Контакт

Спорт

ФИФА го запре случајот против лордот Триесман

Објавено пред

ФИФА ја запре истрагата поведена по изјавата на поранешниот претседател на Англиската фудбалска федераци дека Русија ќе и помогне на Шпанија да ги потупува судиите на Светското првенство во Јужа Африка а за возврат таа ќе се откаже во нејзина полза од кандидатурата за мундијалот во 2018 г.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението од Етичката комисија на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА од петок навечер се наведува дека не е пронајден ниеден елемент кој ќе го потврди тврдењето ан лодрот Дејвид Триесман, а истовремено целата приказна ја демантирал и самиот лорд. „Приказните за руско-шпанскиот заговор ги слушнав во приватен разговор. Тоа никогаш не беше мој личен ставм особено не е став на Англискат афудбалска федерација (ФА). Целата приказна заврши во јавноста откако бил тајно снимен еден мој приватен разговор“, рекол Триесман, пренесува Reuters. Во официјален писмен допис до ФИФА од случајот се оградила и ФА. Откако аферата изби во јавноста лордот Триесман си поднесе оставка и од функцијата претседател на Орагнзиацискиот комитет на англиската кандидатура за организација на Светското фудбалско првенство во 2018 г. Претходно овој комитет им се извини на руските и шпанските колеги за изјавата на Триесман, наведувајќи дека изјавата на Триесман никако не може да се сфати како мислење и на комитетот. Скандалот изби кога минатата недела британскиот весник The Mail on Sunday објави текст во кој се наведува дека Триесман во еден разговор ги обвинува Шпанија дека наводно со помош на Русија сака да ги подмити судиите на претстојното Светско првенство во Јужна Африка, а за возврат Шпанија би се откажала од кандидатурата за организација на Светското првенство во 2018 г.Весникот имено донесе транскрипт од тајно снимен разговор меѓу Триесман и негов поранешен помошник додека беше министер во британската влада.„Мислам дека нашата кандидатура има добар одѕив кај Африканците, мислам дека ни оди добро и кај некои азиски земји, а веројатно добро стоиме и во Среда и во Северна Америка. Претпоставувам дека земјите од Латинска Америка ќе гласаат за Шпанија, иако тоа никогаш јавно не го кажаа. Но ако Шпанија се откаже од кандидатурата, бидејќи Шпанија бара помош од Русите да ги подмитат судиите на Светското првенство, тогаш гласовите на земјите од Латинска Америка може да отидат кај Русија“, рекол Триесман во тајниот разговор тврди весникот.Англиската  фудбалска федерација не го коментираше ова, но The Mail on Sunday тврди дека ФА се обидела да го спречи објавувањето на разговорот барајќи судска забрана, но не испеала да ја издејствува.Кандидатури за светските првенства во 2018 и 2022 г предадоа Англија, Русија, САД, Јапонија Австралија, додеа заеднички кандидатури поднесоа Холандија и Белгија, како и Шпанија и Португалија. Јужна Кореја и Катар се кандидираа само за организација на Светското фудбалско првенство во 2022 г.На почетокот од мај претседателот на ФИФА, Сеп Блатер имаше само пофални зборови и изрази големо задоволство од руската и англиската кандидатура за организирање на мундијалот во 2018 г.Претседателот на Меѓународната фудбалска организација е одушевен од руската кандидатура. „Она што Русите го сториле е одлично. Тоа не е држава, туку континент. Русија има големи планови, и што е најважно може да ги оствари“, изјави тогаш Блатер.Првиот човек на ФИФА додава дека СП во 2018 г. речиси сигурно ќе се одржи во Европа. „Англија не би имала никаков проблем со организација, бидејќи имаат најдобра организација на фудбалот. Практично има се и Англичаните не мораат никогода убедуваат во своите можности и способности“, рече Блатер по контролата на спортските капацитети и организациони комитети во државите кандидати. Покрај Русија и Англија, поединечни кандидатури за организацијата на Светското првенство во фудбал во 2018-та поднесоа и Австралија и САД, а заеднички Белгија и Холандија, како и Шпанија и Португалија. Сите кандидатури и на европските, но и на останатите држави важат и за двете Светски првенства.Според очекувањата, домаќинот за Светското првенство во 2018 г. треба да се бара меѓу европските кандидати, додека домаќинот за првенството во 2022 г. треба да го добие некоја држава од остатокот на светот.Организацијата на Светското првенство во 2022 г. би требало да и биде доверена на една од следните кандидати: Австралија, Јапонија, САД, Јужна Кореја или Катар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Барселона се распрашува за Лирој Сане

Објавено пред

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.

dobivaj vesti na viber

Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.

28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.

Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.

Прикажи повеќе...

Спорт

Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ

Објавено пред

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.

dobivaj vesti na viber

Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.

„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.

Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни

Објавено пред

Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.

dobivaj vesti na viber

Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.

Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.

Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.

Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.

Летниот преоден рок стартува на 1 јули.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија18 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион3 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет3 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија14 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија14 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија15 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија17 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија22 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија24 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија24 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...