Свет
Војната против тероризмот извор на корупција

Војната на САД против тероризмот во Ирак и Авганистан стана симбол на злоупотреба и корупција, ова го покажуваат резултатите од истражувањето на американскиот весник Times
Корупција најмногу има во снабдувањето на американските сили со храна и воена опрема, кога се склучуваат договорите, вредни повеќе милијарди долари, меѓу американски официјални лица и локални добавувачи, наведува весникот. во моментов за злоупотреби во Ирак се водат повеќе од сто истраги, додека најмалку десет американски воени интенданти се осудени поради примање на мито од локални компании, пренесува BBC.Times дека „Војната против теророт донела скромни подобрувања во службите и инфраструктурата за милиони Авганистанци и Ирачани, но и огромни богатства за оние кои знаеле да ја искористат новонастанатата ситуација“.Воената економија, како што наведува весникот, е последица на хаотичниот и некоординираниот прилив на десетици милијарди долари секоја година во Авганистан. Весникот како пример ја посочува изградбата на патиштата и објектите кои ги добиваат западните компании, тие го собираат профитот, а изведувачките работи им ги доверуваат на локални изведувачи. Работата на тој начин оди во недоглед, а резултат на сето тоа е инфраструктура која се распаѓа за неколку месеци, истакнува Times.Ваквата ситуација кулминира кога големите логистички конвои за снабдување на американските воени бази, кои ги организираат западните компании, за нивна реализација ангажираат локални агенции за обезбедување. Во најголем дел тие агенции им плаќаат на талибанците да не ги напаѓаат конвоите, што значи дека западните даночни обврзници индиректно ги финансираат талибанците, заклучува американскиот весник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.