Контакт

Свет

Апели за итен престанок на меѓуверските насилства во Нигерија

Објавено пред

Хјуман рајтс воч во вторникот побара од Нигерија да ги гони оние коишто стојат зад масакрот на најмалку 200 христијански селани и да се стави крај на меѓуверските крвопролевања

dobivaj vesti na viber

Жителите на селото Дого Нахава, околу 15 километри, јужно од централниот град Хос, главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ, во масовна гробница ги погребале телата на десетиците убиени меѓу кои има и деца и жени, жртви на масакрот што викендов го извршија муслиманските фармери врз христијанските земјоделци.Сведоци на масакрот од селото Дого Нахава, Зот и Ратсат, кои се претежно христијански населби, јужно од Хос, за Reuters во неделата изјавија дека муслиманските овчари Фулани од околните ридови утрото околу 3 часот нападнале пукајќи во воздух а потоа сечејќи ги со мачети оние кои излегле одс своите домови. Според се’ уште нецелосните процени, во овој напад се убиени најмалку 200 лица од двете страни. Очевидец на Reuters соопшти дека видел околу, додека некои локални организации вчера информираа за дури 500 жртви. Полицијата, пак, соопшти дека имало 55 убиени лица.Во јануари, во четиридневните насилства според официјалните податоци биле убиени 326 луѓе во Хос. Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица. Нигерија е составена од  вкупно 36 држави и има население од околу 150 милиони, кои речиси по половина се христијани и муслимани.„Во насислтвата во државата изминатава деценија имаше илјадници мртви, но никој не е повикан на одговорност. Време е да се стави крај на тоа“, вели Корин Дуфка, виш истражувач за Западна Африка на Хјуман рајтс воч. Претседател Гудлак Џонатан, по немирите во јануари во Хос, вети дека одогворните ќе бидат изведени пред лицето на правдата, при што ќе се спроведе непристрасна истрага која ќе доведе до покренување обвиненија.Полицискиот портпарол, Мухамед Лерама, изјавил дека 93 лица се уапсени во врска со меѓуверските конфликти. Нигерискиот претседател, исто така, нареди распоредување на војската. Но од Хјуман рајтс воч забележуваат дека војниците се ангажирани главно по главните патни правци, така што не успеваат да ги заштитат помалите селски заедници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Германскиот министер за одбрана жестоко го нападна Трамп

Објавено пред

Од

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го дека испраќа погрешни сигнали до Владимир Путин и со тоа ја ослабува позицијата на Украина во војната.

dobivaj vesti na viber

Во разговор за радиото „Дојчландфунк“ на четвртата годишнина од војната меѓу Русија и Украина, социјалдемократот, кој е најпопуларниот политичар во Германија според неодамнешните анкети, рече дека ставот на Трамп кон Кремљ ја зголемил самодовербата на Путин.

„За жал, американскиот претседател влијаеше на текот на војната и самодовербата на Путин кога му го распосла црвениот тепих и го пречека како пријател во Алјаска, а во исто време целосно ја напушти воената поддршка за Украина“, рече Писториус.

Трамп се сретна со Путин во Алјаска во август 2025 година, без учество на европските лидери. Средбата предизвика загриженост во Европа бидејќи создаде впечаток дека Вашингтон се обидува да ја заврши војната без да ја вклучи Украина и нејзините европски сојузници.

Трамп го смени својот тон неколку пати за време на неговиот мандат за војната во Украина, а на четвртата годишнина од војната, тој не издаде јавна порака за поддршка на Украина.

Писториус, исто така, ја критикуваше Белата куќа за предвремено исклучување на можноста за членство на Украина во НАТО од преговорите.

„Американскиот претседател, за жал и непотребно, многу рано го тргна членството во НАТО од масата. Тоа беше една од темите што можеше да се искористи за преговори за други прашања“, рече тој.

Ова не е прв пат Писториус јавно да ја критикува политиката на Трамп кон Украина. Минатата година, тој исто така изјави за радиото „Дојчландфунк“ дека претседателот „погрешно го проценил“ своето влијание врз Путин за време на разговорите за прекин на огнот.

Најновите изјави доаѓаат неколку дена пред посетата на германскиот канцелар Фридрих Мерц на Вашингтон. Мерц објави дека ќе презентира „заеднички европски став“ за трговијата во САД, откако Трамп одлучи да ги зголеми глобалните тарифи на 15 проценти.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Франција е единствената во ЕУ со нуклеарно оружје, Макрон најави важен говор за тоа

Објавено пред

Од

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе го одржи долгоочекуваниот говор за пет дена за придонесот на француското нуклеарно одвраќање кон безбедноста на европскиот континент, како дел од борбата против глобалните геополитички превирања, објави денес Елисејската палата.

dobivaj vesti na viber

Тој ќе зборува во церемонијална поставка на полуостровот Ил Лонг во Бретања, каде што се наоѓаат четири подморници со нуклеарен погон со балистички ракети, кои го претставуваат поморскиот елемент на француското нуклеарно одвраќање, заедно со стратешките воздухопловни сили.

„Ова ќе биде важен момент во неговиот мандат. Несомнено ќе има некои значајни случувања“, рече извор близок до претседателот, кој не сакаше да открие повеќе детали.

Говорот ќе биде еден вид продолжение на неговото јавно обраќање од 7 февруари 2020 година, кога им предложи на Европејците „стратешки дијалог“ во врска со „улогата на француското нуклеарно одвраќање“ во колективната безбедност на Европа и заедничките вежби во оваа многу чувствителна област на националниот суверенитет.

Франција е единствената членка на Европската Унија што поседува нуклеарно оружје, а покрај неа, само Велика Британија има нуклеарно оружје на Стариот континент. Сите други европски земји се заштитени од проширеното американско одвраќање што функционира во рамките на НАТО.

Ваквите говори се обврска на секој француски претседател, кој е и врховен командант на вооружените сили и конечен донесувач на одлуки во врска со нуклеарното оружје, а Франција ги смета за крајна гаранција за своите витални интереси. Претседателот Макрон е должен да одржи еден таков говор како дел од секој од неговите два петгодишни мандати.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Фотографија од Стивен Хокинг од Девствените Острови се појави во досиејата на Епстин

Објавено пред

Од

Нова серија документи поврзани со Џефри Епстин, објавени од Министерството за правда на САД, вклучува фотографија од покојниот британски физичар Стивен Хокинг. На сликата, Хокинг е прикажан како се релаксира на лежалка со две жени во бикини. Познатиот научник, кој страдаше од екстремно прогресивна невромоторна болест – амиотрофична латерална склероза (АЛС) и беше врзан за инвалидска количка повеќе од 50 години, почина во 2018 година на 76-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Иако не е точно познато каде е направена фотографијата, познато е дека Хокинг учествувал на научна конференција организирана од Епстин во 2006 година, пишува The Times. Настанот се случил пет месеци пред финансиерот да биде обвинет за проституција со малолетници. Хокинг беше еден од 21 научник кои го посетија Сент Томас на Девствените Острови и приватниот остров на Епстин, Малиот Сент Џејмс.

На блогот на Фондацијата Џефри Епстин VI се вели дека гостите се собрале за да „разговараат, да се релаксираат на плажа и да патуваат до блиското приватно островско одморалиште на научниот филантроп Џефри Епстин, кој го финансираше настанот“. Конференцијата се одржа во хотелот со пет ѕвезди „Риц-Карлтон“ на Сент Томас, каде што ноќевање наводно чинело 1.600 долари. Се чини дека гостите престојувале и на Сент Томас и на Малиот Сент Џејмс, каде што Епстин лично ги угостил.

Хокинг претходно се појави на фотографии поврзани со Епстин. Една, објавена во 2015 година, го покажува на отворено со неколку други гости, додека друга го покажува на подморничка турнеја низ водите околу Малиот Сент Џејмс.

Епстин наводно го адаптирал возилото за да може и Хокинг да го користи. Во повеќе од 3,5 милиони документи, Хокинг се споменува најмалку 250 пати, но важно е да се напомене дека самото споменување во документите поврзани со Епстин не се смета за доказ за извршување на кривично дело.

фото/US Justice Department

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија3 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија4 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија5 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија5 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија5 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија5 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија5 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија5 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија6 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија7 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа8 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет8 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет9 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет9 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет9 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија23 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија1 ден

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ1 ден

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...