Свет
Отстранети околу три четвртини нафта од Мексиканскиот залив
Повеќе од три четвртини нафта што се излеаја во Мексиканскиот залив по експлозијата на една од платформите пред повеќе од два месеца, веќе е отстранета, соопшти денеска Белата куќа.
Повеќе од три четвртини нафта што се излеаја во Мексиканскиот залив по експлозијата на една од платформите пред повеќе од два месеца, веќе е отстранета, соопшти денеска Белата куќа.
Експертите велат дека околу 25 проценти од нафтата се уште не е собрана, изјави Керол Браунер, советник на американскиот претседател Барак Обама за енергетски прашања и животна средина.
Како што пренесува Њујорк тајмс (New York Times) во заклучокот на американската известувачка служба наведено е дека околу 26 отсто од излеаната нафта се уште е во океанот, но дека брзо ќе се распадне.
Останатите три четвртини испариле или се собрани и отстранети на поинаков начин, стои во извештајот.Поголем дел од нафтата е собрана, додека на брегот се уште има остатоци, но како што рекла Браунер, не во толкави размери како претходно.
Вкупно 4,9 милиони барели (780 милиони литри) нафта истекоа од оштетената платформа во Мексиканскиот залив. Досега се собрани околу 800 илјади барели нафта.
Истекувањето на нафтата е спречено на 15. јули, кога беше затворена оштетената бушотина./крај/BBC/бч/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и кичмата.
Таа била итно префрлена во КЦ Ниш на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница каде е во тек понатамошна дијагностика, додека другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.