Регион
САД предупредуваат за „веродостојна и конкретна“ закана за своите граѓани во Турција
Американскиот Стејт департмент во понеделникот предупреди на „веродостојна и конкретна“ закана од терористички напади врз американски државјани во турскиот град Адана.
„Генералниот конзулат на САД во Адана ги информира американските државјани, дека поседува конкретна и веродостојна информација за потенцијална терористичка активност во однос на американските хотели во Адана“, се наведува во соопштението на американскиот конзулат.
Во предупредувањето не се наведуваат имињата на хотелите кои се под закана, но познато е дека во Адана има хотели под брендовите „Sheraton“ и „Hilton“
Дипломатската мисија забележува, исто така, дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и во другите турски градови, како Анкара, Истанбул, Газиантеп и на југоистокот од земјата.
Предупредувањето следува неколку дена откако Стејт департментот им дозволи на семејствата на службениците на својата мисија да се вратат во Адана, коишто претходно ги советуваше да ја напуштат по неуспешниот обид за воен преврат во Турција во ноќта меѓу 15-ти и 16-ти јули.
На 16 километри од Адана, во истоимената јужна покраина, се наоѓа воздухопловната база Инџирлик и нејзиното функционирање во моментов се регулира со Договорот за воена и економска соработка меѓу САД и Турција, од каде се вршат нападите на коалицијата врз радикалната група Исламска држава во соседна Сирија. Оваа база се смета како една од базите на пучистите од дел на турската армија, кои го изведоа неуспешниот обид за преврат во кој загинаа најмалку 280 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години
Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА.
Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека иницијативата е подготвена од Министерството за образование, а пред усвојување на законските измени ќе треба да се изјасни и Министерството за дигитална трансформација. Тој појасни дека мерките имаат цел да ги спречат негативните влијанија на социјалните мрежи врз децата и адолесцентите, по примерот на други држави.
Владата најавува регулирање и ограничување на користењето на мрежи како ТикТок и Снепчет, при што насоките дополнително ќе бидат доработени од стручната јавност и ќе се подготви соодветна законска рамка.
Ограничувањата се дел од поширок европски и светски тренд, откако Австралија воведе забрана за пристап до социјални мрежи за лица под 16 години, а слични чекори најавија и Франција, Данска, Грција, Шпанија и Португалија. Европскиот парламент претходно побара воведување старосна граница од 16 години, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави можност за воведување вакви ограничувања и на ниво на ЕУ.
Регион
(Видео) „Бранови како трокатна куќа, никогаш не сум видел нешто вакво“: Силна бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај
Силна бура ја парализираше Далмација, брановите беа високи колку трикатна зграда, дури осум метри, улиците беа поплавени, луѓето беа во неверување.
Според хрватските медиуми, најголемите проблеми биле предизвикани од комбинација од бурни ветрови и изразен низок воздушен притисок, што предизвикало екстремна циклонска плима.
Бранови високи до осум метри биле измерени во близина на Палагружа, додека во близина на Молунт достигнале седум метри.
Nevjerojatne snimke iz Dalmacije: Mareografi zabilježili razinu mora 70 centimetara iznad uobičajene! 🌊🌊
🎥: @pixsell_photo .#n1info #dalmacija #jugo #nevrijeme #n1croatia #croatia #explore pic.twitter.com/LWhRMlF3Ys
— Željko Kisa (@ZeljkoKisa) February 5, 2026
– Не се сеќавам дека некогаш било вака – изјави началникот на противпожарната служба на градот Каштела, Дарко Маретиќ, откако медитеранскиот циклон ја погоди Хрватска со полна сила во средата, носејќи обилни дождови и невообичаено високи температури за ова време од годината.
Додека на северниот Јадран паднаа повеќе од сто литри дожд на квадратен метар, најдраматичните сцени дојдоа од Далмација. Јужната бура предизвика целосен хаос, ги поплави долните делови од брегот и ги отсече островите од копното.
За само час и половина, пожарникарите добија околу педесет пријави за поплавени згради на брегот.
– Нивото на морето се искачи, има висока плима, силна јужна. Не можеме многу да помогнеме додека времето не се смири – рече тој синоќа.
Додека водата се пумпаше од зградите подалеку од брегот, не можеа да им помогнат на оние покрај брегот додека морето не се повлече. Жителите поминаа бессона ноќ бранејќи го својот имот со вреќи со песок и импровизирани бариери.
– Сè е поплавено. Улиците се под вода. Отидов да помогнам и се најдов во средината на бран. Ми беше жал за луѓето. Морав да помогнам. Никогаш не сум видел нешто вакво – рече еден жител.
Операторот на светилникот ги опиша брановите за „Morski.hr“ високи колку трикатна зграда, додавајќи дека тие не ја напуштаат куќата од безбедносни причини.
– Кога временските услови се толку лоши, мора да внимаваме да не се повредиме. Кога ќе се смири, ќе знаеме дали југот направил штета – рече тој.
Бурата, придружена со бурен југоисточен ветер, кој повремено достигнуваше брзина од 60 км/ч, започна околу 20 часот. Во комбинација со високата плима, нивото на морето се искачи за повеќе од 70 сантиметри, што беше доволно за да го преплави брегот.
На официјалната станица на Државниот хидрометеоролошки завод во Марјан во Сплит, регистриран е јужен налет на ветер од 131,4 км/ч, додека рекордот сè уште го држи налетот од 149 км/ч од февруари 1986 година.
Уште посилен ветер е регистриран во Палагружа, каде што е измерен налет од дури 137 км/ч, додека метеоролошките бови на отворено море регистрирале бранови високи до осум метри.
РЕ-Дигитал
Албанија ја укина забраната за TikTok
Албанија ја укина привремената едногодишна забрана за пристап до платформата TikTok, објавија локалните медиуми, пренесува агенцијата Анадолу.
Албанскиот совет на министри ја поддржа одлуката за укинување на привремената мерка со која се ограничува пристапот до платформата TikTok на територијата на таа земја, наведувајќи дека „прашањата во областа на јавната и социјалната безбедност во дигиталната средина веќе се решени“, објавија локалните медиуми.
Во март 2023 година, Албанија го забрани пристапот до платформата TikTok по убиството на 14-годишниот Мартин Цани во близина на училиштето „Фан Ноли“ од негов врсник. Цани беше избоден пред училиштето по тепачка меѓу две групи што ескалираше преку социјалните медиуми.
Еден месец подоцна, владата одлучи да го забрани TikTok. Таткото на момчето и TikTok тврдеа дека Мартин не ја користел платформата.
„Социјалните мрежи, особено TikTok и Snapchat, секојдневно ги влечат нашите деца во своите лавиринти уште од мали нозе“, рече албанскиот премиер Еди Рама во медиумско појавување по убиството во Тирана.
Одлуката за укинување на забраната за TikTok ќе стапи на сила по објавувањето во „Службен весник“, по што албанските граѓани повторно ќе можат да ја користат платформата.

