Спорт
Пеџа даде три тројки за 67 секунди
По неколку мечеви отсуство од паркетот поради повреда на вратот, Пеџа Стојаковиќ повеќе од успешно се врати во дресот на Далас во победата од 101:73 над Голден Стејт во Америкен Еирлајнс Центарот.
По неколку мечеви отсуство од паркетот поради повреда на вратот, Пеџа Стојаковиќ повеќе од успешно се врати во дресот на Далас во победата од 101:73 над Голден Стејт во Америкен Еирлајнс Центарот. Србинот за само 67 секунди постигна три тројки едноподруго што делуваше демотивирачки кај противникот. На крајот мечот го заврши со 17 поени. Најефикасен беше Дирк Новицки со 20 поени и 6 скокови, а Тајсон Чендлер кон скромните 7 поени додаде 17 скокови.Во поразениот тим скоро да немаше играч за издвојување, а најмногу поени постигна Монта Елис , 18, но со многу лош процент на шут.Останати резултати: Вашингтон – Њу Џерси 98:92 (Џон Вол 26 п. 6 ск. 8 ас. Џон Крофорд 21 п. / Крис Хемфрис 18 п. 17 ск. Брук Лопез 21 п. 10 ск.)Атланта – Детроит 104:96 (Ал Хорфорд 18 п. 10 ск. / Родни Стаки 22 п. 8 ас.)Милвоки – Њујорк 100:95 (Карлос Делфино 30 п. 11 ск. Ендрју Богут 13 п. 12 ск. / Амар Стадемаер 25 п. 11 ск./ Кармело Ентиони 21 п. 5 ск.)Минесота – Сакраменто 95:127 (Лук Рајднур 22 п. / Семјуел Далембер 26 п. 17 ск. Маркус Торнтон 23 п. 8 ск. 9 ас.)Л.А. Клиперс – Феникс 99:108 (Крис Каман 21 п. 11 ск. Мо Вилијамс 18 п. 7 ск. 7 ас. / Стив Неш 23 п. 7 ск. 13 ас. Марцин Гортат 17 п. 13 ск.)Оклахома – Торонто 93:95 (Расел Вестбрук 22 п. 6 ск. Кевин Дурант 20 п. 5 ск. / Андреа Барњани 23 п. 5 ск. Демаркус Дерозен 16 п. 8 ск.)Хјустон – Јута 110:108 (Кевин Мартин 34 п. Кајл Лоури 28 п. 11 ск. 10 ас. Патрик Патерсон 14 п. 13 ск. / Пол Милсап 35 п. 10 ск. Ал Џеферсом 17 п. 19 ск.)Л.А. Лејкерс – Портланд 84:80 (Коби Брајант 22 п. Ламар Одом 16 п. 11 ск. По Гасол 14 п. 13 ск. / Николас Батум 25 п. Ламаркус Алдриџ 18 п. 6 ск.). крај/макфкас/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лестер го официјализираше доаѓањето на Ван Нистелрој
Руд ван Нистелрој е новиот менаџер на Лестер.
Холанѓанецот го замени Стив Купер, кој доби отказ по само пет месеци и поразот од Челзи (1:2) минатиот викенд на стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер, а договорот со Ван Нистелрој е до летото 2027 година.
Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед го предводеше стручниот штаб на клубот од „Олд Трафорд“ како в.д. тренер по отказот на неговиот сонародник Ерик тен Хаг и доаѓањето на Португалецот Рубен Аморим на кормилото на клубот.
Можно е првиот и последниот меч во тој период да го „препорачаа“ Ван Нистелрој на таа позиција, бидејќи неговиот тим убедливо ги совлада „лисиците“ во Лига купот (5:2) и во Премиер лигата (3:0).
Во меѓувреме имаше реми со Челзи (1:1) во англиското првенство, па триумф над ПАОК (2:0) во Лига Европа.
Ван Нистелрој во сезоната 2022/23 го предводеше ПСВ со кој го освои Купот на Холандија, но и Суперкупот, кој неодамна го носи името на легендарниот Јохан Кројф, со победата над Ајакс (5:3).
Спорт
Норис на пол-позицијата за спринтот во Катар, Макс е во третиот ред
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за последната спринтерска трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, која ќе се вози за Големата награда на Катар.
Британецот на половина пат на патеката „Лусаил“ стигна со време од 1:21.012 минути, со 63 илјадитинки предност пред Џорџ Расел во Мерцедес. Двајцата беа следени од возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој беше десетти зад победникот на минатонеделната трка во Лас Вегас.
Шампионот Макс Ферстапен, кој пред пет дена ја обезбеди четвртата титула, ќе го заземе шестото место во саботниот спринт.
Спорт
Пикси останува селектор на Србија
Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Ова го потврди генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Бранко Радујко.
„Разговаравме со Драган Стојковиќ и уште еднаш потврдивме дека останува селектор на А репрезентацијата. Согласно овој и важечкиот договор, ја продолжуваме соработката со заеднички интерес. Понудите се составен дел од тренерската работа, исто како што е природно секоја сериозна организација да има навремени и адекватни решенија во случај на промени. Не сакаме да се занимаваме со шпекулации туку со конкретни теми. Не чека ждрепката за Светското првенство, во март има плеј-оф дуели со Австрија, па многу брзо ќе имаме за што да разговараме кога е А репрезентацијата во прашање“, изјави Радујко.
Пред неколку дена се појави информација дека Пикси добил милион доларска понуда од Азија и дека е блиску до заминување од селекторската функција на Србија, како и дека функцијата ќе ја напушти на почетокот на 2025 година.