Надворешна политика
Груевски се сретна со престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати
Македонскиот премиер Никола Груевски во вторникот во Абу Даби се сретна со престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати и врховен командант на вооружените сили, Шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан.
Соговорниците ги поздравија добрите политички односи кои што се воспоставени помеѓу двете земји и истакнаа заедничка заложба за продолжување на политичкиот дијалог на високо ниво.
Посебен акцент беше даден на интересот за продолжување на економската соработка, зголемување на надворешно трговската размена и соработката на полето на инвестициите.
Премиерот Груевски ги истакна реформите кои што ги презема нашата земја кои што водат кон креирање на добра бизнис клима и поддршка на бизнис секторот, се вели во соопштението на владината прес служба.
Од страна на премиерот Груевски била истакната и заложба за создавање на можности за соработка меѓу економските субјекти од двете земји.
Во рамките на презентацијата на потенцијалите и можностите кои се нудат, премиерот Груевски ги истакна поволностите кои Македонија ги овозможува на странските инвеститори, најниските трошоци за правење на бизнис во Европа, нискиот даночен пакет кој го нуди државата, договорите за слободна трговија кои што ги имаме склучено со сите земји од континентот Европа и погодностите кои ги нудат технолошко индустриските развојни зони, стои во соопштението.
Од страна на македонската делегација биле претставени поголем број на конкретни проекти кои што би можеле да бидат предмет на понатамошна заедничка соработка на Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати во областа на инфраструктурата, рударството, енергетиката, туризмот, и авио превозот.
Соговорниците се согласија дека во идниот период претставници од двете страни ќе продолжат со конкретно разгледување и детализирање на сите можности и опции за остварување на конкретна соработка. /крај/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.