Спорт
Интер повторно очаен, Ето во стилот на Зидан

Тринаесеттото коло од италијанската Серија А го одбележа новиот пораз на шампионот Интер и непромислениот потег на Самуел Ето кој испровоциран со глава го нокаутираше Цесар
Интер нема победа во последните пет натпревари а трипати е поразен. Како што пишуваат италијанските медиуми, Рафа Бенитез пред натпреварот добил ултиматум да забележи победи во двата наредни натпревара, а веќе во првиот е поразен во Верона од Киево со 1:2. Киево поведе во 29. минута преку Серџо Пелисиер а во 82. минута го зголеми водството преку Давиде Москардели. Камерунецот Самуел Ето во втората минута од судиското надополнување само успеа да го ублажи новиот срам за италијанскиот и европскиот фудбалски првак. Меѓутоа моментот кој го одбележа мечот се случи во првото полувреме кога Ето со главата го удри во градите Словенецот Боштијан Цесар. Судијата не го забележа овој момент и се претпоставуа дека Ето ќе биде канет од страна на дисциплинската комисија на фудбалската асоцијација. „Ето беше испровоциран, Реагираше на овој начин и ја загуби контролата. Штета за ова, но очигледно дека судиите на теренот сметаа дека овој инцидент не е вреден за поголемо внимание“, изјавил по мечот Бентитез, пренесува Ansa.„Тој е фантастичен фудбалер, но не требаше вака да реагира. Ме удри со глава, а не се извини. Не можам да речам дека сум премногу несреќен заради тоа што освоивме три важни бода…“, изјавил Цесар.Во последниот меч од 13-то коло Наполи без никакви проблеми ја порази Болоња со 4:1. Головите за наполитанците ги постигнаа Маџо во 3. Хамшик во 37. и 48 и Кавани во 74 минута, додеа за Болоња прецизен беше Меџорини во 68. минута.Со оваа победа Наполи се искачи на третата позиција со 24 бодиви, два помалку од Лацио и пет од првиот Милан, а има еден бод и два повеќе од четвртиот Јувентус и петтата Рома. Второпласираниот Лацио на гостувањето кај Парма извлече 1:1, откако домаќините поведоа преку Креспо во 23. минута, а во третата минута од судиското продолжување на првото полувреме од пенал за гостите изедначи Антонели. Јувентус пак победи на гости кај Џенова со автоголот на Едуардо во 18. и со погодокот на повратникот во тимот Милош Красиќ во 23. минута.Каљари за три минути во 63 и 66-та преку Матри и Конти успеа да го преврти резултатот кој дотогаш беше во полза на домашната Бреша која поведе од пенал во 20. минута преку Карачиоло. Гостите од Сампдорија се радуваа и во Лече каде домаќините имаа сили да изедначат на седум минути пред крајот и покрај гостинското водство од 0:2. Сампдорија поведе во осмата минута преку Пацини а истиот играч во 41. минута од пенал го големи водството на гостите. Лече во 72. минута го намали резултатот а во 83. Диамоутене изедначи на 2:2, но бодовите отидоа на контото на гостите со третиот гол на Пацини постигнат во 88. минута. Катаниа го совлада дома Бари со голот на Терлици во 83. минута.Палермо во неделата постигна уште една гостинска победа преку Иличиќ во 11. и Миколи во 53. минута, а домашната Чезена успеа само да изедначи во 24. минута преку Богдани.
Милан не го дава врвот во Серија А
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка.
Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2.
Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на привремениот тренер Христос Контис и забележа голема победа во Лигата на Европа против Јанг Бојс (4:1), но во клубот, и покрај очигледниот напредок, бараат ново, по можност звучно име за клупата.
Според грчките медиуми, изборот паднал на тренерот кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, две титули во Ла Лига и Купот на УЕФА со Валенсија и Лигата на Европа со Челзи.
Истите извори наведуваат дека Бенитез пристигнал во Атина со приватен авион во четврток наутро за финални преговори со челниците на клубот и најверојатно за потпишување на договорот.
Наводно, Панатинаикос му нуди дури пет милиони евра само за едногодишна соработка.
Спорт
Џексон Хејс ќе добие пасош на Словенија

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс (25), откри дека е во процедура за добивање словенечки пасош за во иднина да може да игра со Дончиќ и во репрезентацијата.
Хејс е член на Лејкерс од 2023 година, претходно играше за Њу Орлеанс.
Наскоро би можел да биде опција за селекторот на Словенија, Александар Секулиќ, кој бара играч на позицијата „пет“ по повлекувањето на Џош Нибо за последниот Евробаскет.
Нибо, да потсетиме, поради повреда, не доби дозвола од својот клуб Милано да игра за Словенија, што ги принуди челниците на КС Словенија да најдат посигурно решение за наредните години.
Изборот падна на Хејс, со кого неговиот соиграч Лука Дончиќ ги водеше преговорите.
„Лука е мој човек. Работиме заедно за да добиеме словенечки пасош и да можеме да играме за Словенија следното лето“, ги изненади Хејс новинарите по натпреварот со Далас.
Хејс со тоа би бил четвртиот странец во последните неколку години во дресот на Словенија, по Ентони Рандолф, Мајк Тоби и Џош Нибо.
Словенија беше европски шампион во 2017 година со Рандолф.
Спорт
(Видео) Бецеки казнет за инцидентот со Маркез во Индонезија

По речиси две недели оо контроверзниот инцидент на Големата награда на Индонезија, судиите на Мото ГП ја донесоа конечната одлука да го казнат возачот на Априлија, Марко Бецеки.
Марко Бечеки е казнет со двоен долг круг, кој ќе мора да го одработи на неделната трка на Големата награда на Австралија.
Станува збор за судирот што се случи во седмата кривина, во првиот круг од трката на патеката „Мандалика“, кога Бецеки го собори Марк Маркез. Иако судиите веднаш започнаа истрага, тие не можеа да ја слушнат верзијата на Бецеки за несреќата бидејќи Италијанецот заврши во медицинскиот центар на самата патека.
Затоа, беше одлучено дека одлуката ќе биде донесена по неговото сослушување во Австралија, каде што Бецеки денес ја даде својата изјава.
Судиите се повикаа на членот од правилата, кој се однесува на „дејствија што создаваат опасни ситуации и доведуваат до несреќа“, и истакнаа дека Бецеки е во центарот на вниманието по втор пат оваа сезона поради инцидент.
Тој беше казнет за прв пат во Аргентина поради контакт со Фабио Квартараро.
Веднаш по инцидентот, возачот од Римини ја призна својата грешка и му се извини на Маркез, а потоа двајцата се сретнаа во медицинскиот центар. Маркез подоцна се огласи на социјалните мрежи за да ги повика фановите да не го обвинуваат Италијанецот, велејќи дека ваквите ситуации се дел од спортот.
A costly miscalculation 😔
Bezzecchi reflects on the collision with @marcmarquez93 that landed him a double LLP ahead of Sunday ⚠️#AustralianGP 🇦🇺 pic.twitter.com/IpBKk6CDlT
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 16, 2025
На „Филип Ајленд“, Бецеки повторно застана пред камерите и ја повтори својата одговорност:
„Не се обидував да го престигнам. Тој силно сопираше, погрешно ја проценив ситуацијата. Тоа беше моја вина“, рече Бецеки, додавајќи дека сè уште чувствува голема болка во грбот.
Бечеки ја искористи можноста да го посочи проблемот со чакалот покрај патеката „Мандалика“, кој, според него, придонел за сериозноста на повредите.