Македонија
Милошоски очекува препорака од ЕК за почеток на преговорите

На 14 октомври годинава очекувам да ја слушнеме добрата вест – Македонија да добие препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави во Стокхолм министерот Антонио Милошоски
Денешниот состанок, како што посочи македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, е добра прилика за државите кандидати вклучително и за Македонија да ја искористат можноста да ги набројат реформите и достигнувањата што ги оствариле во изминатиот период.„Напомнав дека Македонија успешно ги исполнува зададените осум одредници и оти продолжуваме во однос на тој процес. Ја соопштив и најновата вест за постигнатиот поширок консензус во однос на важниот Закон за државни службеници и дека нашата намера е секогаш кога работиме на важни реформи да имаме што посирока поддршка кога е тоа можно“, рекол Милошоски по завршувањето на неформалниото состанок на на шефовите на дипломатиите на државите членки на Европската Унија.Шефот на македонската дипломатија, како што јави известувачот на МИА од Стокхолм, пред учесниците на состанокот посочи дека процесот на евроинтеграции во Република Македонија е поддржан од огромното мнозинство граѓани и дека политичките структури и владините институции се посветени на оваа работа како на врвен приоритет.„Очекувам тоа да биде препознено, а има позитивни сигнали и од земјите членки на ЕУ и од Европската комисија. Сметам дека тоа ќе доведе до добивање позитивен извештај на 14 октомври годинава“, истакнал Милошоски.На маргините на неформалниот собер, македонскиот министер за надвпрешни работи имаше средби со повеќе колеги од земјите членки на ЕУ.Средбата со новиот министер за надворешни работи на Белгија Ив Летерме, како што рекол Милошоски била во насока на запознавање. „Белгија е земја членка која следната година во второто полугодие ќе претседава со Унијата. Важно е да имаме добра можност за претставување на нашите достигнувања, бидејки Белгија е земја со голем кредибилитет и основач на ЕУ, и поради тоа важно е политичката комунуникација да биде на највисоко ниво“, смета Милошоски.Со министерот за надворешни работи на Литванија, Вигаудас Ушацкас, пак, биле договорени следни средби на кои, како што рече шефот на македонската дипломатија, би можело повеќе заеднички да се работи на развојот на билатералните врски.По завршувањето на состанокот министрите за надворешни работи на Македонија и на Естонија Антонио Милошоски и Урмас Пает потпишаа Протокол за соработка со што се заокружуваат добрите односи меѓу двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судир за српскиот капитал: ВЛЕН и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал и влијание во земјата.
Според соопштението на ВЛЕН, ДУИ одамна престанала да ги штити интересите на Албанците, откако, како што тврдат, дозволила влез на српски и црногорски компании во клучни економски сектори, вклучително и мобилната индустрија и казината.
„ДУИ го донесе ‘српскиот свет’ во срцето на земјата, го воведоа МТЕЛ, дозволија пенетрација на српските подземни структури и преку Бујар Османи работеа за Белград и против Косово“, се наведува во соопштението. ВЛЕН најавува дека ќе продолжи да ги брани евроатлантските вредности и националните интереси на Албанците.
ДУИ, пак, одговара дека ВЛЕН во изборната програма за 2024 година ветила основање на Албанска банка со доминантен албански капитал, како гаранција за економско зајакнување на Албанците и рамномерен регионален развој. ДУИ повторно нагласува дека државата не смее и не треба да дозволи банкарскиот сектор и стратешките институции да бидат преземени од дестабилизирачките интереси на Белград.
И двете партии со денови се обвинуваат една со друга за предавство на интересите на Албанците и за поддршка на т.н. „Српскиот свет“ во Македонија. Со оглед на предизборието, се очекува дека оваа тема ќе се најде во политичката дебата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Целосна реконструкција и модернизација на пругата од Скопје до Кичево

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги започна подготвителните активностите за целосна реконструкција на пругата, односно железничката линија од Скопје до Кичево, која е дел од Коридорот 8, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај целосната реконструкција на постојната пруга, која сега е во многу лоша состојба, додаваат од партијата, работните активности опфаќаат целосна модернизација и нејзина електрификација.
„Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5,3 милиони евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе избере консултант за изработка на студиите согласно највисоките европски стандарди.
По завршување и изработката на анализите, кои според највисоките европски стандарди траат 18 месеци, започнува втората фаза на изведување на работните активности на терен за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на пругата.
Оваа инвестиција во железничката инфраструктура, освен економски придобивки за бизнисот ќе значи и подобро и поефикасно поврзување помеѓу главниот град Скопје и општините Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево.
Овој проект уште еднаш ја потврдува посветеноста на Владата за унапредување на инфраструктурата и Македонија да ја направи центар на патни, енергетски и железнички коридори во регионот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред објектите на ловиштето кон ресторанот Козјак. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Анеглов, изјави дека пред неколку дена патот бил внимателно исчистен од вегетација со блудожер и сега претставува појас кој спречува ширење на огнот.
„Се води жестока битка со огнот, но надлежните служби не дозволија пожарот да се префрли на спротивната страна. Денес продолжува оперативната акција, со чистење на гребенот до езерото за да се стопира ширењето на огнот. Истовремено се дејствува и од воздух“, изјави Ангелов.
Како што додаде, покрај овој пожар, има уште неколку, но тие се безопасни во споредба со она што се случува во Јасен. Ангелов најави повеќе информации околу 13 часот.