Свет
Со ДНК-анализа ослободен по 35 години во затвор
По 35 години минати во затвор во четврток од затворот на Флорида бил ослободен сега 54-годишниот Џејмс Баин, откако анализата на неговата ДНК покажала дека бил невино осуден за грабеж и силување на деветгодишно момче во 1974 г.
„Не сум лут. Го имав Господ во мислите. Знаев дека еден ден ќе ме ослободи“, изјавил за новинарите Џејмс Баин. Тој кога бил осуден, како што сега се покажало со новите форензички техники, имал само 19 години. Тогаш бил осуден на казна доживотен затвор за провалување, грабеж и силување. Американските медиуми се навраќаат на 1974 г. која деветгодишниот Лејк Велс од Флорида кој бил жртва на силување на полицијата и’ рекол дека напаѓачот имал бујна коса и мустаќи. Откако му биле покажани пет фотографии на потенцијалните напаѓачи, детето посочило на Баин, пишувало во полицискиот извештај од пред 35 години. Досега од американските затвори се ослободени 245 лица чија невиност е докажана по извршени ДНК-анализи. Но според организацијата „Проект Невиност“, национално здружение за ослободување на неправилно осудените, најмногу години во затвор минал само Баин.Сојузната држава флорида во 2001 г. донесе закон со кој се овозможува ДНК вештачење на осудените. Баин претходно четирипати поднесувал барање за такво тестирање, но секогаш бил одбиван, а успеало дури петтото барање со помош на адвокатите од „Проект Невиност“, изјавил за CNN.Според законите на Флорида на невино осудените може да им се исплати и отштета, и тоа по 50 илјади долари по година. Така Џејмс Баин може да го добие лимитот од два милиона долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италија планира да ја одложи одлуката за продолжување на воената помош за Украина
Италијанската влада има намера да го одложи одобрувањето на декретот што ќе му дозволи на Рим да ја продолжи воената помош за Киев за следната година, соопштија денес извори блиски до ова прашање, пренесе „Ројтерс“.
Застојот доаѓа во услови на тензии во десничарската коалициска влада околу поддршката за Украина. Премиерката Џорџа Мелони вети продолжување на помошта, но нејзиниот заменик Матео Салвини ја доведе во прашање оправданоста на таа одлука.
Во својата критика за помошта за Украина, Салвини се осврна на корупцискиот скандал во енергетскиот сектор што ја тресе администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, италијанската влада испрати 12 пакети воена помош за Украина, вклучувајќи го и системот за воздушна одбрана SAMP/T.
Прописите ѝ дозволуваат на владата да дејствува без да бара одобрение од парламентот за секоја нова рунда воени испораки. Важечкиот пропис истекува на крајот од годината.
Откако ќе биде одобрен од владата, новиот пропис ќе стапи на сила веднаш, но парламентот ќе мора да го ратификува во рок од 60 дена.
Свет
Путин три часа преговара со пратениците на Трамп за Украина
Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, трае веќе три часа и засега нема најава за негово завршување. На состанокот учествуваат и Јуриј Ушаков и Кирил Дмитријев од руската страна, како и Џаред Кушнер од американската делегација.
Состанокот е дел од интензивна дипломатска активност последниве две недели. Според изворите на Аксиос, Виткоф и Кушнер утре треба да го информираат украинскиот претседател Володимир Зеленски за разговорите во Москва.
Американскиот план за примирје, првично со 28 точки, сега е фокусиран на утврдување де факто граница како дел од можен договор. Путин изјави дека предложениот план може да биде основа за разговори, но Русија не отстапува од клучните барања, вклучувајќи ја и контролата врз целиот Донбас. САД наводно ја повикале Украина да направи територијален отстапок, што е политички тежок потег за Киев.
Зеленски од Даблин порача дека најтешки делови од планот се територијата, користењето замрзнати руски средства и безбедносните гаранции. Тој смета дека постои „најголема шанса досега“ да се стави крај на војната. Потврди дека со САД е усогласен нов мировен договор со 20 точки.
Украина е подготвена за нова средба со Виткоф и Кушнер по нивниот состанок во Москва, а опција е таа да се одржи во Брисел, каде утре заседава НАТО. На состанокот нема да присуствува американскиот државен секретар Марко Рубио.
Регион
Лукас: Половина Србија се дружи со Ориќ, нема да остапам ни милиметар пред Додик
Српскиот пејач, Аца Лукас изјави дека доживеал неравда по објавената фотографија со Насер Ориќ и дека „нема да отстапи ниту милиметар“ пред Милорад Додик, кој му го забранил концертот на Јахорина.
За „Аваз.тв“ кажа дека фотографијата погрешно се толкува и дека прв пат го видел Ориќ. Лукас истакна дека не знае дали концертот во Сараево му бил забранет поради неговата претходна поддршка на Додик, додавајќи дека „половина Србија и Република Српска се дружат со Ориќ“.
Откако Олимпискиот центар Јахорина официјално го откажа неговиот настап, Додик изјави дека Лукас „го изгубил кредибилитетот за секое идно гостување во РС“. Лукас му возврати дека тој не барал поддршка од Додик, туку обратно, и дека повторно ќе настапува на Јахорина.
Пејачот нагласи дека нема намера да се извинува за нешто што, според него, е преголема реакција и пример за двојни аршини.
Тој додаде дека не бил свесен кој седел до него кога е направена фотографијата и дека не сака да прави поделби по национална основа, туку „луѓето ги дели на добри и лоши“.
Лукас оцени дека целата ситуација е политички мотивирана, дека никого не навредил и најави правни чекори поради забраната за настапот.

