Свет
Пратениците претерале со дневници и хонорари
Минатата година парламентарците незаконски потрошиле 32 милиона денари за дневници и паушали, а за авионски билети набавени без тендер потрошиле 1,6 милиони денари државни пари.
Државниот ревизор открил неправилности во финансиското работење на Собранието. Извештајот доставен до МВР и до Обвинителството
Парламентарците незаконски потрошиле 32 милиона денари
ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА
Минатата година парламентарците незаконски потрошиле 32 милиона денари за дневници и паушали, а за авионски билети набавени без тендер потрошиле 1,6 милиони денари државни пари. Ова го констиратирал државниот ревизор во својот последен извештај, кој ќе биде доставен до Министерството за внатрешни работи и до Јавното обвинителство . Во Собранието не се растревожени поради ваквите наводи на ревизорот и тврдат дека не се направени никакви злоупотреби, повикувајќи се на собраниската одлука според која се исплатуваат пратеничките надоместоци. Исто така, негираат дека ги заобиколиле законските обврски при набавката на авионски билети и појаснуваат дека изборот е правен врз основа на седум понуди. Собранието приговарало на ваквата забелешка во извештајот, но Ревизорот го одбил приговорот. Во Јавното обвинителство сў уште не го добиле извештајот, сепак, сметаат дека нема елементи за кривична одговорност бидејќи, иако не постоела законска основа за исплата на хонорарите, тие биле поткрепени со одлука на соодветно тело.
Државниот ревизор во својот извештај забележал дека парламентот во 2004 на име паушали исплатил 12.524 милиони денари, а за дневници за службено патување 19.627 милиони денари. †Одредбите од членовите 8 и 29 од Законот за плати и други надоместоци не предвидуваат таков вид надоместоци, кои имаат големо учество во вкупните расходи на буџетот на Собранието”, констатирал ревизорот. Според согледувањата на оваа институција, паушалите на пратениците учествуваат со 10 проценти во вкупниот собраниски буџет. Во извештајот уште е наведено дека ревизијата покажала дека †се исплатени 1,67 милиони денари за набавка на авиобилети без спроведување постапка согласно со Законот за јавни набавки”, што претставува три отсто од вкупните јавни набавки на Собранието. Државниот ревизор му препорачува на Собранието, надлежната комисија да донесе акт со кој ќе се дефинира описот на работните задачи на пратениците, со оглед на фактот што не постои пропис со кој конкретно се дефинирани работните задачи на пратениците.
Секретарот на Собранието, Александар Новаковски, вели дека ревизорот секоја година излегува со ваков извештај и со речиси идентични забелешки кои, според него, се неосновани…
Нема апсолутно никаква злоупотреба, бидејќи со одлука на Комисијата за избори и именување од 2000 година пратениците ги добиваа спомнатите паушали сў досега, кога со законска измена тие станаа составен дел од платата. Што се однесува до забелешките за авионските билети, сумата што се спомнува се однесува за јануари-февруари, кога објективно има вакуум во споредувањето на процедурата. Имено, Буџетот се носи на крајот на годината, тендерската постапка трае 50 дена, па за патувањата реализирани додека траела оваа процедура, билетите се набавени врз основа на понуда од шест-седум агенции. Така, навистина нема простор за никакви сомневања за незаконско работење. Впрочем, тоа е минимален процент – три отсто во вкупните набавки, што може да биде само позитивен примерри, ни изјави Новаковски. За службените патувања, Новаковски вели дека се почитувани прописите што важат за сите државни и приватни институции и се исплатувало 30 отсто по изминат километар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

