Контакт

Свет

Астероидот CQ1 направи остар лак по блиската средба со Земјата

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Астероидот CQ1, кој астрономите го забележаа од опсерваторијата Catalina Sky Survey, мина крај нашата планета синоќа во 20,39 часот по македонско време на 5,48 илјади километри и силно ја изменил својата орбита.

Како што вчера беше објавено на интернет страницата на американската агенција за вселенски истражувања NASA, астероидот CQ1 малку доцнеше од предвиденото време и пролета крај Земјата на многу помала оддалеченост од предвидената.

„Овој објект, со дијаметар од околу еден метар, во овој момент е на првото место во нашиот каталог за близината на прелетите на небеските тела крај Земјата“, се вели во објавениот извештај на програмата на NASA  за следење на небеските тела во близина на Земјата (Near Earth Object Office).

Ова вселенско тело прелета на растојание коешто изнесува околу 0,85 од радиусот на Земјата над Тихиот Океан, и тежата на нашата планета имаше влијание врз неговата траекторија којашто се измести под агол од 60 степени.

Според NASA, големината на астероидот е околу еден метар. Астрономите велат дека предметите на оваа големина многу тешко се детектираaт. Во просек, на секои неколку седмици еден таков астероид навлегува во Земјината атмосфера и целосно гори, формирајќи болид. /крај/ецо/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

Објавено пред

Израелскиот лидер денеска разговараше со Владимир Путин и го изрази своето незадоволство поради „анти-израелската позиција“ заземена од претставниците на Москва во ОН.

dobivaj vesti na viber

Во израелската изјава се вели дека г-дин Нетанјаху, исто така, изразил „огромно негодување“ за „опасната“ соработка на Русија со Иран.

Во петокот Русија ја поддржа резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за примирје во Газа.

По американското вето, заменик-амбасадорот на Русија во ОН Дмитриј Полјански го нарече гласањето „еден од најтемните денови во историјата на Блискиот Исток“.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш нема да успее.

dobivaj vesti na viber

„Тие се обидоа да ја потиснат Русија, да ја ослабат. И конечно да го скрши. Тоа нема да работи. Никогаш“, рече Путин на доделувањето на наградата по повод Денот на хероите на татковината, одржана на 8 декември, а снимки од церемонијата денеска објави новинар на ТВ Русија-1.

Путин потсети на изјавите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кои признаа дека немаат намера да ги спроведуваат договорите од Минск и дека ги користеле за да ја подготват Украина за конфликт, пренесува РИА Новости.

Путин оцени дека иднината на Русија зависи од учесниците во „специјалната операција“, како што официјална Москва ја нарекува војната во Украина.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во петокот во Кремљ, пред Денот на хероите на татковината, кој Русија го слави на 9 декември.

Прикажи повеќе...

Регион

Хорор во Србија: ловџии пронајдоа обезглавено тело

Објавено пред

Во близина на хиподормот во Велика Плана, група ловџии денеска пронајдоа труп во напредна фаза на распаѓање, јавуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Причината за смртта се уште не е позната. Се работи за засега неидентификувано лице.

Трупот на мажот бил обезглавен.

Телото и главата се на исто место.

Се работи за засега неидентификувано лице. Исто така, се верува дека телото било тука некое време.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

Израелскиот лидер денеска разговараше со Владимир Путин и го изрази своето незадоволство поради „анти-израелската позиција“ заземена од претставниците на Москва...

Македонија43 минути

Обдукцискиот наод за Вања се уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, велат оттаму. Од обвинителството...

Македонија49 минути

СДСМ: Близок соработик на Мицкоски фатен со кокаин; ВМРО-ДПМНЕ: Толоманоски по пријавата е разрешен

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин, вели СДСМ. „Како што информираше...

Свет1 час

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш...

Македонија2 часа

Маричиќ: Мора силно да се залагаме за мирно разрешување на конфликтите низ дијалог и дипломатија

Во честитката по повод денешниот празник, заменик претеседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ потсетува на клучниот постулат...

Македонија2 часа

Битиќи: Македонија негува стабилно, правично и инклузивно општество

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во својата објава на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права...

Македонија2 часа

Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да се бориме против дискриминацијата, насилството и неправдата

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во честитката на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права напиша дека „и...

Топ2 часа

Пешак го загуби животот откако бил прегазен на улица во Нов Дојран

Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов...

Економија2 часа

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со колегите од Софија и Баку денеска во Ниш ја пуштија во употреба гасната...

Македонија4 часа

Герасимовски: Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола на хрватски новинари да влезат во Песталоци

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања....

Македонија4 часа

Нови шокантни детали од Ковачки: „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Оливер Спасовски е должен да и одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа...

Македонија6 часа

Скандал: директорката на училиштето каде учеше Вања избркала хрватски новинари – „Избришете ги сите фотографии!“

Директорката на „Јохан Хајнрих Песталоци“, училиштето каде што учеше Вања, не им дозволила на хрватски репортери да фотографираат и ги...

Свет6 часа

(Видео) Сите очи вперени кон Аргентина: денеска инаугурацијата на Мајли, пристигна и Зеленски

ВО ГЛАВНИОТ град на Аргентина, Буенос Аирес, се е подготвено за денешната инаугурација на новиот претседател Хавиер Мајли, човекот кој...

Свет7 часа

Обединети нации: 9 од 10 луѓе во Газа не можат да јадат секој ден

Висок претставник на Светската програма за храна на Обединетите нации денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува...

Свет7 часа

„Ова е ментална болест!“ – Ердоган ѝ удри шлаканица на Америка, па постави прашање на кое цел свет чека одговор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи говорот за човекови права за да го обвини Западот за „варварство“ поради неговиот...

Свет7 часа

(Фото) Од птичја перспектива: еве каде живеат Палестинците додека траат борбите меѓу Израел и Хамас

Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа биле принудени да ги напуштат своите домови, често неколкупати, откако Израел им нареди...

Свет7 часа

„Животот му е во опасност“ – ни трага, ни глас од најголемиот непријател на Путин

Поддржувачите на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални велат дека немаат контакт со него веќе три дена. Претседателката на неговата...

Свет7 часа

Загинаа шест лица, меѓу нив и дете: торнадо направи хаос во Америка

Шест лица загинаа, а 23 се повредени во торнадо што ја погоди американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Меѓу...

Македонија19 часа

По објавата на „Макфакс“: МВР го бара човекот кој стои зад лажниот профил што повика на протест и бесење на Спасовски

По објавата на „Макфакс“ дека лажен профил потпишан како „Ѓоре Ајтов“ повикува на немири и протести за да го ослободат...

Регион22 часа

„Што ако детето ми е киднапирано?“ – се огласи мајката на исчезнатата Сара

Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград, исчезна денеска околу 13 часот, последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“....