Црна хроника
Кривична за тројца скопјани што тепале и киднапирале момче
Министерството за внатрешни работи по пријава добиена од Ј.Р.(25) од Скопје презеде мерки и активности, при што против Д.Д.(34), В.С.(41) и А.К.(37) сите од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “противправно лишување од слобода”.
Министерството за внатрешни работи по пријава добиена од Ј.Р.(25) од Скопје презеде мерки и активности, при што против Д.Д.(34), В.С.(41) и А.К.(37) сите од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “противправно лишување од слобода”.
Против трите лицата се поднесени и прекршочни пријави за физични напад од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир.
Имено,во средата околу 2 часот по полноќ на крстосница од ул. „Народен Фронт” и ул. „Франклин Рузвелт” од страна на осомничените биле физички нападнати пет лица на возраст од 19 до 25 години при што истите се здобиле со повреди во пределот на главата и телото.
Откако четири од оштетените лица успеале да избегаат осомничените го фатиле оштетениот и го внесле во патничко моторно возило 2Форд” со скопски регистарски ознаки каде повторно го малтретирале и го возеле определен период, за потоа осомничените да го остават на ул.„Елисије Поповски Марко”.
Од страна на оштетениот настанот беше пријавен во полициската станица Центар./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.