Спорт
Продолжи агонијата на Рома, Интер на врвот во Серија А

Фудбалерите на Рома и по четвтрото коло во Серија А се без победа, вицепрвакот на Италија со само два бода се наоѓа на 18-то место на табелата.
Фудбалерите на Рома и по четвтрото коло во Серија А се без победа, вицепрвакот на Италија со само два бода се наоѓа на 18-то место на табелата.
Во четвртото коло, Рома загуби во Бреша со 2:1. Бреша со оваа победа се наоѓа на второто место на табелата со само еден бод помалку од лидерот Интер.
Интер во ова коло го порази Бари со 4:0, два гола постигна Милито, а два пати од белата точка беше прецизен Ето. Горан Пандев започна во стартниот состав на Интер и го одигра целиот натпревар.
Малото дерби во Џенова помеѓу домаќинот и Фиорентина заврши без победник 1:1. Катанија и го нанесе првиот пораз во сезоната на Чезена, на Сицилија домаќинот победи со 2:0. Болоња со голот на ветеранот Марко ди Вајо постигнат во 90-та минута го совлада Удинезе со 2:1. Лече и Парма ги поделија бодовите играјќи 1:1, додека Киево го изненади Наполи победувајќи го во Неапол со 3:1.
Во дербито на колото во Рим на „Олимпико“, Лацио и Милан ги поделија бодовите. Ибрахимовиќ го постигна голот за Милан, израмнувачкиот гол за Лацио е дело на Флокари.
Четвртото коло во Серија А вечерва ќе биде комплетирано со натпреварот помеѓу Јувентус и Палермо. крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црвена звезда го продаде најдобриот стрелец

Најдобриот стрелец на Црвена звезда во минатата сезона, Шериф Ендиај, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Преодниот рок во оваа земја трае до полноќ.
Црвена звезда го продаде напаѓачот од Сенегал в Самсунспор. Според српските медиуми, спрскиот шампион од овој трансфер заработи шет милиони евра.
Во текот на денот, Ендиај ќе замине за Турција каде што, по медицинските прегледи, ќе потпише четиригодишен договор со новиот клуб. Тој се враќа во Турција, бидејќи во Црвенз звезда дојде од Адана, каде што играше две сезони.
Во дресот на Црвена Звезда, тој постигна 40 гола и запиша 12 асистенции на 89 натпревари. Освои две двојни круни и беше најдобар стрелец на првенството минатата сезона.
Спорт
Очоа ќе брани за АЕЛ Лимасол

Гиљермо Очоа има сериозни планови да настапи на Светското првенство во 2026 година.
Искусниот мексикански голман потпиша за АЕЛ од Лимасол и ќе биде во натпреварувачка форма пред Светското првенство следната година.
Очоа дебитираше за Мексико пред точно 20 години. Препознатлив е по своите наверојатни партии на најголемото фудбалско натпреварување, а сега доаѓа на Кипар, за прв пат во кариерата.
Очоа претходно го носеше дресот на Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада, Салернитана.
Забележа над 150 настапи за мексиканската репрезентација, а учествуваше и на Светските првенства во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година.
Foto/ ael.com.cy
Спорт
Слот зборуваше за Исак, но и за неуспешниот трансфер на Гуеи

Арне Слот одржа прес конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата. Видно располоѓен, Холанѓанецот одговараше на прашањата поврзани со Александер Исак и Марк Гуеи.
Слот е задоволен од фактот што Александар Исак се врати во Англија по репрезентативната пауза подготвен за игра. Швеѓанецот долго време не одиграл официјален натпревар, па затоа постоеше ризик од повреда.
Поради ова причина Слот го пофали селекторот на Шведска, Јон Дал Томасон:
„Шведскиот тренер заслужува огромен комплимент. Одигра два важни натпревари, а го имаше еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач на клупата, но знаеше дека ако Исак играше двапати по 90 минути, ќе се повреди и тоа би значело дека нема да биде на теренот неколку недели.“
"The Swedish manager Jon Dahl Tomasson deserves a big big big compliment" 👏
Arne Slot on if Alexander Isak is ready to make his Liverpool debut for Burnley, after playing with Sweden during the international break pic.twitter.com/XBlT795zjS
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 12, 2025
Слот зборуваше и за неуспешниот трансфер на Марк Гуеи во Ливерпул:
„Би било лудо ако негирам дека бевме блиску до неговиот трансфер. Такви работи се случуваат во фудбалот. Сакавме да го доведеме, се обидовме, но не успеавме.“
Ливерпул ќе го пречека Барнли во Премиер лигата во недела од 15:00 часот, а се очекува Исак да дебитира за клубот од „Енфилд“.
Фото/ Принтскрин