Свет
Владата не ги кажува условите што му ги даде на „Џонсон контролс“
Ќе останат тајна деталите за условите под кои американската компанија „Џонсон контролс“ реши да гради фабрика за електронски автоделови во слободната економска зона Бунарџик.
БУЧКОВСКИ ПРАВИ СЕ ДА ДОНЕСЕ ДОБРА ИНВЕСТИЦИЈА
Ќе останат тајна деталите за условите под кои американската компанија „Џонсон контролс“ реши да гради фабрика за електронски автоделови во слободната економска зона Бунарџик. Ова го изјави премиерот Владо Бучковски на вчерашното потпишување меморандум за соработка меѓу Владата и Американците, кој се повика, како што рече, на правилото дека големите бизниси имаат деловни тајни.
– И не барајте ништо повеќе – им кажа премиерот на новинарите. Проектот бил во сензитивна фаза, а на 22 мај документот што го парафираа двете страни треба да биде разгледан и одобрен од бордот директори на „Џонсон контролс“.
Според премиерот, изградбата на инфраструктурата во Бунарџик, која ја гледа како тест за владината администрација, треба да заврши најдоцна до 1 септември.
– Треба да почнеме ударничка работа за да ги создадеме сите предуслови за да може „Џонсон контролс“ да почне да инвестира од 5 септември годинава – рече Бучковски.
Како што дознаваме, во наредниве неколку дена ќе се утврдуваат условите за земјиштето. Во Владата неофицијално велат дека инвеститорот ќе го земе под долгорочен закуп од 99 години, но не се открива по која цена.
Покрај Бучковски, параф на меморандумот стави и Томас Патспелт, заменик-претседател на „Џонсон контролс“ за Европа.
– Нашата компанија се залага овој потфат, кон кој пристапивме заедно со Македонија и македонскиот народ, да биде крунисан со голем успех. Ќе ги исполниме нашите обврски и заложби за изградба на капацитет каде што ќе произведуваме електронски производи што првично ќе бидат пласирани во Европа, а подоцна и во целиот свет – изјави Патспелт, дополнувајќи дека планираат долгорочно вработување на 500 лица во капацитетот што ќе го градат.
Од Владата сметаат дека со овој проект земјава ја покажала својата конкурентност, што отвора можност да биде посакувана дестинација за инвестирање.
Според најавите од поранешниот заменик-потпретседател на „Џонсон контролс“ Богољуб Вељановиќ, фабриката што ќе ја гради оваа компанија по успешните подготовки, старт и завршувањето на првата фаза, ќе премине во втората фаза во која ќе произведува пластична опрема и елементи, додека во третата фаза активностите ќе бидат насочени кон производство и склопување најразлични финални производи.
– Сега ви преостанува вам со своето работење да покажете дека не сте го заработиле овој проект – порача Вељановиќ, кој заедно со македонскиот бизнисмен Ристо Гуштеров беа главните лобисти за Американците да инвестираат во Македонија.
Од Владата не откриваат која фирма ќе ја гради инфраструктурата во Бунарџик и дали изведувачот ќе се бара преку тендерска постапка поради краткиот рок. Шесте милиони евра, колку што државата ќе ја чини отворањето на Бунарџик, најверојатно ќе бидат обезбедени од парите од продажбата на Светскиот трговски центар во Скопје и од дивидендата од телекомот.
Запуштената економска зона промовирана од некогашниот вицепремиер Васил Тупурковски нема среќа да профункционира повеќе од седум години. Првата влада на Љубчо Георгиевски тогаш ја промовира ливадата како еден од најголемите инвестициски проекти преку кој во државата се очекуваше да влезат една милијарда долари тајвански инвестиции. Откако не успеа тоа, владата на Црвенковски во 2003 година реши преку тендер да бара компанија-закупец и основач на Бунарџик. Велшката фирма „Глендор Естејт лимитед“ како победник на тој тендер лани се откажа од зоната бидејќи владиниот состав на Бучковски не и дозволи траен закуп на земјиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

