Црна хроника
Уапсен скопјанец што дилал хероин во Чаир
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.М.(47) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” за што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одземена патната исправа и му е изречена мерка задолжително пријавување еднаш неделно во надлежен суд.
Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека пријавениот, од засега непознато лице, набавил поголема количина хероин, која ја препакувал за улична продажба, презела мерки и активности за обезбедување материјални докази, при што е утврдено дека пријавениот, хероинот најчесто го продавал во непосредна близина на инернет кафе во скопски Чаир.
Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, во непосредна близина на домот на пријавениот, легитимирале и извршиле личен преглед на две лица, при што кај истите се пронајдени и одземени четири полиетиленски паковки со хероин.
Исто така, со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници, извршен е претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени 15 полиетиленски паковки со наркотична дрога хероин (вкупно 2.729 грама) наменети за улична продажба, а Џ.М. е лишен од слобода.
Инаку, пријавениот е регистриран како извршител на имотни деликти, за што е деветпати кривично пријавуван./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

