Спорт
Антиќ и Илиевска спортски лауреати за 2011 година

Кошаркарот Перо Антиќ и каратистката Наташа Илиевска ги понесоа престижните признаниа најдобар спортист на Македонија за 2011 година.
Кошаркарот Перо Антиќ и каратистката Наташа Илиевска ги понесоа престижните признаниа најдобар спортист на Македонија за 2011 година.
Капитенот на кошаркарската репрезентација, Антиќ, беше еден од најзаслужните за остварениот историски резултат, четврто место на ЕП во Литванија.
Кај дамите, очекувано Спортскиот оскар, го доби Наташа Илиевска. За најдобрата на светот, ова е трета ред награда, спортист на годината.
Лестер Бо Мекејлеб, кошаркарот на Сиена, во изборот на Агенцијата за млади и спорт и прогласен за најпопуларен спортист, додека за најдобар македонски спортист во странство е прогласен капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров.
Поради успесите во Литванија, Кошаркарската федерација е најуспешна меѓу спортските федерации, додека Марин Докузовски е најуспешниот селектор.
Најуспешни репрезентации се кошаркарската во машка и ракометната во женска конкуренција. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе за 60 милиони евра се сели во Тотенхем

Прашање на денот е кога најдобриот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе се пресели во Тотенхем. Клубот од северен Лондон бара замена за Џејмс Медисон, кој ги повреди лигаментите пред две недели и според прогнозите веројатно нема да игра оваа сезона.
Според медиумите на островот, англискиот репрезентативец постигнал договор со Тотенхем, сега чека истото да го направат клубовите. Работата е во завршна фаза, а вредноста на трансферот ќе биде околу 60 милиони евра плус седум милиони, кои Кристал Палас ќе ги добие преку разни бонуси.
Езе дојде во Кристал Палас во 2020 година од Квинс Парк Ренџерс за 20 милиони евра и постигна 39 гола на 167 натпревари.
Тој беше еден од најзаслужните за изворедната сезона во која тимот од Лондон го освои ФА Купот, што беше првиот трофеј во историјата на клубот. Неодамна, по победата над шампионот Ливерпул беше освоен и Комјунити Шилд. Одигра 11 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигна еден гол.
Палас веќе ја започна потрагата по негова замена, а првите опции се Христос Цолис од Клуб Бриж и Билал Ел Ханус од Лестер.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Анчелоти не го повика Винисиус во бразилската репрезентација

Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, одлучи да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери за септемврискиот циклус квалификации за пласман на СП.
Винисиус Жуниор нема да биде во составот за натпреварите против Чиле и Боливија како дел од квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во 2026 година.
Еден од најдобрите фудбалери на Бразил е суспендиран за натпреварот против Чиле, но чудно е што не е на списокот за вториот натпревар.
Анчелоти и Жуниор работеа заедно во Реал неколку години, а токму Бразилецот е најзаслужен за освојувањето на Лигата на шампионите во 2024 година.
Не е познато дали оваа одлука италијански стратег ја донел сам или во договор со играчот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Пјастри ќе добие своја трибина на патеката во Мелбурн

Организаторите на трката во Формула 1 во Австралија објавија дека почнувајќи од следната сезона, една од трибините на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн ќе го носи името на возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој моментално е водечки во генералниот пласман во Формула 1.
Трибината Пјастри ќе биде сместена на главниот правец, вклучувајќи ги и најексклузивните места, а воедно и најблиску до стартната линија.
Патеката во Мелбурн веќе има неколку трибини именувани по австралиски возачи како што се Џек Брабам, Артур Вајт, Алан Џонс, Марк Вебер и Даниел Рикардо, додека од останатите возачи, Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо има своја трибина.
По 14 трки оваа сезона, Пјастри води во шампионатот во Формула 1 со 284 поени, додека неговиот британски колега Ландо Норис е втор, со девет поени помалку.
Пјастри има можност да стане првиот шампион во Формула 1 кој не е од Европа, по Канаѓанецот Жак Вилнев, кој ја освои титулата во 1997 година.
Последната титула на Австралија во Формула 1 и ја донесе Ален Џонс со Вилијамс во далечната 1980 година.
Шампионатот во Формула 1 продолжува на 31 август со Големата награда на Холандија.
Foto/ EPA/Boglarka Bodnar