Црна хроника
Уапсен осомничениот за убиството во Љуботен што се случи по кавга за сообраќаен прекршок

Припадници на единицата „Алфи“ во понеделникот вечерта околу 23 часот го уапси момчето коешто е осомничено за убиството во скопското село Љуботен, кога маж беше убиен со автоматска пушка поради кавга за сообраќаен прекршок. Судија во претходна постапка на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Дваесет иедногодишното момче било уапсено во неговото село Љуботен, а кај него била пронајдена и автоматската пушка со којашто се претпоставува дека пукал и го убил Џеваир М. од селото Раштански пат.Убиството се случи на 16-ти април околу 19 часот. Братот на убиениот Џеваир дента се скарал со братот на осомничениот за убиството додека се движел со возило во правец на населбата Радишани во близина на кружниот тек во населбата Бутел, поради недавање првенство во сообраќај.Двајцата почнале да се расправаат, а си размениле и неколку удари со боксови и си заминале. Кога братот на Џеваир стигнал дома, Џеваир му кажал дека добил телефонски повик од негов пријател кој ги повикал двајцата да појдат во село Љуботен, селото од каде што било лицето со кое се расправел, за да се смират.Двајцата браќа од Раштански пат отишле во Љуботен, каде биле пречекани од таткото на момчето кој ги упатил кон џамијата со две минариња во селото. Кога стигнале кај џамијата, Џеваир и брат му излегле од возилото, а Џеваир се упатил кон таткото и синот со кој неговиот брат се скарал. Но во еден момент од споредна уличка се појавил осомничениот вооружен со автоматска пушка и веднаш без никакво предупредување испукал еден куршум во правец кон Џеваир М. кого го погодил во пределот на градниот кош и избегал.Куршумот бил смртоносен за Џеваир. Тој бил пренесен во болницата „Свети Наум Охридски“, но лекарот констатирал смрт./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Уапсен битолчанец, ја истепал својата сопруга

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 27-годишниот Ѓ.С. од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во полиција пријавен 17-годишник од установа за згрижување деца: агресивно се однесувал, се заканувал, па искршил инвентар во службените простории

Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца – Организациона единица Влае било пријавено дека нивниот штитеник 17-годишниот Р.М. го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, упатувал закани на вработено лице, оштетил дел од инвентарот во службените простории, по што се оддалечил од установата, од која и претходно се оддалечувал и бил враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.