Регион
ЕУ: Предвремените избори во Грција нема да влијаат врз програмата за помош

Висок преставник на Европската унија (ЕУ) во петокор рекол дека предвремените избори во Грција нема да влијаат брз програмата за помош која Унијата и ја одобри на Грција неколку часа пред оставката на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Запрашан дали изборите ќе ја промената бројката на договорена програма за помош, лидерот на европската работна група која ја подготвува одлуката за состанокот на министрите за финансии на еврозоната, Томас Висер за австриски ORF изјавил дека „ова било очекуван и за многумина посакуван потег за да се добие појасен став на грчката влада“.
Грчкиот премиер во четвртокот поднесе оставка, надевајќи дека на предвремените извори ќе ја зацврсти својата власт, по седуммесечниот мандат во кој се бореше со грчките кредитори за подобар договор за спасување на својата презадолжена земја, но на крајот мораше да попушти.
Ципрас му ја предаде својата оставка на грчкиопт претседател Прокопис Павлопулос и замоли да се одреди што поскор датум за одржување на нови избори.
Владини претставници изјавиле дека целта е да се изборите да се одржат на 20-ти септември, додека Ципрас настојува да ја сузбие побуната во својата левичарска партија СИРИЗА и да обезбеди поддршка од јавноста за третата програма за финансиска помош, која тој ја договори.
Грчките медиуми пренесуваат дека лидерот на главната опозициска партија, Вангелис Мермаракаис во петок ќе се состане со претседателот на земјата за да добие мандат за формирање на влада. Распоредот на силите во грчкиот парламент е таков што има мали изгледи за партијата Нова демократија да состави влада, што значи дека предвремените избори се логичен резултат од оставката на Ципрас./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.