Свет
Турција од САД ќе добие „Предатори“
САД во принцип се согласија да ја снабдат Турција со дронови (невооружени безпилотни летала) од типот „Предатор“ за да и помогнат на Анкара во борбата со курдските сепаратистички бунтовници, соопшти денеска премиерот Таип Реџеп Ердоган.
САД во принцип се согласија да ја снабдат Турција со дронови (невооружени безпилотни летала) од типот „Предатор“ за да и помогнат на Анкара во борбата со курдските сепаратистички бунтовници, соопшти денеска премиерот Таип Реџеп Ердоган.
САД има стационирани вакви летала во Ирак и информациите кои се добиваат од нивните мисии и сега и се доставуваат на Анкара, што е од голема помош во справувањето со бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), кои имаат бази во северен Ирак.
Според Ердоган, Турција на САД им понудила да ги купи или да ги изнајми леталата и во моментов двете страни ги разработуваат детаљите за таа зделка.
Американските војници до крајот на годинава ќе го напуштат Ирак, што предизвикува страв во Анкара дека безбедносниот вакуум кој ќе настане со повлекувањето ќе го искористи ПКК. Според експертите, Турција е многу зависна од „Предаторите“ и од другите шпионски помагала во борбата со ПКК, која е прогласена за терористичка организација од Турција, од САД и од ЕУ.
Турција на почетокот на месецов се согласи да дозволи на нејзина територија да се постави радарски систем за рано предупредување на НАТО, како дел од новиот одбранбен прстен на западната воена алијанса.
Турција во последно време ги засили артилериските и воздушните напади врз базите на ПКК во северен Ирак, делумно како одговор на серијата терористички напади, за кои одговорноста ја презема оваа организација, делумно како дел од засилената реторика на Анкара за можна копнена интервенција во северен Ирак, наспроти жестокото противење на властите на северен Ирак. Турција, според шпекулациите, нападот би го извршила заедно силите на Иран, кој исто така е заглавен во децениска борба со едно од крилата на ПКК.
Курдската работничка партија веќе 27 години се бори за самоуправа на територијата на Курдистан, која се простира во четири држави: Турција, Сирија, Ирак и Иран. До сега во тие борби загинаа над 40.000 луѓе. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Свет
Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите
Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во училиште во канадската покраина Британска Колумбија. Неговите фотографии претходно споделени од неговото семејство сега се објавени во јавноста за прв пат – вклучувајќи ја и едната на која се гледа насмеаниот тинејџер како држи пушка.
Џеси Ван Рутселар, поранешниот ученик кој тргна во крвав поход во средното училиште во Тамблер Риџ, има сериозен израз на лицето на неколку фотографии што неговата баба ги објави на Фејсбук по повод неговиот 14-ти роденден.
„Среќен 14-ти роденден на нашиот внук Џеси!! Те сакаме засекогаш!!“, се вели во објавата од август 2021 година.
Полиција: Роден е како машко, пред шест години започнал транзиција
На друга вознемирувачка фотографија, Ван Рутселар позира со пушка и се смее додека седи на кауч до друго помладо дете. Ван Рутселар го започнал нападот во дом во оддалечената заедница, а потоа го продолжил своето крваво дивеење во средно училиште, каде што властите велат дека починал од самонанесена прострелна рана.
Заменик-комесарот на Кралската канадска коњичка полиција, Двејн Мекдоналд, рече дека Ван Рутселар е „роден како биолошки маж… кој пред околу шест години почнал да транзитира во жена и се идентификувал како жена“.

Ван Рутселар ѝ бил познат на полицијата. Полицајците го посетувале семејниот дом неколку пати во текот на годините поради загриженост за неговото ментално здравје, рече Мекдоналд.
Претходно од куќата беше запленето и огнено оружје, но законскиот сопственик – чие име Мекдоналд не го спомена – успешно поднесе жалба за враќање на оружјето.
Во училиштето беа пронајдени пушка и пренаменет пиштол, но не беше јасно дали станува збор за истото оружје што беше запленето претходно. Во првото предупредување за вооружениот човек, издадено од властите во вторник попладне, вооружениот човек беше опишан како „жена во фустан“.
Мајката и полубратот (11) меѓу убиените
Шест лица беа пронајдени мртви во училиштето, а телата на неговата мајка, идентификувана од CTV News како 39-годишната Џенифер Странг, и неговиот 11-годишен полубрат беа пронајдени во домот.
Околу 25 други беа ранети во хаотичното пукање. Преплашените ученици и наставници зборуваа дека се барикадирале во училниците повеќе од два часа пред да бидат изведени надвор од училиштето.

