Спорт
Русин првпат на Гран-при во Ф1

Рискиот пилот на францускиот Ф1 тим „Рено“, Виталиј Петров првпат во својата кариера но и е првиот Русин кој се квалификувал на една Гран-при трка во Формула 1
Во саботата Виталиј Петров успешно го одвозе вториот дел од квалификациите за Гран-при на Турција во седмата годишна трка за Ф1 шампионатот, остварувајќи го седмито резлутат денеска. Така Русинот во недела на патеката во Истнабул ќе стартува од 10-та пол позиција.Инаку денеска Марк Вебер од тимот на „Ред Бул“ освои трета последователна пол-позиција пред утрешната трка за Големата награда на Турција во Формула 1 шампионатот. Австралиецот, кој води на табелата во конкуренција на возачи, постигна време од 1:26.295 минути.Втор на утрешната трка ќе стартува пилотот на „Мекларен“, Луис Хамилтон, кој на квалификационата трка задоцни за 0.138 секунди.Тимскиот колега на Вебер, Себастијан Фетел постигна трето најдобро време и зад себе го остави Џејсон Батон од тимот на Мекларен, кој утре ќе стартува четврти.Седумкратниот шампион, Михаел Шумахер постигна петто најдобро време на квалификациите во саботата во Истанбул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Голема победа на Данска во Атина, Косово ја изненади Шведска, Хрватска лесно ја реши Црна Гора

Данска, Швајцарија, Косово и Хрватска забележаа победи во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Косово, велерва го направи најголемото изнеандување, лесно ја победи Шведска со 2:0.
Избраниците на Франк Фода го решија победникот во првото полувреме со головите на Рексбечај и Муричи.
Во вториот натпревар од оваа група, Швајцарија рутински ја победи Словенија – 3:0.
За првиот гол, Елведи го искористи киксот на Дркушиќ и го совлада Облак. Емболо го зголеми резултатот на 2:0, а Ндоје го заврши одличното прво полувреме.
Хрватите рутински славеа во соседското дерби пред околу 20.000 луѓе на „Максимир“ и го одржаа својот максимален учинок по четири натпревари.
Стрелци за домашниот тим беа Кристијан Јакиќ во 35-та минута, Андреј Крамариќ во 51-та минута, автогол си постигна Едвин Кучо во 86-та минута, а Иван Перишиќ погоди во втората минута од судиското продолжение.
Во оваа група Фарските Острови победија во Гибралтар со 1:0.
Данска забележа голема победа во Атина над Грција (3:0). Грците не беа на висина на задачата. Не упатија ниту еден удар кон голот во текот на сите 90 минути. Тоа им ја олесни работата на Данците, кои обезбедија важни бодови со головите на Дамсгард во 32-та минута и Кристенсен во 62-та минута. Пјер Емил Хајберг асистираше за двата гола.
Конечните 3:0 беа дело на Расмус Хајлунд во 81-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лудница во Дебрецен – Девет гола и победа на Италија над Израел во 91-та минита

Италија го победи Израел со 5:4 (1:1) во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, во Група И.
По нерешениот резултат во првото полувреме, Италијанците губеа со 2:1 до 52-та минута, на крајот од натпреварот беа на работ на нерешен резултат, а потоа направија пресврт и успеаја да ги освојат бодовите во Дебрецен со гол во 91-та минута.
Италијанците не започнаа добро од 16-та минута, Локатели му донесе водство на Израел со автогол. На самиот крај од полувремето, Моисе Кен израмни на 1:1 во 40-та минута, а Израел поведе во 52-та минута, стрелец беше Дор Перек.
Само две минути подоцна, во 54-та минута, Кен повторно израмни, а во 59-та минута, Политано и донесе водство на Италија. Во 81-та минута, Распадори го зголеми резултатот на 4:2 и се чибеше дека тоа ќе биде конечниот резултат.
Нодрамата кулминираше. Италијанците го почестија Израел со уште еден автогол, со што го намалија резултатот на 4:3, а овој пат, Бастони ја затресе сопствената мрежа во 87-та минута.
Во 90-та минута, Перец постигна гол за 4:4, а кога се чинеше дека нерешениот резултат е конечен, Италијанците стигнаа до 5:4 во првата минута од судиското продолжение, а стрелец беше Тонали.
Двата тима освоија по девет бода, но Италија има натпревар помалку одигран и се израмнети на второто место во групата.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Џикиќ од Грузија доби Орден на честа

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, откако со Грузија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство го доби Орденот на честа по предлог на премиерот и претседателот на Парламентот на Грузија.
Селекторот и играчите се наградени со 1.000.000 евра.
Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, објави дека владата ќе издвои три милиони лари (околу еден милион евра) за моменталниот резултат, а истата сума ќе биде обезбедена за секој следен чекор на првенството.
„Бидејќи испишавме историја, сакаме да ја одбележиме на вистински начин. Владата ќе ја награди репрезентацијата и за сегашниот и за секој следен успех на Европското првенство“, рече Кобахидзе на состанокот на владата.
За потсетување, Грузија ја победи Франција со 80:70 во осминафиналето, а ќе игра против Финска во четвртфиналето. Натпреварот е закажан за 10 септември, со почеток во 16 часот.