Економија
Казни и отпуштања во Катастарот заради неправилности во работењето
Тројца вработени во Катастарот се отпуштени од работа, против 30 службеници од Тетово, Гостивар, Велес, Скопје, и Свети Николе се изречени дисциплински санкции, а уште против осум лица, од кои петмина од Велес, се водат дисциплински постапки.
Тројца вработени во Катастарот се отпуштени од работа, против 30 службеници од Тетово, Гостивар, Велес, Скопје, и Свети Николе се изречени дисциплински санкции, а уште против осум лица, од кои петмина од Велес, се водат дисциплински постапки.Ваквите одлуки следеле по извршената контрола од страна на Секторот за внатрешна контрола при Катастарот.При контролата на приватните геодетски фирми, по што одземено е овластувањето за работа на еден овластен геодет, одземени се лиценците за работа на три приватни геодетски фирми две од Скопје и една од Охрид, а против други две фирми една од Скопје и друга од Тетово, во тек е постапка за утврдување на одговорност и санкционирање на сторените повреди во работењето.Агенцијата за катастар на недвижности ги повикува граѓаните да пријават неправилност при работата на бесплатниот телефон 0800 80800. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народната банка одржа обука за царинските работници за препознавање фалсификувани пари
Преку постојано зајакнување на капацитетите на институциите, Народната банка го јакне системот за справување со фалсификуваните пари. Имајќи предвид дека јавните службеници, вршејќи ја својата должност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите, нивното обучување за воочување сомнителни примероци, за нивно отстранување и за доставување до Народната банка е суштинско во борбата против фалсификатите. Оттаму, во Народната банка, во рамките на соработката со Царинската управа, обучувачи од Дирекцијата за трезорско работење одржаа обука за царинските работници за препознавање сомнителни пари и за справување со нив.
Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка започна да организира обуки за претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција. Исто така, редовно се организираат задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути за вработените во банките и центрите за готовина. Само минатата година низ обуките поминаа повеќе од 200 професионалци.
Народната банка инаку е единствената овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите денари и странски валути. Во изминатиот период, засилено се врши и размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари.
Економија
Претседавачот на ЕБА: Комбинацијата на мерки на Народната банка и останатите централни банки вродија со плод
Комбинацијата од монетарното затегнување и макропрудентните мерки, која Народната банка, како и останатите централни банки ја применија, е неопходна како одговор на инфлациските притисоци со кои во последно време се соочуваме, посочи во интервју за “Независен”, Хозе Мануел Кампа, претседавач на Европскиот банкарски одбор-ЕБА.
Претседавачот Кампа истакнува дека централните банки ширум светот, вклучително и во ЕУ, го усвоија овој двоен пристап за да обезбедат финансиска стабилност. “Преку покачувањето на каматните стапки, централните банки директно се соочуваат со инфлацијата, додека макропрудентните мерки, како што е зголемувањето на капиталните побарувања или стрес-тестирањето, им помагаат на банките да останат отпорни во соочувањето со економските шокови”, вели Кампа и нагласува дека треба да се постави рамнотежа помеѓу одржувањето на ценовната стабилност и гаранциите дека банкарскиот сектор може соодветно да ги поддржи нашите економии. “Макропрудентните мерки се гаранција дека банките имаат доволно капитал да ги апсорбираат загубите од нефункционалните кредити и да го одржат кредитниот тек, кој што е клучен за економското закрепнување”, вели Кампа.
Претседавачот на ЕБА истакнува дека воведените мерки вродија со плод бидејќи видовме пад на инфлацијата под таргетот од 2% во ЕУ. “Иако ова е позитивен знак, сепак мора да останеме внимателни. ЕБА продолжува тесно да соработува со централните банки и државните органи за да го процени влијанието на овие мерки и да се осигура дека банкарскиот сектор останува истовремено отпорен и способен да ја поддржи пошироката економија”, посочува Кампа.
Европскиот банкарски одбор (ЕБА – European banking authority), е независен орган на ЕУ чија улога е заштита на интегритетот и робусноста на банкарскиот сектор на ЕУ за поддршка на финансиската стабилност во ЕУ. Претседавачот на ЕБА, Хозе Мануел Кампа, беше учесник на Десеттата меѓународна конференција на Народната банка, која како централна тема ја имаше работата на централните банки во сегашниот предизвикувачки амбиент.
Економија
Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ
Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под наслов „Преглед на новиот калибриран модел ДСГЕ за економијата на Северна Македонија“, од авторите Тибор Хледик, Јоана Маџоска, Мите Митески и Јан Влчек, којшто беше објавен во реномираната серија работни материјали на ММФ. Изготвувањето на трудот е во рамките на проект за техничка соработка со експерти од ММФ и од Чешката народна банка, чијашто цел беше изградба на нов динамички стохастички модел на општа рамнотежа (ДГСЕ) за македонската економија. Ова претставува прв труд од нашата институција којшто се објавува како работен материјал на ММФ, со што се дава важен придонес во афирмирањето на Народната банка во меѓународни рамки и во јакнењето на нејзината аналитичка инфраструктура, доближувајќи ја до стандардите на централните банки од развиените економии.
Работниот материјал нуди детална анализа на меѓусебните поврзаности на секторите во македонската економија со примена на софистицираниот модел ДСГЕ, којшто беше приспособен соодветно за да ги опфати нејзините карактеристики, а добиените резултати ја нагласуваат неговата корисност како алатка за обликување на монетарната политика на Народната банка засновано на информации.
Овој објавен труд не само што ја истакнува работата и посветеноста на нашиот кадар, туку ја подвлекува и улогата на нашата институција како водечка во придонесот кон истражувањата од економската област во нашата држава.