Економија
ССКМ на еднодневна работилница во Загреб

Еднодневна работилница на тема „Стремеж кон регионалната платформа за управување со BFC SЕЕ етикетата“, се одржа во четвртокот во хотелот Интернационал во хрватската престолнина Загреб, на која учествуваа и претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија, како еден од македонските партнер
Работилница имаше за цел генерирање и усогласување на идеи за активности во новиот проект за поддршка на веќе актуелниот BFC SEE проект, како и постигнување договор за моделот на негова имплементација.
Со стекнување на сертификатот BFC SEE, значи дека општините ги задоволуваат сите критериуми за забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање. Под ова се подразбира дека тие се бизнис пријателски општини, кои нудат брзи и квалитетни административни услуги за деловната заедница и потенцијалните инвеститори.
Како идеја зад оваа дополнителна BFC SEE мерка е да се вклучат потесно сите актуелни BFC SEE партнери во планирањето и спроведувањето на своите активности.
Новиот проект, ќе започне оваа есен и на него ќе се работи паралелно во тесна координација со тековниот проект. Во насока на големиот интерес за обезбедување на долгорочна одржливост на BFC SEE и земајќи ги во предвид досегашните резултати од проектот, ГИЗ – регионалниот фонд за модернизација на општинските услуги во југоисточна Европа (ОРФ-MMС) иницираше активности за да се обезбеди финансирање за продолжување на актуелниот проект, со нов, дополнителен проект кој ќе се фокусира на три главни аспекта: поддршка на развојот на регионалната BFC SEE мрежа, поддршка на воспоставувањето на регионалните BFC SEE тела и поддршка на развојот на националните BFC SEE партнерства во секоја од вклучените земји.
BFC SEE проектот е проект финансиран и поддржан од GIZ-регионален фонд за модернизација на општинските услуги во југоисточна Европа (ОРФ-ММС) и истиот претставува меѓународен печат за квалитет на Бизнис Пријателската Општина.
Имено, главната цел на овој проект е ефективна соработка помеѓу општините, цивилниот и приватниот сектор, со цел забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање, преку реализација на Бизнис Пријателските Општини и Програмата за сертификација.
Сојузот на Стопански Комори на Република Македонија активно е вклучен од самиот почеток во реализацијата на овој проект, односно од почеток на 2012 година, како партнер заедно со ЗЕЛС.
Проектот официјално стартуваше на 5-ти април 2012 година, со потпишувањето на Меморандумот за соработка на Министерството за економија, Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Агенцијата за странски инвестиции и промоцијата на извозот на РМ. Проектот се спроведува во четирите пилот-општини Штип, Струмица, Велес и Струга./крја/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Лагард предупредува: Економијата на ЕУ зависи од странските работници

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека приливот на странски работници во изминатите години значително ја поттикнал економијата на еврозоната, помагајќи да се надомести намаленото работно време и падот на реалните плати.
Говорејќи на годишниот симпозиум на Федералните резерви на САД, што се одржува во Џексон Хол, сојузната држава Вајоминг, Лагард нагласи дека миграцијата кон Европската Унија довела до рекорден број жители и покрај негативниот природен прираст.
„Странските работници дадоа значителен придонес за европската економија. Тие овозможија да се компензираат структурните предизвици, како што се пократкото работно време и пониските плати во одредени сектори“, изјави Лагард.
Таа додаде дека иако растот на бројот на работници ја поддржа економската стабилност, одредени влади на земјите-членки воведуваат ограничувања за нови мигранти, поради зголемено незадоволство кај дел од локалното население.
Според Лагард, оваа динамика ќе остане еден од клучните фактори во обликувањето на идните економски и социјални политики во Унијата.
Економија
Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани од Владата и Министерството за транспорт, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, на Саем-Отчетот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа се само проекти преку Министерството за транспорт, а да не зборуваме за големите инфраструктурни проекти како автопатите Охрид-Кичево, Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола, како и експресните патишта Прилеп-Градско и Куманово-Крива Паланка. Сега започнатите проекти се завршуваат, а граѓаните гледаат резултати“, рече Николоски.
Министерот подвлече дека ова ја враќа самодовербата кај граѓаните и покажува дека Македонија е способна да води големи проекти.
„Не е само патната инфраструктура, туку и железничките линии, аеродромите, авио линиите и обновливите извори за енергија. Во помалку од година дена завршивме еден проект со вредност од половина милијарда евра“, додаде тој.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека Владата финансирала околу 1.200 проекти во сите општини.
„На првиот повик беа пријавени 288 проекти, од кои 137 се завршени. На вториот повик беа поднесени 887 апликации, а прифатени беа 828 проекти. Кумулативно, тоа се околу 1.200 проекти кои се реализираат со помош на централната власт“, рече Перински.
Министерот додаде дека општините се соочувале со големи предизвици и немале поддршка од претходната власт.
„Ние им помогнавме да ги детектираат проблемите, да обезбедат одржливост и да ги реализираат поголемите проекти. Секој градоначалник се бори да направи што е можно повеќе, а по изборите се надеваме дека мотивацијата ќе биде уште поголема“, рече Перински.
Економија
Вреди: Поддршка за 200 нови зелени работни места во микро, мали и средни претпријатија

Од Вреди како коалициски партнер на Владата денеска објави историска мерка за поддршка на создавање нови работни места преку зелени инвестиции, во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување.
Оваа мерка ќе овозможи вработување на 200 невработени граѓани во микро, мали и средни претпријатија, кои ќе добијат финансиска поддршка преку неповратен грант од 250.000 до 750.000 денари, во зависност од бројот на новите работни места: 250.000 денари за едно работно место, 500.000 за две и 750.000 за три.
Грантовите ќе овозможат компаниите да инвестираат во нова опрема и машини, софтвер и лиценци, како и технологии за обновлива енергија и материјали за енергетска ефикасност. На тој начин, мерката создава не само работни места, туку и зелени работни места кои придонесуваат за одржлива економија.
Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат законските услови, со приоритет за стратешките сектори: преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство, водостопанство, водоснабдување и управување со отпад, градежништво и транспорт. Апликациите можат да се поднесуваат до 1 септември секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот во Центрите за вработување низ целата земја, а сите информации се достапни на веб-страницата на Агенцијата за вработување.
„Ова е чекор кој покажува дека владата не се мери со слогани, туку со резултати. Инвестираме во вработување, развој, зелена економија и безбедна иднина за сите. Ова е промената што ја ветивме – влада која работи со срце и визија“, се наведува во соопштението.