Свет
Исчезнаа 70 полицајци во Индија
Околу седумдесетина полицајци исчезнаа откако од заседа нападнале маоисти во централниот дел на Индија, пренсоа индиските медиуми повикувајќи се на соопштени ена индиската полиција
Во април годинава исто така од заседа, маоисти убија 75 полицајци, а еден месец потоа 35 цивили, поставувајќи бомба во автобус.Во почетокот на јули, Азад беше убиен за време на рацијата извршена од страна на паравоената полиција во Адилабад во областа Андра Прадеш. Спроед официјалните информации, маоистичкиот лидер пружил вооружен отпор кога полицијата се обидела да го упшаси во прашумитре на Џагапур, каде што маоистите имаат засолништа, при што бил застрелан.На 5-ти јули во централната индиска држава Чатисгар, маоистите од заседа убија најмалку 73 полицајци. Овие напади покажуваат дека тие се многу активни во во повеќе делови на Индија, а посебно се активни во руралните делови, каде владеат лоши економски услови.Премиерот Манмохан Синг смета дека маоистите се најголемата закана за внатрешната безбедност на земјата.На овој напад, во неделата му претходеше уште еден кога богатата со минерални наоѓалишта источна држава Ориза во подметната нагазна мина загинаа десет полицајциМаоистите се ги засилија нападите како одговор на офанзивата што против нив ја презема индиската полиција во неколку сојузни држави од крајот на минатата година, со којашто според официјален Њу Делхи првпат на бунтовниците им се нанесени значителни удари кои го ослабеле нивното влијание и борбена моќ.Во средината на февруари маоистите изведоа напад врз камп на полициските сили во индиската сојузна држава Западен Бенгал каде се водеа борби со бунтовниците кои ги минираа полињата и вршеа жестоки напади врз владините сили.Маоистите, кои велат дека се борат за правата на сиромашните фармери и земјоделци, го проширија своето влијание од исток кон централна и јужна Индија. Инаку, маоистите се активни во 20 од вкупно 28-те индиски сојузни држави.Инаку до сега во бунтот што започна во доцните 1960-те, убиени се повеќе од илјада лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: САД ги користат вештачко поттикнатите немири во Иран како изговор за повторување на нападите врз земјата
Руското Министерство за надворешни работи остро ги критикуваше САД за „заканите за нови воени напади“ врз Иран, а заканата на американскиот претседател Трамп за воведување трговски царини ја нарече „уцена“.
Портпаролката на министерството, Марија Захарова, изјави дека заканите на САД за напади врз Иран се „категорично неприфатливи“. Таа ги предупреди САД да не ги користат немирите во Иран како „изговор“ за повторување на нападите врз земјата, откако американските воздухопловни сили нападнаа три нуклеарни објекти во јуни минатата година.
Според неа, таквата акција би имала „катастрофални последици“ на Блискиот Исток, „како и за глобалната меѓународна безбедност“.
„Исто така, цврсто ги отфрламе бесрамните обиди за уценување на странските партнери на Иран со зголемување на трговските царини“, рече таа, осврнувајќи се на најавата на Трамп за царина од 25 проценти на американскиот увоз за трговските партнери на Иран.
Коментирајќи ги антивладините демонстрации во Иран, таа рече дека „вештачки предизвиканите протести“ се смируваат, што дава надеж за „постепена стабилизација на ситуацијата“.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Свет
Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со смртна казна
Јужнокорејски обвинител денес побара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-Јол по обвинение за бунт откако земјата накратко прогласи вонредна состојба во декември 2024 година.
Јун е обвинет за заговор за бунт, кривично дело кое носи строга казна според јужнокорејскиот закон, вклучително и смртна казна доколку биде осуден, иако Јужна Кореја не ја извршува смртната казна со децении.
Во своите завршни зборови пред Окружниот суд во Сеул, обвинителот рече дека истражителите потврдиле дека постоел план, наводно предводен од Јун и неговиот поранешен министер за одбрана Ким Јонг-хјун, кој датира од октомври 2023 година и е дизајниран да му овозможи на Јун да остане на власт.
Јун, 65, ги негира обвиненијата. Тој рече дека имал овластување да прогласи вонредна состојба како претседател во тоа време и дека потегот имал за цел да предупреди дека опозициските партии се обидуваат да ја опструираат владата. Се очекува судот во Сеул да донесе одлука во февруари.

