Свет
Најмалку 15 загинати во напад во Сомалија

Најмалку 15 луѓе загинаа во минофрлачки напад во престолнината на Сомалија, Могадишу, соопшти портпаролот на сомалиската влада.
Најмалку 15 луѓе загинаа во минофрлачки напад во престолнината на Сомалија, Могадишу, соопшти портпаролот на сомалиската влада.Според портпаролот, бунтовниците сакале да го гранатираат пристаништето во Могадишу, но проектилите паднале врз станбениот дел од градот.Во експлозија на проектилот што паднал на куќата на поранешен офицер загинале најмалку 12 луѓе.Според информациите, во друга област загинале уште три лица.Сомалија е зафатена од насилство и безвластие откако во 1991 година беше симнат од власт диктаторот Мохамед Сиад Баре. Групите што го тргнаа од власт потоа се свртеа една против друга. Граѓанската војна во државата трае веќе 18 години./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Свет
Зеленски пристигна во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа, објави Скај њуз.
Го пречека Трамп, со кого позираше пред камерите.
Претходно, „Ројтерс“ објави дека Зеленски подготвува презентација за Доналд Трамп во која ќе објасни како Украина би ги користела крстосувачките ракети „Томахавк“ доколку САД одобрат нивна испорака.
Според агенцијата, Киев смета дека овие ракети со домет од над 1.600 километри би можеле да го променат текот на војната, овозможувајќи напади врз цели длабоко во Русија, вклучувајќи енергетски постројки и воени бази.