Спорт
Шкендија есенски првак
Екипата на Шкендија ја освои есенската титула во Првата македонска фудбалска лига
Попладнево во 18-то коло, последно во првиот дел од првенството, Шкендија како гостин забележа победа над Хоризонт Турново од 1:0. Стрелец на погодокот вреден три бода и есенска титула беше Хасани во 55 минута од натпреварот Гостинска победа со идентичен резултат забележаа и фудбалерите на Работнички. Во скопското дерби „романтичарите“ со голот на Маневски го победија Металург. Тетовското дерби го доби актуелниот првак Ренова, „гипсарите“ го победија Тетекс со 2:1. Емурлаи и Али од пенал без стрелци на головите за Ренова, Захариевски погоди за Тетекс. Во оваа првенствена рунда победи забележаа двете последнопласирани екипи, Вардар и Пелистер. Вардар на домашен терен со головите на Настевски и Трипуновски го победи Напредок со 2:1, додека Пелистер во најефикасниот меч во ова коло забележа победа над Скопје од 5:4. Три бода на домашен терен освои и Силекс по победата над Брегалница од 3:1. Есенски првак е Шкендија со 35 бода, Ренова има 34, а Работнички 32. Следуваат Металург и Хоризонт Турново со по 29 бодови. Тетекс, Напредок и Силекс собраа по 24 бода, Скопје и Брегалница имаат по 22, на дното се Вардар со 13 и Пелистер со 11 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новак Ѓоковиќ ќе лета со „Катар ервејз“
Новак Ѓоковиќ договори партнерство со „Катар ервејз“. Српскиот тенисер ќе биде глобален амбасадор на познатата авиокомпанија.
Главниот извршен директор на „Катар ервејз“, Бадр Мохамед Ал-Мир, рече:
„Среќни сме што имаме можност да му посакаме добредојде на Новак Ѓоковиќ во семејството на Катар ервејз. Извонредната кариера на Новак, исполнета со рекорди, извонредни достигнувања и неуморна потрага по успех, ја одразува истата посветеност на извонредноста што ја негува нашата компанија. Нашата глобална мрежа со задоволство ќе го поддржи Новак додека патува на натпревари ширум светот, каде што продолжува да поставува нови стандарди во тенисот. Ова партнерство е вистински симбол на споделени вредности, амбиции и инспиративни луѓе ширум светот“.
Новак Ѓоковиќ за соработката рече:
„За мене е големо задоволство и чест да соработувам со Катар ервејз, компанија која многу ја ценам, не само поради нејзиниот беспрекорен однос кон клиентите и вработените, туку и затоа што ја препознава важноста на благосостојбата и долговечноста, што е мојата голема страст. Верувам дека заедно ќе го подобриме веќе наградуваното корисничко искуство ширум светот и ќе го подигнеме на уште повисоко ниво“, изјави освојувачот на 24 Гренд слем титули.
Спорт
Реал загуби од Ливерпул и остана без Камавинга
Неверојатната серија на повреди со кои е соочен фудбалскиот клуб Реал Мадрид, продолжи и синоќа на „Енфилд“ во Ливерпул. Реал во петтото коло, во Лигата на шампионите загуби од Ливерпул со 2:0 и остана без Едуардо Камавинга.
Ден по натпрварот во Ливерпул прегледите покажаа дека поради повреда на препоните Камавинга ќе отсуствува најмалку три недели.
Ова е многу лоша вест за Реал бидејќи, по серијата повреди, Камавинга е еден од клучните игриачи.
„Марка“ го илустрира тоа со начинот на кој Анчелоти мораше да реагира кога остана без него на „Енфилд“:
„Наместо Камавинга влезе Себаљос, но исто така од играта излезе и Гулер, за да влезе Васкез, а Валверде да се пресели од десен бек во редот за врска. Ете колку е важен Камавинга. за Реал. Анчелоти мораше да смени двајца двајца играчи од средниот ред“.
Реал остана без Дани Карвахал и Едер Милитао до крајот на сезоната, а барем уште неколу недели покрај Камавинга ќе биде без Чуамени, Родриго и Винисиус.
Спорт
Лампард го презеде Ковентри
Поранешниот англиски репрезентативец, Френк Лампард доби нов тренерски ангажман, тој потпиша две и пол годишен договор со Ковентри Сити.
Иконата на Челзи ќе го замени Марк Робинс, кој доби отказ овој месец поради низа лоши резултати. Ковентри се наоѓа на 17. позиција во Чемпионшип по исто толку натпревари, без победа во последните четири рунди.
Лампард кариерата ја започна во Вест Хем, играше на позајмица во Свонси, а потоа стана легенда на Челси. За „сините“ 211 гола во 13 сезони.
Многу помалку успеси имаше како менаџер на Челси од 2019 до 2021 година, по што го презеде Евертон, а потоа се врати на „Стенфорд Бриџ“ како в.д менаџер во мандат кој заврши пред година и пол. Тој ја започна својата кариера во 2018 година на кормилото на Дерби Каунти.
И покрај неодамнешните неуспеси, Робинс ќе биде запаметен од страна на навивачите на Ковентри по тоа што го однесе клубот во финалето на плеј-офот во Чемпионшип минатата година и во полуфиналето на ФА Купот минатата сезона, каде што загубија од Манчестер јунајтед, победник на англискиот најстар натпревар.