Контакт

Свет

Колумбиската влада и FARC постигнаа нов мировен договор

Објавено пред

Колумбиската влада и марксистичката бутновничка група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC), во саботата постигнаа нов изменет договор за завршување на 52-годишниот вооружен конфликт во кој загинале најмалку 260.000 луѓе, 45.000 се водат како исчезнати, а 6,9 милиони лица се раселени, и покрај тоа што пред повеќе од еден месец Колумбијците на референдумот неочекувано не го прифатија нивниот мировен договор кој по четиригодишни преговарања го потпишаа кон крајот на септември.

dobivaj vesti na viber

„Постигнавме нов, конечен договор за завршување на вооружениот конфликт кој содржи измени, појаснувања и некои нови одредби“, се истакнува во заедничкото соопштение коешто го прочитаа дипломати од Куба и од Норвешка, кои беа гаранти на мировниот процес.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос нагласи дека станува збор за „подобар договор“. „Прилагодивме и изменивме 56 од 57 прашања со коишто се занимававме, така што можеме да градиме потраен и постабилен мир“ порача Сантос.

Со новиот договор не се чепкаат клучните прашања, вклучително и разоружувањето на FARC, кој ќе стане политичка партија којашто ќе може да излезе на избори по четири години. Но со него се воведуваат неколку „новитети“ во клучните одредби од оригиналниот мировен договор, изјави главниот владин преговарач Умберто де ла Кале.

Новиот план е дотеран откако групите кои му се противеа на првичниот договор предложиле измени како почетна точка на разговорите. „Измените и појаснувањата не ги менуваат клучните работи околу кои се договоривме“, истакна Де ла Кале,

Претседателот Сантос рече дека не усвоен предлогот да се забрани учество на изборите на бунтовничките водачи кои се одговорни за тешки злосторства. Истакна, исто така, дека со новиот договор ќе биде задржана одредбата според којашто челниците на FARC ќе избегнат секаков судски прогон, доколку ги признаат своите недела и им платата отштети на жртвите. Но, додаде дека ќе бидат специфирани „некои ограничувања за нивната слобода“.

снСпоред досегашниот договор во следната половина година, околу осум илјади преостанати борци на FARC ќе бидат разместени во 23 региони во земјата каде што ќе го предадат оружјето во процесот кој ќе го надгледуваат Обединетите нации.

Според договорот, FARC до 2018 година ќе има претставници во конгресот, но без право на глас, а потоа до 2026 година ќе има десет претставници со право на глас, без разлика на изборните резултати.

Главниот преговарач на FARC, Иван Маркез, изјави дека „сето она што сега треба да се стори е да се примени новиот план“.

Ниедна од страните не соопшти дали и новиот договор ќе треба да биде потврден на референдум.

Американскиот државен секретар Џон Кери оцени во соопштение дека новиот договор „претставува значаен чекор напред на патот на Колумбија кон преведен и траен мир“.

Претставниците на FARC и на колумбиската влада упорно се состануваа за да го спасат мировниот план за кој се преговараше четири години и кој гласачите неочекувано го отфрлија на почетокот од октомври. Колумбијците изненадија отфрлајќи го на референдумот предлогот на историскиот мировен договор кој владата и бунтовниците го договорија во кубанската престолнина Хавана на 24-ти август, а го потпишаа во Колумбија на 26-ти септември годинава.

Иако анкетите предвидуваа голема победа на приврзаниците на мировниот договор, тесниот резултат со 50,21 отсто гласови „против“ наспроти 49,78 отсто гласови „за“, со излезност од 62 отсто, укажува дека Колумбија е поделена во врска со начинот на кој треба да запре најстариот вооружен судир на северната хемисфера. Тоа претставуваше и голем удар за претседателот Сантос, добитникот на годинешната Нобелова награда за мир поради овој историски договор.

FARC e најголемата од бунтовничките во Колумбија и најстара во Латинска Америка, којашто официјално има околу осум илјади борци, главно повлечени во руралните области. Герилата во 2012 година вети дека нема да грабнува цивили и да бара откупнина, но не се откажуваше од грабнувањето полицајци и војници кои ги смета за воени заробеници.

Инаку, двете колумбиски герилски движење FARC и ELN, прогласија прекин на борбените дејствија од 20-ти до 28-ми мај 2014-та, пред одржувањето на претседателските избори на 25-ти мај таа година.

Досега од почетокот на преговорите FARC во два наврата еднострано прогласуваше примирје и повеќепати без успех бараше од владата и таа да прогласи примирје. На почетокот од годинава беше објавено третото примирје што го прогласија Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARK), но е прво коешто го прифати и втората по големина бунтовничка групација во Колумбија.

Претставници на колумбиската влада и на FARK на 19-ти ноември 2012 година на Куба започнаа преговори за ставање крај на речиси конфликтот. Досега беа одржани девет круга на преговорите а во мај 2013 година беше постигнат договор со кој се повикува на економски и социјален развој на руралните области, а договорено е и делумна поделба на земјата на локалното население, што го решава еден од главните проблеми поради кои FARC во 1964 година го започна бунтот. Колумбиската влада се обврза да ги подобри услугите и инфраструктурата во руралните подрачја во рамките на широките напори за намалување на долгогодишните социјални и економски нееднаквости, а како едно од големите прашања беше прашањето за учеството на FARC во политичкиот живот на Колумбија.

Аналитичарите велат дека досега најмоќната бунтовничка организација во Колумбија од 2002 година претрпува силни порази од владините сили, а во последно време се забележани масовно дезертирање од нејзините редови, па бројката нејзини борци во моментов се проценува до седум илјади. Според колумбиското министерство за одбрана, во моментов бројката на борците е и до 60 отсто помала отколку во 2000 година, или приближно осум илјади борци.

Во 2008 година, FARC за кусо време загуби три од седумте високи команданти. На 1-ви март таа година во напад на колумбиската војска врз камп на FARC на територијата на Еквадор беше убиен Раул Рејес, на 7-ми март шефот на внатрешната безбедност на FARC, за награда од милион долари го уби вториот човек во раководството на герилата, Иван Риос, и на 26-ти март од срцев удар почина основачот и лидер на формацијата, 78-годишниот Мануел Маруланда.

Со смртта на почетокот од ноември 2011 година на 63-годишниот Алфонсо Кано, еден од неколкумината од кои потекна идејата за формирање на FARC и главниот идеолог на движењето, можноста за добивање поддршка од локалното население и за спротиставување на владините сили за „изградба на Нова Колумбија”, беше доведена во прашање.

Армијата на националното ослободување (Ejército de Liberación Nacional, ELN), пак, се проценува дека во моментов брои меѓу 2.500 и 3.000 борци. Оваа леворадикална терористичка организација е исто така формирана во 1964 година, од група студенти кои враќајќи се од студиите на Куба, сакаа во Колумбија да го увезат револуционерниот модел на „Островот на Слободата”.

Движењето го иницира студентскиот лидер Фабио Васкез, а потоа свештеникот Камило Торес, познат универзитетски професор и поборник на еднаквоста и доследен марксист, кој критички настроен кон социјалната нерамноправност во Колумбија, подоцна се приклучува, како иден поборник на теологијата на ослободувањето за спроведување на идеите во практиката, преку револуционерна борба. Тој загинал во својата прва борбена акција во напад врз патрола и стана симбол за организацијата, но и за други свештеници кои го следеа неговиот пример.

По бројните неуспеси и порази, во почетокот на 1970-те отецот Мануел Перез стана еден од челниците на ELN и остана на неговото чело до смртта во 1998 година. Перез се смета основоположник на конечната идеологија, којашто е мешавина од марксизам, геваризам и „теологија на ослободувањето”. Нејзина цел е да се надмине социјалната неправда, сиромаштијата и политичката нестабилност во традициите на христијанството и марксизмот со користење на методи на герилската војна. Во периодот меѓу 1973 и 1974 година на ELN ѝ беше нанесен тежок удар, но движењето сепак успеа да опстане.

И ELN учествуваше во разговорите за приклучување кон мировните преговори коишто до 1998 до 2002 година ги водеше владата на Андрес Пастрана со FARC, но владината иницијатива за формирање демилитаризирана зона во јужниот дел од провинцијата Боливар за ELN беше запрена под притисокот на ултрадесничарските Сили за самоодбрана на Колумбија.

Во изминатите години „ескадроните на смртта” на Урибе, како и засилените воени операции на колумбиската армија нанесоа големи порази на ELN. Кон крајот на август 2013 година претседателот Сантос објави дека е подготвен за мировни преговори со ELN, откако движењето ослободи канадски геолог кој беше во заложништво седум месеци./крај/мф/сн

Свет

Орбан: Европејците избраа војна, Унгарија мора да каже „не“

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека војната претставува голем ризик за Унгарија, бидејќи, како што рече, „за разлика од САД, Европејците одлучија да ја поддржат војната и ќе ѝ обезбедат на Украина сè што ѝ е потребно за водење војна“.

dobivaj vesti na viber

– Порано или подоцна ќе испратат војници. Постојат писмени договори меѓу Франција и Велика Британија. Кога трупите ќе бидат испратени во Украина, војници ќе заминат и од Унгарија, особено ако земјата има влада која не може да каже ‘не’ во Брисел“, изјави Орбан.

Тој оцени дека за избегнување на вклучување во војната е потребна „памет“, додавајќи дека лидерите мора да бидат паметни, лукави и искусни.

– Можам да ја задржам Унгарија надвор од војна, за разлика од Иштван Тиса или Миклош Хорти, рече Орбан, алудирајќи на поранешни унгарски државници од периодот пред Втората светска војна.

Орбан изјави дека се спротивставува на „бриселската илузија“ дека војната нема да ја чини Европа ништо, бидејќи, според таа логика, Русија ќе плати репарации и ќе биде „плен“.

– Ако Унгарија влезе во војна, тоа би нè чинело нас, нашите деца и внуци во следните 10 до 20 години, затоа мораме да кажеме ‘не’, рече Орбан.

Тој додаде дека Унгарија не мора да зазема страна ниту со Украина, ниту со Русија.

– Јас стојам на страната на Унгарија. Имаме сопствени цели и национални интереси. Ќе купуваме гас и нафта од Русија и ќе тежнееме кон добрососедски односи со Украина по завршувањето на војната, изјави Орбан.

Според него, Унгарија не би можела да го задржи системот на ограничување на цените на комуналните услуги без евтина руска енергија, додавајќи дека прекинот на снабдувањето со руски гас и нафта би довел до повеќекратно зголемување на цените во споредба со соседните земји.

– Украина бара 800 милијарди евра за управување со државата во следните 10 години и уште 700 милијарди за воени цели. Таа сума би го финансирала унгарскиот пензиски систем 60 години и семејните субвенции 40 години, изјави Орбан.

Прикажи повеќе...

Свет

Експлозии пријавени низ Иран

Објавено пред

Неколку експлозии се пријавени нво Иран денеска, во услови на зголемени стравувања од војна во регионот, јави ДПА.

dobivaj vesti na viber

Во пристанишниот град Бандар Абас, на Персискиот Залив, едно лице загина, а 14 се повредени во експлозија, соопшти новинската агенција Тасним, која е блиска до Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Очевидци пријавиле и најмалку една експлозија во близина на главниот град Техеран. Иранските медиуми, повикувајќи се на официјален извор, наведоа дека се запалила трска во корито на река.

Во југозападниот дел на Иран, онлајн-порталот Нур њуз, повикувајќи се на шефот на противпожарната служба во градот Ахваз, објави дека експлозија на гас усмртила четири лица.

Тасним ги демантираше гласините дека експлозијата во Бандар Абас била обид за напад врз командантот на морнарицата на ИРГЦ, Алиреза Тангсири.

Државната новинска агенција ИРНА објави фотографија од делумно уништениот преден дел на повеќекатна станбена зграда. Државната телевизија соопшти дека експлозијата била предизвикана од истекување гас.

Наскоро треба да започне тридневна поморска воена вежба на ИРГЦ во Персискиот Залив, во која се очекува да учествуваат и Кина и Русија.

Маневрите се најавени во период кога американскиот претседател Доналд Трамп распореди флота, вклучително и носачи на авиони, во регионот.

Трамп во повеќе наврати ѝ се закануваше на власта во Техеран со интервенција, поради, како што наведе, бруталното задушување на протестите од страна на иранскиот безбедносен апарат.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Белград се урна напуштен двокатен објект

Објавено пред

Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.

dobivaj vesti na viber

Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.

Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.

При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.

Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија6 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија6 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија10 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет10 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија11 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет12 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет12 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет1 ден

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија1 ден

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија1 ден

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет1 ден

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија1 ден

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија1 ден

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија1 ден

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет1 ден

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет2 дена

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет2 дена

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет2 дена

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...