Црна хроника
Кривична за татко и син од Велешта за попречување полицаец во вршење службено дејство
Полициската станица Струга при СВР Охрид, поднесе кривична пријава против лицето Д.Б. роден 1962 г. од селото Велешта и неговиот син Е.Б. роден 1985 г., осомничени дека сториле кривично дело „попречување на службено лице во вршење службени дејствија“
Полициската станица Струга, кривична пријава поднесе и против лицето Ј.Н. роден 1983 г. од Струга поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело „предизвикување општа опасност“.Лицата се лишени од слобода и во текот на денешниот ден ќе бидат предадени во Основниот суд во Струга.Во саботата, околу 17.15 часот,на плажата „Блу скај“ во Струга, пријавениот Ј.Н. управувајќи „скутер“ удрил во лицето М.Р. родена 1995 г. која пливала во езерото по што го напуштил местото. Таа е пренесена во Медицинскиот центар во Струга каде се констатирани лесни телесни повреди во пределот на главата.Непосредно по незгодата, полициски службеник вработен во МВР, легитимирајки се, се обидел да го задржи возачот на скутерот но при преземање на службените дејствија бил спречен од Д.Б. и неговиот син Е.Б. кој, при расправијата со полицискиот службеник извадил нож. По преземените оперативни мерки, полициските службеници го пронајдоа возачот на скутерот кој со помош на Д.Б. и Е.Д. брзо ја напуштил плажата „Блу скај“.Како што се дознава станува збор за Дилавер Бојку, човекот кој беше затворан и гонет за подведување и овозможување занимавање со проституција во неговите локали во струшкото село. Тој избега пред неколку години, но беше уапсен во Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

