Свет
Уште две пива од Белата куќа

Белата куќа најверојатно подлегна на притисокот на жедните и љубопитните американци и во саботата навечер објави рецепти за два вида пиво коишто претседателот Барак Обама ги подготвува во домашни услови.
Рецептот, како што забележуваат американските медиуми, открива дека американскиот претседател сака пиво со мед.
На блогот наречен „Пиво за готвачот“, помошникот на главниот готвач на Белата куќа и виш советник за здрава храна Сен Кас напиша „поради тоа што во јавноста се шпекулира за производството на пиво во Белата куќа, одлучивме сé да откриеме“.
„Искрено, се изненадивме колку добро излезе пивото, будејќи никој од нас тоа не го правел претходно“, додава Кас.
Сепак јавноста тешко ќе дојде до главната состојка на Меденото темно пиво на Мелата куќа и Медениот портрет на Белата куќа, бидејќи медот што се користи во рецептите доаѓа од кошниците на Белата куќа, исто така, први во историјата на резиденцијата на американските претседатели.
Кас, меѓу другото, пишува дека „медот на пивото му дава богата арома, но не го прави послатко“.
Меѓутоа, Брандон Скол, главниот директор на локалната пиварница „DC Brau“ кој ги пробал пивата на претседателот Обама вели дека тој би ја „засилил содржината на алкохолот и би додал малку слаткост“.
Темното пиво на Обама најверојатно би одело добро со пикантни и зачинети јадења, како што се свинско филе или печена патка, смета Скол и додава дека тој со задоволство би ги произведувал двата вида пиво во неговата пиварница во Вашингтон. Портерот би одел со десерт или во него би можело да се стави и топче сладолед, вели Скол.
Самиот претседател Обама и неговите соработници веќе со седмици наназад зборуваат за ова пиво, меѓутоа досега одбиваа да го објавата рецептот иако медиумите постојано го бараа па дури беше покренато потпишување на онлајн петиција. Соработниците на американскиот претседател често споменуваат дека тој обожува пиво, а самиот тој е повеќепати фотографиран како консумира пиво, како што беше минатиот месец на саемот во сојузната држава Ајова.
Доколку избирачите го препознаат како пивопиец, велат експертите за маркетинг, полесно ќе се идентификуваат со Обама, а попатно ова служи и како потсетување дека републиканскиот противкандидат за претседател Мит Ромни е мормон и не консумира алкохол.
Белата куќа не заборави да напомне дека претседателот Обама самиот го платил инсталирањето на малата домашна пиварница и сите состојки потребни за приготвување на пивото./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.