Свет
Дваесет загинати во Судан во престрелка
Најмалку 20 лица, вклучувајќи и деца, беа убиени за време на престрелките меѓу суданските вооружени сили во градот Малакал во централниот дел на Судан, соопшти во саботата Reuters повикувајќи се на воени извори
Конфликтот се случил како рефлексија од поделбата на воените единици на јужни и северни, по референдумот за независност на јуќните провинции на Судан. Ситуацијата со војската во градот Малакал беше комплицирана поради тоа што во нејзините редови има многу припадници кои потекнуваат од јужниот дел на Судан, кои биле регрутирани во народната милиција кој вршеше воени операции во северниот дел од земјата за време на Граѓанската војна. Воените извори соопштиле дека некои војници одбиле да бидат распоредени во северниот дел. Во престрелката меѓу двете групи војници биле употребени и минофрлачи и тешки митралези. „Утрово бројката загинати во Малакал се зголеми на 20 застрелан од двете страни инволвирани во судирот“, го цитира агенцијата портпаролот на војската на Јужен Судан, Филип Агуер. Според претставник на хуманитарната мисија на Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) при Обединетите нации, во престрелка загинале и две деца и еден возач на камион. Од 9-ти до 15-ти јануари во Судан се одржа референдум за самоопределување на јужните провинции, и безмалку сите избирачи во десетте јужни држави, според прелиминарните официјални резултати, гласаа за отцепување на јужниот дел. Систем на државното уредување на Судан нема да се промени до крајот на периодот на транзиција во јули 2011 г., без оглед на исходот на референдумот, изјави претходно оваа недела заменик-претседателот на Судан, Али Осман Мохамед Таха.Откако набрзо ќе бидат соопштени конечните официјални резултати од референдумот, Јужен судан ќе стане новата 193-та држава во светот, која би требала да биде втемелена во јули, кога со предвидениот мировен договор, ќе истече шестгодишниот привремен период и ќе заврши граѓанската војна во Судан.Аналитичарите очекуваат мнозинскиот христијански, со нафта богат јужен Судан да се одвои од претежно муслиманскиот север, а власта на север вети дека доколку референдумот успее, ќе дозволи мирно да се одвои јужниот дел.Во граѓанската војна, која траеше подолго од две децении загинаа два милиона луѓе, а четири милиони побегнале од своите домови. Војната е водена меѓу Арапите, муслиманите на северот на земјата кои ја држат централната власт, и Африканците на југот кои повеќето се христијани и анимисти.Јужен Судан има површина од 620.000 квадратни километри и помеѓу 7,5 и 9,5 милиони граѓани.Се’ уште останува да се прецизира како ќе биде разделена економијата, изворите со нафта и како ќе се одбележи новата граница. Спорниот централен регион Абјеи и натаму останува главна точка за можни недоразбирања, бидејќи и двете страни тврдат дека областа е нивна. Во текот на одржувањето на референдумот, во оваа област дојде до повеќе смртоносни судири меѓу локалните племиња.Аналитичарите сметаат дека ниту Југот, ниту Северот не се подготвени за повторно да влезат во тотална војна. Речиси 98 проценти на буџетот на Југот се полни од приходите од нафта, која се рафинира и транспортира преку Северот.Конфликтите во Судан без прекин траат веќе неколку децении. Граѓанската војна меѓу северот и југот на Судан којашто траеше од 1955 до 1972 г. заврши во обезбедувањето на одреден степен на автономија и внатрешно управување за јужните држави. Примирјето траеше околу десет години, по што вооружениот конфликт ги обнови Народната армија за солободување на Судан.Мировните преговори меѓу бунтовниците од југот и владата во 2003 и 2004 г., дојдоа до посакуваните резултати за мир. Во 2005 г., двете страни потпишаа сеопфатен мировен договор, според кој на 9 јануари 2011 г. ќе се одржи референдум. На плебисцитот населението од јужниот дел на Судан ќе одлучи дали да остане во составот на унитарниот Судан или да ќе формираат независна држава.Покрај Народната армија за ослободување на Судан, во јужниот дел на земјата дејствуваат уште неколку бунтовнички групи, кои истакнуваат свои барања. И покрај мировниот договор од 2005 г., се’ уште има спорадични судири меѓу нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

