Свет
Сузан Рајс се откажа од кандидатурата за државна секретарка на САД
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Сузан Рајс и блиска соработничка на претседателот Барак Обама, се откажа во четвртокот од кандидатурата за државна секретарка.
Рајс се најде на удар на критиките на републиканците поради изјавите за нападот врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази, од 11-ти септември годинава кога беа убиени американскиот амбасадор во Либија и уште тројца службеници.
Тогаш со одобрени на Белата куќа и врз основа на разузнавачки податоци, Сузан Рајс изјави дека, според достапните информации, изгледа дека нападот не е поврзан со тероризмот, туку произлегол од спонтаниот протест против навредливиот филм за пророкот Мухамед снимен во САД, „Невиноста на муслиманите“.
Меѓутоа, таквото толкување на нападот врз американското дипломатско претставништво беше отфрлено, по што и самата Рајс призна дека не била во право.
Изразувајќи дека и’ претставува особена чест што ја разгледувал нејзината кандидатура, Рајс во писмото до претседателот Барак Обама наведува дека таа би можела вешто и плодно да и’ служи на татковината, но дека процесот на нејзината кандидатура би бил долготраен, како и дека би ги пореметил нивните национални и меѓународни проекти.
Обама ја прифати одлуката на Рајс и изрази жалење поради „нечесните и измамничките“ напади врз неа последните неколку седмици. Тврди дека Рајс со својата одлука покажала силен карактер, бидејќи националните интереси за неа биле на првото место.
Одлуката на Сузан Рајс ги зголемија шансите на местото од досегашната државна секретарка Хилари Клинтон, којашто од функцијата си заминува на почетокот од годината, да дојде сенаторот Џон Кери, претседател на сенатската комисија за надворешна политика кој во 2004 година беше претседателски кандидат на демократите.
Обама, според една од опциите за која се расправа, може да ја именува Рајс за свој советник за национална безбедност, што не бара потврда од Сенатот, меѓутоа нема никакви сигнали дека таа должност ќе ја напушти сегашниот советник Том Донилон. Имено, републиканците во Сенатот можат да го блокираат именувањето на министрите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Експлозии и огромни столбови чад во близина на Техеран
Снимката што ја геолоцираше Си-ен-ен покажува чад како се издига во Пардис, град источно од иранската престолнина Техеран, откако Израел објави дека го напаѓа главниот град, а американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за „голем бран“ напади врз Иран.
На снимките може да се слушнат експлозии, а најмалку три облаци чад се издигаат од планинска област.
Експлозии одекнаа и во различни делови од покраината Исфахан во централен Иран во вторник наутро, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр. Напади беа пријавени и во Кангавар на западот од земјата и во Шираз, град во југо-централен Иран.
'#اصفهان، صنایع دفاع (اپتیک) رو هدف گرفتند.'
تصاویر و پیامهای دریافتی از شهروندان، سهشنبه ۱۲ اسفند
📍 32.7023,51.6764#Iran #Isfahan pic.twitter.com/29ZwDNkZc3— Vahid Online (@Vahid) March 3, 2026
„Уништивме стотици балистички ракети и гледаме дека нивните системи за истрелување се забавуваат“, изјави портпаролот на израелската војска, Надав Шошани, на брифинг во вторник. „Ја намаливме нивната способност да истрелуваат ракети кон нас и регионот“.
Шошани додаде дека Иран сега нема „способност да испукува ракети во големи количини“ и дека ова останува „клучен фокус“ за израелските сили во наредните денови.
'دارند #پردیس رو میزنند!'
تصاویر دریافتی از شهروندان 'فاز ۱۱ پردیس در شمال شرق تهران، سهشنبه ۱۲ اسفند'#Iran #Pardis pic.twitter.com/iAQjgX7FTN— Vahid Online (@Vahid) March 3, 2026
Претходно, Израел соопшти дека целите на нападите биле ирански ракетни лансери и системи за воздушна одбрана.
Свет
Додека Орбан е на власт, Украина нема да влезе во ЕУ, вели Сијарто
Украина нема да стане членка на Европската Унија сè додека владата на премиерот Виктор Орбан е на власт во Унгарија, изјави шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.
Според него, во Брисел се свесни дека евентуалното „соборување на унгарската влада“ би влијаело на ставовите на другите земји-членки.
Сијарто изјави дека, откако Унгарија стави вето на 20-тиот пакет санкции против Русија, „веднаш три европски земји сфатија дека ниту тие не се согласуваат со него“. Сепак, како што тврди тој, кога Будимпешта не го користи правото на вето, се создава привид на единство меѓу државите на ЕУ.
„Ако останеме на власт, нема да се согласиме на целосно бесмислени механизми за финансиска поддршка, ниту ќе дозволиме нашите пари да бидат однесени во Украина. Веруваме дека парите на Унгарците треба да останат во Унгарија. И тие исто така знаат дека, ако останеме, Украина нема да биде членка на ЕУ“, рече Сјарто, објави Спутник.
На крајот на февруари, Унгарија стави вето на 20-от пакет санкции на ЕУ против Русија и доделувањето на воен заем за Украина во износ од 90 милијарди евра. Како причина беше наведено прекинувањето на транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ низ територијата на Украина. Сијарто потоа изјави дека украинската страна одбива да го врати транзитот од политички причини.
Словачка, исто така, оцени дека новите санкции на ЕУ би можеле да му наштетат на мировниот процес.
Свет
Трамп го критикуваше Стармер: Односите со Британија не се како порано
Доналд Трамп го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер за неговата улога во американските напади врз Иран, велејќи дека тој не бил од помош и дека односот меѓу двете земји очигледно не е каков што бил порано. Во разговор за британскиот весник „Сан“, Трамп изрази разочарување од ставот на Велика Британија, објавува „Сан“.
Трамп во телефонско интервју рече дека никогаш не помислил дека ќе го види ова, особено не од Велика Британија. Споредувајќи ги сојузниците, тој додаде дека Франција е одлична, како и другите, додека Велика Британија е многу поинаква.
Критиките на Трамп дојдоа откако владата на Стармер првично им го одби на Соединетите Држави користењето на британските бази за напад врз Иран, а потоа ги отвори за она што го нарече одбранбени напади. Стармер нагласи во Долниот дом во понеделник дека владата не верува во промена на режимот од воздух, осврнувајќи се на нападите.

