Спорт
Отказ за Пелегрини по завршувањето на сезоната

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека тренерот на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини нема шанси да остане на клупата на „кралевите“ и следната сезона.
Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека тренерот на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини нема шанси да остане на клупата на „кралевите“ и следната сезона.
Весникот пишува дека стратегот ќе добие отказ и ако успее да ја освои титулата во домашното првенство, што е малку веројатно дека ќе се случи.
Реал повторно оваа година беше елиминиран од Лигата на шампионите а по Ел Класико натпреварот со Барселона изминатиот викенд, ги загуби и шансите за освојување на титулата во домашното првенство.
„Поради очајната игра која ја прикажа Реал Мадрид, чилеанецот нема да продолжи да го води тимот иако направи чудо“ пишува „Марка“.
Како потенцијални кандидати за позицијата на Пелегрини се споменуваат Жозе Мурињо, Фабио Капело, Карло Анчелоти, Луис Фелипе Сколари и Рафаелл Бенитез./крај/б92/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нагелсман: Можеби треба да повикам играчи со послаб квалитет

Германската фудбалска репрезентација загуби со 2:0 од Словачка во Братислава во натпреварот од првото коло од квалификациите во Групата А за Светското првенство во 2026 година.
Домашниот тим поведе со голот на Давид Ханцко во 42-та минута, а потоа асистентото за првиот гол, Давид Стрелец во 55-та минута го постигна вториот гол.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман не го криеше своето разочарување, ги критикуваше своите избраници.
„Бевеме без двајца-тројца повредени, но ова се најдобрите играчи што ги имаме во Германија. Можеби следниот пат треба да поканиме играчи со послаб квалитет кои ќе дадат се од себе на теренот“, луто го коментираше поразот младиот стручњак.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дека ќе игра на Светското првенство

Лионел Меси даде изјава што изненади многумина по победата против Венецуела (3:0), во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство..
Дуелот со Венецуела беше последен за Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по натпреварот, ја загрижи домашната јавност.
Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапи на претстојното Светско првенство.
„Со години ја имав наклонетоста на Барселона, а мојот сон беше да го имам тоа и овде, во мојата земја, со мојот народ. Ќе ги паметам добрите работи. Мислам дека нема да играм, поради моите години – најлогично е дека нема да бидам на Светското првенство. Ќе се водам според тоа како се чувствувам. Се обидувам да бидам искрен со себе. Не сум донел одлука, но ќе размислам внимателно“, рече Меси по натпреварот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Уругвај, Колумбија и Парагвај се пласираа на СП 2026

Покрај Аргетнина, Бразил и Еквадор, пласман на Светското првенство во 2026 година во текот на ноќта, а во пресрет на последното коло во јужноамериканските квалификации изборија Уругвај, Колумбија и Парагвај.
Уругвај го победи Перу со 3:0 со головите на Агире во 14., односно Де Араскаета во 58. и Вињас во 80.минута.
Со ист резултат Колумбија забележа триумф во дуелот со Боливија. Џејмс Родригез во првото, односно Кордоба и Кинтеро 83 во второто полувреме ги постигнаа головите.
Парагвај и Еквадор одиграа меч без многу возбудувања без голови, но и двете репрезентации изборија место на Мундиалот.
Во последното коло Венецуела и Боливија ќе играат за седмата позиција и место во Интерконтинеталниот бараж.
Венецуела е во предност, има бод повеќе и дуел на дмашен терен со Колумбија, додека Боливија мора да го победи Бразил и да чека кикс на Венецуела.
Foto/ EPA