во висината на отштетата за гранатирањето на бачилото во селото Вакуф. Потоа, за оваа работа се заинтересира и Антикорупциската комисија, која го побара на увид предметот од Основниот суд Скопје 1, по што констатира низа пропусти во работата на повеќе институции. Меѓу првите институции кои јавно реагираа, беше и Врховниот суд на Македонија, кој преку соопштение изрази сомневање дека во конкретниот случај не се преземени сите правни средства. Завчера, Граѓанскиот оддел на највисокиот суд во државава на посебна седница го разгледуваше случајот, по што побара од Републичкиот судски совет одговорност за судијата што го водел случајот. Врховните судии имаа забелешки на сите фази од водењето на овој предмет, почнувајќи од неуредната тужба, погрешно утврдената фактичка состојба и висина на отштетата, датумот на исплата на каматата, па сў до преземањето на некои прави лекови. "Случајот Бачило" ќе биде на дневен ред и на седницата на Републичкиот судски совет в среда, на која ќе бидат разгледувани неколку предлози за разрешување судии за нестручно и несовесно однесување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Откако исчезнаа, два запленети венецуелски танкери повторно беа забележани кај Порторико
Два танкера за нафта запленети од американските сили претходно овој месец како дел од кампањата против извозот на венецуелска нафта беа повторно видени вчера во близина на Порторико, потврдија за Ројтерс сведок и според податоците за следење на бродот.
Станува збор за супертанкерот М Софија, запленет на 7 јануари додека транспортираше венецуелска нафта, и помалиот танкер Галилео, запленет минатата недела. Танкерите се меѓу седумте бродови поврзани со венецуелските извозни операции што беа запленети од американската војска и крајбрежната стража во последните недели.
Танкерите не емитуваа податоци за позицијата, па затоа нивната локација не можела да се следи се до средата. Другите пет запленети бродови моментално се наоѓаат во близина на американскиот Залив, во венецуелските води и во близина на Шкотска.
Свет
САД денеска официјално излегуваат од СЗО
САД денес се повлекуваат од Светската здравствена организација (СЗО), една година откако претседателот Доналд Трамп нареди повлекување од агенцијата на ОН со седиште во Женева, што нејзиниот генерален директор го нарекува „загуба и за САД и за остатокот од светот“.
Според договорот меѓу САД и СЗО, повлекувањето стапува на сила денес откако ќе истече задолжителниот едногодишен рок за известување. Теоретски, еден од условите за повлекување утврдени во договорот не е исполнет бидејќи САД не ги платиле своите претходни придонеси во целост како што е договорено.
Сепак, СЗО нема начин да бара пари или да го одбие повлекувањето, истакнува агенцијата dpa.
„Се надевам дека САД ќе ја преиспитаат својата одлука и повторно ќе се приклучат на СЗО“, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус во Женева, додавајќи дека сите губат со овој потег.
„Повлекувањето е загуба за САД, а во исто време и загуба за остатокот од светот“, рече Тедрос, додавајќи дека не станува збор за пари, туку за соработка и солидарност. Меѓу другото, СЗО има системи за рано предупредување за појава на потенцијално опасни болести.
Гневот на Трамп кон СЗО датира од пандемијата на коронавирус.
Тој се обиде да ја напушти организацијата за време на својот прв мандат, но неговиот наследник, Џо Бајден, стана претседател пред да истече едногодишниот рок и ја поништи наредбата на Трамп. Трамп ја обвинува СЗО за злоупотреба на средства и лошо управување со пандемијата.
Откако Трамп се врати во Белата куќа, САД не ги платија преостанатите членарини за 2024 и 2025 година, во вкупен износ од околу 280 милиони долари.
Со години, САД се убедливо најголемиот донатор, честопати покривајќи повеќе од 15 проценти од буџетот на организацијата. СЗО сега е принудена да спроведе програма за штедење, намалувајќи го персоналот и буџетот за околу една петтина.
фото/Depositphotos
Свет
Маж убиен во пукотница во Германија
Еден маж почина во пукотница во Дортмунд. Пукањето се случило кратко пред полноќ во градскиот округ Нордштат, а полицијата го истражува инцидентот, објавува Welt.
Портпаролот на полицијата утрово соопшти дека мажот бил реанимиран од службите за итни случаи откако бил ранет на местото на настанот. Тој бил однесен во болница, каде подоцна им подлегнал на повредите.
Парчиња искината облека биле пронајдени расфрлани на асфалтот, заедно со повеќе од 20 чаури.
Одделот за убиства на полицијата ја презеде понатамошната истрага. Деталите за можните сторители сè уште не се познати.
фото/Depositphotos

